Уште тројца го поддржаа предлогот за импичмент на претседателот на Претставничкиот дом на САД

Неколку републиканци во Претставничкиот дом на САД изјавија дека ќе го поддржат предлогот за смена на нивниот сопартиец Кевин Мекарти од функцијата претседател на Домот, претходно претставен од конгресменот Мет Гејц.

Тројца членови на Претставничкиот дом, Енди Бигс и Ели Крејн, двајцата републиканци од Аризона и Боб Гуд, републиканец од Вирџинија, вчера ја објавиле својата поддршка за иницијативата на Гејтс. Републиканецот Тим ​​Буршет, исто така, се стреми кон поддршка на петицијата за смена на Мекарти.

Многу од 20-те конгресмени кои не го поддржаа Мекарти на маратонските избори во јануари за претседател на Претставничкиот дом сè уште не ги објавија своите позиции.

Иницијативата за смена на претседателот на Претставничкиот дом на САД ја покрена Мет Гејц, републиканец од тоа тело.

-Имам доволно републиканци, за следната недела да се случат една или две работи: Кевин МекКарти или повеќе нема да биде претседател на Претставничкиот дом, или ќе биде претседател на тој дом кој работи во интерес на демократите. Секој резултат ми одговара, бидејќи американскиот народ има право да знае кој е на власт“, ​​изјави синоќа Гејц по поднесувањето на барањето за разрешување на Мекарти.

Мекарти му одговори неколку минути подоцна, на социјалните мрежи, со кратка порака: „Повелете“.

Гејц, десничарски републиканец од Флорида и жесток критичар на Мекарти, со месеци го најавуваше потегот, а заканите се интензивираа откако Мекарти овој викенд, поддржан од демократите, го освои потребниот број гласови за да избегне затворање на американската влада.

Гејц го обвини Мекарти дека договарал со Белата куќа за да се донесе закон со кој ќе и се обезбеди финансиска помош на Украина во војната против Русија.

Барањата за смена на претседателот на Претставничкиот дом не се вообичаени и вклучуваат строга процедура, која е покрената против републиканските претседатели на тоа тело само двапати во изминатиот век. /МИА

Дивата од модните писти слави 58 роденден: Се трудам да бидам добра

Познатата манекенка Синди Крафорд го прслави својот 58 роденден.

- Благодарна за уште еден сет роденденски свеќички - порача таа на Инстаграм.

Жената која упадна на модните писти во деведесеттите продолжува да плени со својата природна убавина. Длабоко во шестата деценија од животот без никаква пластика на себе, таа сè уште се колне во убавина.

Покрај редовните вежби, врвниот изглед го постигнува и со посебен режим на исхрана.

Избира здрава храна и признава дека се труди „80 проценти од времето да биде 80 отсто добра“.

Денот започнува со смути направено од кокосово млеко, третина од замрзната банана, шолја свеж спанаќ, 10 листови нане, една лажичка протеини и малку зрна какао. За ручек најчесто јаде салата со пилешко, а за вечера подготвува ќофтиња од мисирка со салата и зеленчук.

Извор: Аваз

Милитао би можел да се врати на фудбалските терени во март

Одбранбениот фудбалер на Реал Мадрид, Едер Милитао е блиску до враќање во тимот.

Како што пренесе „Relevo“ Бразилецот ќе има време да закрепне навреме за четвртфиналето на Лигата на шампионите доколку мадридскиот клуб стигне до оваа фаза.

Четвртфиналето во елитното фудбалско натпреварување ќе се одржи во средината на март.

Во август 2023 година, во 1. коло од Ла Лига против Атлетик (2:0), Милитао ги скина вкрстените лигаменти на коленото.

За тренерот на Реал Мадрид со евентуалното враќање на Милитао ќе биде големо олеснување пред завршниот дел од сезоната. /МИА

Паолини го освои трофејот во Дубаи

Италијанската тенисерка Јасмине Паолини е победничка на ВТА 1000 турнирот во Дубаи, ОАЕ.

Паолини во денешното финале беше поуспешна од Русинка Ана Калинскаја во три сета. Мечот траеше 2 часа и 16 минути и заврши со резултат 4:6, 7:5, 7:5 во корист на италијанската претставничка.

Дваесет и петгодишната Русинка двапати сервираше ас, направи четири двојни грешки и реализираше шест брејк топки од осум шанси. Паолини немаше ниту еден ас, направи една двојна грешка и седум брејк топки реализира од девет можности.

Паолини го освои својот втор ВТА трофеј во сингл. Пред тоа таа стана победничка и на три турнири во двојки.

Од друга страна, Калинскаја не успеа да ја освои својата прва ВТА титула во сингл. Сепак, за време на турнирот во Дубаи, Русинката победи три претставнички на Топ 10 – Ига Швјонтек (1), Елена Остапенко (9) и Коко Гоф (3). /МИА

притисни ентер