Усик ќе заработи 114 милиони долари за реванш со Фјури - Канал 5

Усик ќе заработи 114 милиони долари за реванш со Фјури

Објавени се хонорарите за втората борба меѓу Олександр Усик носителот на титулата во тешка категорија на верзиите ВБА, ВБО, ВБЦ и ИБО, и поранешниот шампион Тајсон Фјури.

Усик ќе заработи 114 милиони долари за реванш со Фјури

Според „The ​​Sportster“, вкупната сума за реваншот ќе биде 190 милиони долари. Сумата ќе биде распределена во сооднос од 60% до 40% во корист на Усик. Така, Украинец може да смета на 114 милиони долари, Британецот на 76 долари.

Реваншот на Фјури против Усик ќе се одржи ноќта меѓу 21 и 22 декември 2024 година во Ријад (Саудиска Арабија).

Првата борба се одржа во мај, украинскиот боксер победи со поделена одлука на судиите.

МАКП одржа дебата помеѓу корпоративни правници и адвокати на Правен факултет „Јустинијан Први“

По дуелот за студентите беше изготвен квиз за проверка на наученото и беа доделени неколку награди.

МАКП одржа дебата помеѓу корпоративни правници и адвокати на Правен факултет „Јустинијан Први“

Кој сака да биде адвокат, а кој се гледа во иднина како корпоративен правник? Кои се предизвиците, а кои слабостите? Кои се стереотипите за корпоративните правници во компаниите и како да се унапреди нивната позиција и неприкосновеност. Колку е голема улогата на корпоративните правници во компаниите? Ова беа некои од темите на дуелот помеѓу претставници на корпоративните правници и на адвокатите кој се одржа вчера на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

Преку овој дуел се одбележа почетокот на соработката меѓу Македонската Асоцијација на корпоративните правници и Правниот факултет „Јустинијан Први“.

-Една од целите кои Македонската Асоцијација на корпоративни правници си ги постави при основањето беше едукацијата и помагањето на младите во нивната професионална ориентација, па во таа насока го организиравме и овој настан, со малку поинаков концепт, по кој ќе следуваат и други интересни активности. Големиот интерес за денешниот настан, за нас е знак дека сме на добар пат. Остануваме посветени кон натамошна промоција и унапредување на статусот на компаниските правници во системот, според најдобрите пракси на развиените општества, изјави Иван Петрушевски, претседател на МАКП.

По дуелот за студентите беше изготвен квиз за проверка на наученото и беа доделени неколку награди.

Хуманитарен концерт на Роман Симовиќ и Институтот „ФЕЈМС“ за настраданите во Кочани

 Во Филхармонија вечер ќе се одржи хуманитарен концерт во чест на жртвите од трагедијата во Кочани.

Хуманитарен концерт на Роман Симовиќ и Институтот „ФЕЈМС“ за настраданите во Кочани

Концертот е во организација на Институтот „ФЕЈМС“, а ќе настапи виолинистот Роман Симовиќ, концертмајстор на Лондонскиот симфониски оркестар.

Средствата од продадените билети ќе бидат донирани за фондот за поддршка на семејствата на жртвите и повредените во трагичниот пожар во ноќен клуб во Кочани, каде животите ги загубија над 60 лица, а повеќе беа повредени.

- Во моменти кога зборовите не се доволни, музиката може да биде најчистата форма на утеха и солидарност. Овој концерт е наш начин, преку уметноста, да им дадеме поддршка на семејствата погодени од оваа незамислива трагедија. Исклучително сме благодарни на Роман Симовиќ што ја прифати поканата да настапи и ја стави својата уметност во служба на хуманоста, изјавија од „ФЕЈМС“.

На концертот, публиката ќе има можност да ужива во изведба на дела од Бетовен – Концерт за виолина и Симфонија бр. 7, под палката на маестро Симовиќ и оркестарот на „ФЕЈМС“, институтот составен од млади, исклучителни музичари од различни европски земји.

Концертот се организира во соработка со Црвениот крст на Македонија. На самиот концерт ќе бидат поставени и пунктови за дополнителна доброволна донација.

Роман Симовиќ е еден од најценетите виолинисти на нашето време, со богата солистичка и оркестарска кариера. Тој е концертмајстор на Лондонскиот симфониски оркестар и настапувал на некои од најпрестижните сцени во светот како Barbican, Carnegie Hall, Rudolfinum и Salle Pleyel. Добитник е на бројни меѓународни награди (вкл. Wieniawski и Sion-Valais), и има настапувано под диригентство на имиња како Валери Гергиев, Антонио Папано и други. Симовиќ свири на автентична виолина Страдивариус од 1709 година, позајмена од познатиот колекционер Џонатан Моулдс.

Божиновска од Атина: Балканот мора да гради заедничка енергетска иднина

Божиновска беше дел од отворањето на самитот и министерскиот панел посветен на зајакнување на стратешката енергетска соработка на Балканот, заедно со министри и регулатори од целиот регион.

Божиновска од Атина: Балканот мора да гради заедничка енергетска иднина

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес учествуваше на 9. Балкански Енергетски Самит што се одржува во Атина, под покровителство на Министерството за животна средина и енергија на Грција, Министерството за енергетика на Унгарија и Регулаторната комисија за енергетика на Македонија.

Божиновска беше дел од отворањето на самитот и министерскиот панел посветен на зајакнување на стратешката енергетска соработка на Балканот, заедно со министри и регулатори од целиот регион. Во фокусот на дискусијата беа регионалната енергетска безбедност, забрзаната транзиција кон чисти извори на енергија и заедничкиот одговор на глобалните предизвици.

„Регионалната соработка за нас не е избор, туку стратешка нужност. Денес, повеќе од кога било, Балканот треба да биде обединет во обезбедувањето сигурна, одржлива и зелена енергетска иднина“, порача министерката Божиновска.

Таа нагласи дека Северна Македонија, иако мала по големина, е посветен и активен играч на регионалната енергетска сцена, преземајќи конкретни чекори кон либерализација на пазарот на електрична енергија, масовни инвестиции во обновливи извори и модернизација на енергетската инфраструктура.

„Веќе инвестираме во нови фотоволтаични електрани, го прошируваме ветерниот парк Богданци и ја градиме енергетската мрежа на иднината – со паметни технологии, подобрена ефикасност и поврзување со соседните земји. Само така можеме да создадеме вистински функционален регионален пазар“, истакна Божиновска.

Министерката посочи дека клучот за енергетска безбедност е комбинација од државни инвестиции во базични капацитети и активно вклучување на приватниот сектор. Според неа, Македонија веќе бележи голем интерес од приватни инвеститори за изградба на ветерни и соларни капацитети, со вкупно поднесени барања за приклучување од 9.500 MW.

„Нашата стратегија е јасна: државата обезбедува сигурност, приватниот сектор носи иновации и дополнителна сила за зелената транзиција“, додаде Божиновска.

Во своето обраќање, министерката го најави и новиот Закон за енергетика, кој е во парламентарна процедура, а кој треба да создаде уште посилна основа за инвестиции во обновливи извори и модернизација на енергетскиот сектор.

Божиновска упати јасна порака дека енергијата денес е многу повеќе од ресурс – таа е темел за економски раст, енергетска независност и отпорност на глобалните предизвици.

„Енергијата е основата на иднината што сакаме да ја изградиме. Отворени сме за нови партнерства, за споделување знаење и заедничко креирање на регион кој ќе биде пример за Европа“, заклучи министерката Божиновска.

Балканскиот Енергетски Самит годинава обединува над 40 говорници, меѓу кои министри, регулатори и водечки енергетски компании, и се наметнува како клучна платформа за отворање на нови стратешки партнерства и инвестиции во енергетскиот сектор на Балканот.

Со почит,

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини

притисни ентер