Видео: Аргентинците донесоа 500 кг. месо на Светското првенство, Лаутаро и Мартинез главни „скараџии“
1Видео: Аргентинците донесоа 500 кг. месо на Светското првенство, Лаутаро и Мартинез главни „скараџии“
МакедонијаУште не влезен во собраниска процедура, Изборниот законик се соочува со блокадаИзборниот законик се соочува со нова блокада - уште пред да стигнат во Собрание предлог-измените кои во работна група се подготвуваа неколку месеци, опозициската СДСМ најави блокада. Лидерот на партијата Венко Филипче на прес конференција кажа дека имаат три сериозни забелешки на измените кои според него би донеле ризик од изборни манипулации. Вели дека се предлага електронско гласање на дијапората без сигурна проверка на идентитетот на гласачот, да се гласа и со поинакво заокружување од досегашното, а се планирало и да се ограничи кои приговори на гласачите ќе се преиспитуваат. Филипче тврди дека неговата партија нема никаква забелешка околу финансирањето на партиите, парите кои ги делат власта и опозицијата да се намалат во корист на помалите партии. Сепак, ова прашање е едно од тие кои ги спори Левица, од каде велат дека се дискриминирани и иако учествуваа во работната група, не се согласиле за пет сегменти. Од друга страна, Антонио Милошоски кој беше дел од преговорите, објави дека за изборното рекламирање токму Левица и ДУИ дале предлог кој бил прифатен од другите партии – 42 проценти за двете најголеми партии од власта, исто толку за двете најголеми партии од опозицијатам 8 проценти за тие кои имаат пратенички групи а не се меѓу најголемите, 5 проценти за тие кои немаат пратенички групи и 3 отсто за вонпарламентарните. Милошоски тврди дека иако се согласиле на ова, членовите од Левица одбиле да се приклучат на предлагачите и во јавност глумеле жртви. Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаССК го одржа годишното собраниеСојузот на стопански комори попладнево го одржа годишното собрание на кое беа сумирани активностите и резултатите од работењето во изминатиот период.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканОд март се враќа задолжителниот воен рок во Србија, најави ВучиќПретседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека во март следната година повторно ќе се воведе задолжителниот воен рок.Претходно, актуелната власт најави враќање на задолжителното служење на воениот рок во Србија во траење од 75 дена за мажи до 30 години. Армијата на Србија, со одлука на претходните власти, официјално стана професионална војска на 1 јануари 2011 година, кога стапи на сила собраниската одлука за укинување на обврската за служење воен рок. Редовното служење на воената обврска тогаш беше заменето со доброволно служење, а војската почна да се пополнува со професионални војници и офицери.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСАД и Иран се договориле да го прекинат последниот бран судири и да се вратат на преговарачка масаИран и Соединетите американски држави постигнале договор за прекин на последниот бран меѓусебни судири во Персискиот заливИран и Соединетите американски држави постигнале договор за прекин на последниот бран меѓусебни судири во Персискиот залив и да ги продолжат разговорите согласно меморандумот за разбирање што неодамна го потпишаа двете страни, потврдил американски функционер за неколку светски медиуми. Веста за постигната согласност за прекин на непријателствата, како што наведуваат медиумите, ги зголемува надежите дека привремениот мировен договор меѓу Вашингтон и Техеран може да опстане и покрај меѓусебните вооружени судири во последните денови. Американскиот новински портал „Аксиос“, повикувајќи се на неименуван висок американски функционер, објави дека разговорите меѓу претставиците на Вашингтон и Техеран треба да продолжат утре, во главниот град на Катар, Доха. Засега не е познат ставот на Техеран во врска со наводите кои доаѓаат од страна на извори од американската администрација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook