Уште едно полуфинале за Грабул - Канал 5

Уште едно полуфинале за Грабул

Најдобриот македонски тенисер Димитар Грабул кој котира на 706.место на АТП листата, денеска ќе игра во полуфиналето на турнирот во Хеист, Белгија.

Уште едно полуфинале за Грабул
Ова за Грабул ќе биде трето полуфинале на последните пет фјучрс турнири на кои настапува.

Македонскиот тенисер е рангиран како осми носител, а ќе игра против 6.носител, 19-годишниот домашен тенисер Жулиен Кањина.

Двајцата тенисери на првиот фјучрс во Белгија во Брисел играа исто така во полифиналето и тогаш со 2:1 победи Кањина.

Грабул вчера во четвртфиналето го совлада Шпанецот Маркос Гиралди Рекуена со 2:1 во сетови. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Демократски сојуз: Бегството на Ива Михајлова бара итна истрага и одговорност

Демократскиот сојуз бара итно утврдување на одговорноста за бегството на Ива Михајлова, откривање на евентуалните помагачи и кривична одговорност за сите лица за кои ќе се утврди дека го организирале или овозможиле.

 Демократски сојуз: Бегството на Ива Михајлова бара итна истрага и одговорност

Михајлова беше обвинета за учество во сообраќајна несреќа со смртни последици, а со бегството стана недостапна за правосудните органи. Правдата мора да биде еднаква за сите, без привилегии и недопирливи поединци.

Бараме МВР, Царинската управа и Јавното обвинителство да утврдат како било можно таа да ја напушти државата и дали во тоа учествувале или потфрлиле полициски и царински службеници.

Особено загрижува што бегството се случило во моментот кога беше прифатена можноста нејзината здравствена состојба да биде проценета и од бугарски лекари. Ова отвора сомнежи дали целта била да се избегне независна медицинска процена, која можеше да даде одговор на прашањето дали нејзината состојба навистина била животозагрозувачка и дали претходните судски одлуки биле оправдани.

Мора да се испита и улогата на адвокатот, вклучително и неговите наводи за постоење помагачи, како и да се утврди како Михајлова успеала да побегне и покрај мерките за ограничување на движењето и одземените бугарски и македонски пасоши.

Доколку се утврди дека адвокатот учествувал во организирањето или овозможувањето на бегството, бараме да понесе соодветна кривична одговорност, согласно законот. Адвокатската професија не смее да биде заштита за незаконски дејствија.

Демократскиот сојуз бара транспарентна истрага, утврдување на институционалните пропусти и законска одговорност за сите инволвирани. Бегството не смее да значи избегнување на правдата, особено кога станува збор за обвинение за сообраќајна несреќа со смртни последици.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во масовна тепачка во село Баница струмичко повредени неколку лица

Четворица со тешки телесни повреди по  масовна тепачка во село Баница струмичко. 

Во масовна тепачка во село Баница струмичко повредени неколку лица

На 11.10.2026 во СВР Струмица е пријавено дека во 22:30 часот во дворно место на куќа во село Баница, струмичко, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М. и К.М. од една страна и П.С., М.С., Т.С., С.С., С.С. и С.С., од друга страна, сите од село Баница, во која со различни предмети си нанеле повреди по главата и телото. Повредените биле пренесени во Медицински центар Струмица, каде кај лицата Р.М., К.М., Т.С. и М.С. биле констатирани тешки телесни повреди. Предметите кои ги користеле при пресметката се пронајдени и одземени. За настанот е известен јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, стои во билтенот на МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Два патнички автобуса се превртеа во Турција, десетици повредени

Два патнички автобуса се превртеле денес во Турција, а според локалните медиуми, има повредени лица. 

Два патнички автобуса се превртеа во Турција, десетици повредени

Пет лица се повредени денес во Турција откако минибус се превртел на патот Анталија-Испарта.

Несреќата се случила околу 10:30 часот во близина на крстосницата Топали во областа Аксу, а причина за несреќата било масло истурено на коловозот, објави порталот „Ахабер“ (Ahaber).

Екипите за итна помош што пристигнаа на местото на настанот им пружиле помош на повредените, а започната е и истрага за да се утврдат деталите за несреќата.

Денес во Турција се случи уште една сообраќајна несреќа, во која патничко комбе се преврте и заврши во канал во Мерсин, при што беа повредени 17 лица, пренесува истиот турски портал.

Во областа Силифке во Мерсин, на патот од Силифке кон Ѓулнар, патнички минибус излетал од патот и се превртел во канал поради лизгавиот коловоз предизвикан од дождот.

Минибусот е отстранет од местото на настанот со помош на служба за влечење, а беше покрената и истрага за несреќата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер