Уште месец и пол целосното да се заврши обвинението за трагедијата во Кочани - Канал 5

Уште месец и пол целосното да се заврши обвинението за трагедијата во Кочани

Во рамки на законскиот рок од 90 дена обвинителството планира да ја заврши истрагата за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани во кој загинаа 62 лица. 

Уште месец и пол целосното да се заврши обвинението за трагедијата во Кочани

Државниот обвинител Љупчо Коцевски во интервју за Алсат рече дека со интензитетот на работата на 13те обвинители, истрагата би била завршена навремено односно до 17 јуни. Засега останува кривичното дело тешки дела против општата сигурност, а не ја исклучи ниту можноста од проширување на истрагата со други осомничени.

-На крај на истрагата ќе се донесе јавнообвинителска одлука, односно обвинение, и токму во тоа обвинение ќе биде образложено секое дејствие на секој потенцијален обвинет. Досега од она што се утврди во истрагата води кон тоа дека се уште јавните обвинители сметат дека во овој случај постои кривичното дело што е поставено уште во почеток. До псоледниот ден може да се очекува проширување на нови лица кои евентуално можат да бидат осомничени потоа и обвинети, значи истрагата сега се води, се преземаат низа дејствија, се сослушуваат сведоци, се собираат материјални докази и доколку има евентуално вклучени и други лица, секако дека ќе биде проширена истрагата и на тие лица-изјава – Љупчо Коцевски – Јавен обвинител на РМ.

Досега со истрагата се опфатени вкупно 59 осомничени лица, од нив 19 се во ефективен притвор, меѓу нив се сопственикот на дискотеката Пулс, Дејан Јованов Деко, екс министерот за економија Крешник Бектеши и екс директорот на ДЗС Шабан Салиу. 13 лица се во куќен притвор со мерка за претпазливост забрана за комуникација, мешу нив и екс градоначалниците на Кочани, Љупчо Папазов, Николчо Илијев и Ратко Димитровски. 12 осомничени се со мерки на претпазливост и еден осомничен е се уште на лекување.

Од обвинителството велат дека:

-Интензивно се преземаат дејствија на распити и вештачења од кои најголем дел од прелиминарните резултати се очекуваат во следните неколку дена. Во насока на прибирање на сите докази кои можат да помогнат за целосно испитување на настанот, Јавното обвинителство упатува отворен повик до сите кои што имаат лични сведоштва за несреќата, информации и докази во однос на работата на клубот “Пулс” – Кочани и поврзаните фирми, како и сознанија во врска со работата на институциите надлежни да постапуваат, да ги споделат со истрагата.-ЈОРМ.

За 14 осомничени полициски службеници постапката ја води ОЈО ГОКК и тие се со мерки на претпазливост.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Морничави сцени: Вака изгледа „руско сафари“ ВИДЕО

На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео од украинскиот град Херсон, кое го прикажува моментот кога операторот на руски дрон FPV буквално брка и напаѓа цивилен продавач на зеленчук.

Морничави сцени: Вака изгледа „руско сафари“ ВИДЕО

Видеото го прикажува дронот како кружи околу тезга и бело комби, додека несреќниот продавач панично се обидува да го избегне дронот. Операторот на дронот го следел долго време и го натерал да трча околу возилото, пред да го насочи дронот директно кон него и да ја активира експлозијата.

Во експлозијата тој претрпел потрес на мозокот, повреди од експлозија и повеќекратни рани од шрапнели.

Тој моментално е во болница под медицински надзор, но неговиот живот е надвор од опасност.

Руско „сафари“

Руските војници наводно го објавиле видеото сами и го признале делото, отворено фалејќи се со нападите врз цивили што ги нарекуваат „сафари“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, исто така, се огласи за овој настан, осудувајќи го секојдневниот терор врз жителите на Херсон и повикувајќи ја меѓународната заедница да реагира порешително.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и многу топло

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. 

Утре сончево и многу топло

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 39 степени.

Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе достигне 40°C. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силен земјотрес ја погоди областа во близина на Пиза

Земјотрес со јачина од 4,3 степени ја погоди областа во близина на Пиза во централна Италија утрово, соопшти италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија.

Силен земјотрес ја погоди областа во близина на Пиза

Во соопштението се вели дека земјотресот се случил во 10:15 часот наутро, со епицентар седум километри западно од Пиза, на длабочина од осум километри, објави Анса.

Земјотресот бил почувствуван низ северна Тоскана, во соседните провинции Лука и Маса-Карара, како и до провинцијата Фиренца.

Засега нема извештаи за повредени или штети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер