Јанчев: Нашата програма е остварена речиси 90 проценти, а Кавадарци се развива со нови милионски инвестиции
2Јанчев: Нашата програма е остварена речиси 90 проценти, а Кавадарци се развива со нови милионски инвестиции
3Ѓорѓиевски: По 30 години чекање - за само пет месеци работа, булеварот „Борис Трајковски“ е пред завршување
Други спортовиУсик и во реваншот го совлада ФјуриУкраинецот Олександр Усик ги одбрани титулите светски првак во тешка категорија во верзиите WBA, WBO и IBO со едногласна победа над Британецот Тајсон Фјури во реваншот одржан синоќа во Ријад.По оваа борба, Усик остана непоразен во 23 професионални борби, од кои 14 победи со нокаут, додека Фјури има 34 победи, а единствените два порази ги претрпе од украинскиот боксер. Триесет и седумгодишниот Украинец синоќа славеше со 116:112 во бодувањето на тројцата судии. „Фјури е исклучителен боксер, зад нас остана голема борба. Но, јас сум исклучително среќен, зад мене имам серија исклучителни борби и одлична кариера“, изјави Усик. Фјури по мечот инсистираше дека Усик добил предвремен божиќен подарок и ја оспори едногласната победа на Украинецот во поени. „Почувствував малку божиќен дух и мислам дека доби мал подарок од судиите. Ран божиќен подарок“, рече Фјури, кој ја загуби првата борба од Украинецот со поделена одлука на судиите во мај. „Бев убеден дека ја добив таа борба. Мислам дека ги добив двете борби, но дома си одам со два порази. Секогаш ќе верувам до денот кога ќе умрам дека ја добив таа борба“, додаде Британецот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоСончево за време на викендот со температури од 0 до 20 степени Утре времето ќе биде сончево со умерена локална облачност, соопштуваат од УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 4 Попова Шапка, 8 Крушево, 11 Берово, 12 Прилеп, 14 Претор, Крива Паланка, 15 Битола, Охрид, Тетово, Штип, 16 Зајчев Рид, Виница, Велес, Скопје Петровец, 17 Кавадарци, 18 Демир Капија, Струмица, Гевгелија. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа во (l/m2) 1 Штип. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше променливо облачно, наместа со повремени локални врнежи од дожд. Дуваше слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Во вечерните часови ќе има услови за повремени локални врнежи од дожд. ВРЕМЕТО УТРЕ Сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 18 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Следува период на стабилно и релативно топло време со променлива облачност во текот на денот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Нашата програма е остварена речиси 90 проценти, а Кавадарци се развива со нови милионски инвестиции„Нашата програма е остварена речиси 90 проценти, а Кавадарци се развива со нови милионски инвестиции“ .„Нашата програма е остварена речиси 90 проценти, а Кавадарци се развива со нови милионски инвестиции“ — вака градоначалникот Митко Јанчев му одговори на советникот Круме Богевски од Левица, на обвинувањата на последната седница, за слаба буџетска реализација. Најавени се нови трговски објекти и фабрички капацитети, како и проширување на Генералниот урбанистички план, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: По 30 години чекање - за само пет месеци работа, булеварот „Борис Трајковски“ е пред завршувањеГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска направи увид во градежните активности за изградба на булеварот Борис Трајковски.Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска направи увид во градежните активности за изградба на булеварот Борис Трајковски и истакна дека дека до крајот на годината, скопјани по 30 години чекање ќе добијат целосно завршен, модерен и безбеден булевар. - За рекордно време, пред предвидениот рок, ставаме крај на децениската сообраќајна голгота на една од најважните скопски артерии. Дадов збор дека нема да дозволам мојот народ повеќе да живее со лажни ветувања. Денес, делата говорат. Повеќе од 100.000 граѓани ќе добијат нов, модерен и безбеден булевар за полесно секојдневие, помалку метеж и повеќе време со своите семејства. Даден збор. Исполнето ветување – изјави Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook