Уште тројца ранети од трагичниот пожар во Кочани ќе продолжат да се лекуваат во Турција - Канал 5

Уште тројца ранети од трагичниот пожар во Кочани ќе продолжат да се лекуваат во Турција

Турција продолжува да ја поддржува Македонија со цел на зараснување на раните по трагичниот пожар кој на 16 март 2025 се случи во Кочани. 

Уште тројца ранети од трагичниот пожар во Кочани ќе продолжат да се лекуваат во Турција

Откако дента на 16 март деветмина ранети кои беа во тешка состојба беа испратени во Турција за лекување, по барање на надлежните власти на Македонија денес (20 март 2025) уште тројца млади македонци кои беа меѓу ранетите во трагичниот настан во Кочани со авион се пренесоа во болницата Чам и Сакура во Истанбул, Турција. Амбасадорот на Република Турција во Скопје Фатих Улусој ги придружи ранетите на Меѓунариодниот Аеродром при нивното заминување од Скопје.

Актуелно во Турција се лекуваат вкупно 12 повредени, од кои шестмина се во болницата Чам и Сакура во Истанбул, додека другите шестмина во болницата Билкент Шехир во Анкара.

И заменик министерот за надворешни работи и главниот преговарач со ЕУ Мехмет Кемал Бозај изрази сочуство до целиот народ на Македонија за изгубените животи во трагичниот настан во Кочани. Заменик министерот Бозај во интервју за емисијата “Across the Ballkans” емитувана во TRT World се осврна на трагичниот настан кој ја трогна Македонија и изрази сочуство. Бозај воедно при споменатото интервју даде осврт и за ставот на Турција во врска со случувањата во Босна и Херцеговина и контактите на турската страна во насока на постигнување решение преку дипломатски заложби.

„Како земји од регионот континуирано се помагаме меѓусебно. Како што се сеќавате, Македонија по разорниот земјотрес кој ја погоди нашата земја во 2023 година испрати тимови за спасување. Така и ние веднаш по овој трагичен настан испративме авиони и 9 државјани на Македонија ги пренесовме во Турција за лекување. Во оваа прилика уште еднаш изразувам длабоко сочуство до целиот народ на Македонија и им посакувам брзо заздравување на ранетите“ – рече Бозај.

Серена Вилијамс: Доколку јас бев на местото на Синер ќе ме казнеа 20 години

„Го сакам тој човек, ја сакам оваа игра“, изјави за магазинот Тајм легендарната Вилијамс.

Серена Вилијамс: Доколку јас бев на местото на Синер ќе ме казнеа 20 години

Легендарната американска тенисерка Серена Вилијамс рече дека сигурно би добила 20 годишна суспензија и одземање на сите освоени грен слем титули доколку би била позитивна на допинг тест како во случајот со светскиот рекет број еден Јаник Синер минатата година.

Синер прифати тримесечна забрана во февруари по договорот со Светската антидопинг агенција, која ја оспори одлуката на независен суд да го ослободи од вината по двата позитивни теста за анаболниот агенс клостебол.

„Го сакам тој човек, ја сакам оваа игра“, изјави за магазинот Тајм легендарната Вилијамс, која се пензионираше во 2022 година откако освои 23 грен слем трофеи.

„Синер е одличен за овој спорт, потребен му е на машкиот тенис. Но, да го направев тоа јас, ќе добиев 20-годишна казна“, додаде таа.

Синер, чија забрана истекува на 4 мај, отсекогаш тврди дека е виновен, иако неговиот случај иницира прашања за тоа дали добил повластен третман од спортските федерации./МИА

Медиуми: Анчелоти го напушта Реал, ќе биде селектор на Бразил

 Се очекува тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти да ја напушти клупата на шпанскиот гигант по финалето на Купот на кралот, што ќе се одигра на 26 април против Барселона во Севиља, дознава „Скај Спорт“.

Медиуми: Анчелоти го напушта Реал, ќе биде селектор на Бразил

Анчелоти дополнително ги подгреа сомнежите околу неговата иднина во Реал вчерашната елиминација од Арсенал во четвртфиналето во Лигата на шампиони.

Според „Скај Спорт“, 65-годишниот италијански стратег ќе остане на клупата на Реал до финалето на домашниот Куп, но се очекува потоа да го напушти клубот.

Анчелоти сè почесто се споменува и како најсериозен кандидат за нов селектор на Бразил, а оваа вест би можела и официјално да биде потврдена пред крајот на сезоната.

Фото: ЕПА

Нетанјаху: Израел нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје, прецизирајќи дека извршил безброј „отворени и прикриени“ акции кои ја уназадиле иранската нуклеарна програма за „речиси една деценија“.

Нетанјаху: Израел нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје

Ова е прва изјава на Нетанјаху за Иран откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги почна преговорите со Техеран во обид да склучи нов ирански нуклеарен договор.

- Како што многупати изјави премиерот – Израел нема да дозволи Иран да се здобие со нуклеарно оружје, се вели во соопштението од кабинетот на Нетанјаху.

- Премиерот предводеше безброј акции, отворени и прикриени, во борбата против иранската нуклеарна програма, без која Иран денес би имал нуклеарен арсенал. Тие акции ја вратија иранската нуклеарна програма речиси една деценија назад, се додава во соопштението.

Западните земји, предводени од САД, се сомневаат дека Иран сака да се здобие со нуклеарно оружје. Техеран ги отфрла тие обвинувања и го брани правото на нуклеарна енергија за цивилни цели, особено за енергија.

Иран и САД, кои немаат дипломатски односи од 1980 година, минатата сабота ги одржаа првите разговори, со посредство на властите во Оман, за иранската нуклеарна програма.

Втората средба на официјалните претставници на двете земји е закажана за в сабота во Рим./МИА

притисни ентер