Уште три дена изборна кампања – се вжештува реториката меѓу Мицкоски и Филипче - Канал 5

Уште три дена изборна кампања – се вжештува реториката меѓу Мицкоски и Филипче

На неколку денови пред крајот на кампањата за првиот круг од локалните партиските лидери продолжуваат со меѓусебни обвинувања. Филипче ја обвинува власта за катастрофални економски политики. 

Уште три дена изборна кампања – се вжештува реториката меѓу Мицкоски и Филипче

Вели дека за само 14 месеци ја напаравиле Македонија најзадолжена држава на Балканот, со историски најниска реализација на капитални инвестиции. Спроед Филипче економските параметри покажуваат дека до крајот на годинава државата ќе се соочи со огромна буџетска дупка од 1,4 милијарди евра, која тврди дека ќе треба да се покрива или со нови задолжувања или со кратенње на важни јавни услуги за граѓаните.

„Како Владата планира да ја покрие буџетската дупка од 1,4 милијарди евра до крајот на годината? Каде се капиталните проекти што беа најавувани? Каде е стратегијата за наплата на приходите, за стабилност, за инвестиции? Ако не постои јасна стратегија, ако реалноста се прикрива со лажни индикатори, тоа јасно укажува дека на среден и долг рок оваа власт ќе го столчи и стандардот и економскиот развој“– Венко Филипче, Претседател на СДСМ.

Запрашан за објавената фотографија во јавноста на која поранешниот лидер на партијата Бранко Црвенковски е во друштво на членови од ВМРО-ДПМНЕ актуелниот градоначалник на Охрид Пецаков и пратеникот Сашо Донев, Филипче одговори со цитат токму од Црвенковски.

„Во однос на фотографијата која вчера излезе по социјалните мрежи со Бранко Црвенковски. Јас можам само да го цитирам поранешниот претседател со неговата позната изјава „Или си СДСМ или не си“.– Венко Филипче, Претседател на СДСМ.

Додека Филипче се дистанцира од Црвенковски, Мицккоски пак од митинзите го обвинува за бинис спреги и поврзаност со поранешниот лидер на социјалдемократите Зоран Заев. Вели дека и двајацта биле зафатени од ист вирус на лажно удирање во градите додека ги распродавале интересите на државата. А лекот, како што проача бил народот кој ќе им се случел в недела.

„Како човекот да е нов и како прв пат да се занимава со политика, а заборава дека беше главна перјаница заедно со неговиот ментор и гуру, Зоран Заев во претходните влади на СДСМ кога се ограбуваше и уништуваше Македонија. Не сфаќам како може човек без образ да зборува и да се прави дека е некој друг. Тоа во медицината го викаат патологија. Патологија својствена за еден човек што ставаше рака на срце кога се колнеше во македонската жица. Но, очигледно, тоа било заразно, па тој вирус денес го има фатено и овој нов претседател на СДСМ, Венко Филипче. И што е најинтересно, понекогаш и самиот верува во тоа што го зборува. А кога не верува тој, верува тогаш оној што му дава насоки и му го пишува говорот “– Христијан Мицкоски, преседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер .

Партиските карвани на партиите продолжуваат и денеска. ВМРО-ДПМНЕ и колицијата вечерва се помеѓу граѓаните на Берово и Делчево, а СДСМ и колацијата во Маврово и Гостивар.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија - повторно зборува за „талог“!

Христијан Мицкоски го искористи и најголемиот државен празник Илинден за да ја продолжи поделбата на народот.

СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија - повторно зборува за  „талог“!

Во својот говор повика на борба против „омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија“.

Кој е тој „талог“ според Мицкоски?

Сите што не мислат како него! Сите што ја разобличуваат неговата политика. Сите што бараат Европа, правда и одговорност.

Истиот човек кој со години ги нарекува граѓаните „талог на општеството“, „мочуриште“, „медиокритети“ и „лешинари“, сега од говорница на Илинден повторно го употребува истиот речник.

На денот кога треба да се слави државноста и единството, Мицкоски повторно сее поделба.

На денот кога треба да се зборува за иднината, тој повторно напаѓа и навредува.

Во исто време, додека зборува против „талогот“, неговата Влада ги пречекува функционерите на Вучиќ – претставници на политиката од деведесеттите, на војните и на заговарањето на етничко чистење.

Луѓе што отворено зборуваат за етничко чистење и што доаѓаат како емисари на „српскиот свет“.

Ова не е патриотизам.

Ова е политичка омраза облечена во празничен говор.

Мицкоски не може да биде премиер на сите граѓани додека го третира народот како „талог“.

Додека тој дели и навредува, Македонија стои во место без реформи, без кластери, со изолација и со граѓани што стојат со часови на границите.

Илинден беше борба за слобода. Мицкоски го претвори во борба против сопствениот народ.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот на СДС денес може да го најдете на јахти во Грчка, на приватни забави во Дубаи или некаде низ Европа на продолжен викенд

СДС се препозна и се самопрогласи за талог, па на што се должи тој талог. 

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот на СДС денес може да го најдете на јахти во Грчка, на приватни забави во Дубаи или некаде низ Европа на продолжен викенд

Талогот се должи на тоа што 7 години не направија ништо, 7 години работеа само за себе, 7 години ги ингорираа проблемите на граѓаните кои му ја дадоа довербата.

Денес талогот на СДС ќе го најдете на јахти во Грција, во Дубаи на приватни елитни забави, некаде низ Европа на продолжени викенди оти тие не се однесуваат, ниту па се чувствуваат како опозиција оти не се присутни во реалноста во која се опозиција, па се разголија сега и кажаа дека се себедефинираат како талог, а талогот секогаш паѓа на дно.

Ги направија сите национални предавства, а јасно зборуваат и сега дека веднаш би направиле нова отстапка и ново национално предавство, ако цената е права. Затоа зависат од секого и се лојални на секого, само не на сопствениот народ.

И јасно е одамна дека СДС е партија која делува спротивно на националните интереси и е лојална на надворешни влијанија, и затоа се самодефинираат и пронаоѓаат како талог.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фестивалот „Охридско лето“ денеска одбележува 66 години од постоењето

Денеска ќе биде одбележан 66.роденден на фестивалот „Охридско  лето“.

Фестивалот „Охридско лето“ денеска одбележува 66 години од постоењето

Со промоција на монографијата „Ана Липша-Тофовиќ” од авторите Снежана Анастасова Чадиковска и Александар Трајковски и концерт на израелскиот машки сопран/контратенор Мајан Лихт и полскиот пијанист Пшемен Виницки, денеска ќе биде одбележан 66.роденден на фестивалот „Охридско лето“.

Монографијата ќе биде промовирана во 19 часот во црквата „Света Софија“ каде што токму на овој ден, 4 август, оперската примадона Ана Липша Тофовиќ со нејзиниот солистички рецитал го означи почетокот на фестивалот „Охридско лето“. Инаку, монографијата е посветена на јубилејот – 100 години од нејзиното раѓањето (1926-2012).

Авторите на монографијата м-р Снежана Анастасова Чадиковска и д-р Александар Трајковски се истакнати музички педагози и публицисти, добитници на повеќе награди од областа на културата, публицистиката и педагогијата, со свој значаен влог во полето на македонското музичко книгоиздателство. Од нивната повеќегодишна соработка, досега се произлезени книгите „Зина Креља, сопран, првенка на Операта при МНТ“ (2018) и „Милка Ефтимова – Моето богатство“ (2020).

Роденденскиот концерт на Мајан Лихт и пијанистот Виницки ќе се одржи во „Света Софија“ од 21 часот.

Добитникот на наградата „Најдобар дебитант“ на Оперските награди во Брисел во 2025 година, Мајан Лихт, се смета за еден од највозбудливите вокални уметници на денешницата. Нарекуван „модерен Фаринели“, Лихт ја освојува светската сцена изведувајќи улоги кои ретко кој може да ги пее комбинирајќи вокална виртуозност со емотивна длабочина. Покрај неговата кариера, тој е интернет-феномен со стотици илјади следбеници на социјалните мрежи и милионски број прегледи на неговите видеа онлајн, со тоа тој директно придонесува кон доближување на оперската уметност кон новата публика насекаде низ светот.

Оваа сезона, Мајан Лихт ќе дебитира во Холандската национална опера во Амстердам во улогата на Ра во премиерата на „Реквием за Мариза“ од Мерич Артач, ќе ја толкува главната улога во операта „Александар во Индија“ во Театер ан дер Виен, а ќе настапи како Нероне во „Крунисувањето на Попеја“ во Театарот „Понкиели“, како дел од фестивалот посветен на Монтеверди.

Пшемек Виницки е полски пијанист, добитник на бројни награди на меѓународни натпревари во Полска и низ светот. Во 2022 година дебитира во Берлинската филхармонија изведувајќи го „Варшавскиот“ концерт од Ричард Адинсел.

Во 2022 година дипломира на Кралскиот колеџ за музика во Лондон. Добитник е на прва награда на натпреварот ЕПТА во Србија во 2021 година и на втора награда на Меѓународниот натпревар во Исхија во Италија во 2015 година. Се закитува со Гран при на Меѓународниот натпревар на наставници по музика во Варшава во 2013 година, прва награда на натпреварот „Шопен-Рим“ (2011), а истата година е финалист на натпреварите „Моњушко“ во Минск и на натпреварот „Јамаха“ во Полска.

Како солист настапува со повеќе оркестри вклучително Националниот оркестар на Белорусија и оркестарот на Летната академија во Рајхенау (Австрија), како и со филхармониските оркестри во Краков, Жешув и Лоѓ. Има снимено ЦД со клавирски концерт на Моцарт и соработува со РМФ Класик, од 2014 година е добитник на стипендија на Фондацијата „КЛЕР“. Редовно настапува низ Европа и низ светот, со концерти во САД, Франција, Шведска, Шпанија, Германија, Белорусија, Австрија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер