Уште едно четврточно искачување на Водно - Канал 5

Уште едно четврточно искачување на Водно

Друштвото „I love hiking - group Macedonia“ денеска организира уште едно четврточно искачување до врвот на Водно. На крајот од турата, вообичаено, ентузијастите ќе ги пречека музика, односно настап на ди-џеј, како вид награда за искачувањето.

Уште едно четврточно искачување на Водно

Членовите на „I love hiking - group Macedonia“ втора година ја спроведуваат својата иницијатива т.н. „Почни со Водно“. Велат дека сакаат да поттикнат љубов кај граѓаните кон планината, желба за истражување, пешачење и здрав живот.

- Со иницијативата почнавме во април 2017. На првото искачување се пријавија 20 - 30 лица, а денес веќе броиме 300-400. Идејата е да се поттикнат граѓаните почесто да го посетуваат Водно, да бидат во што подобра кондиција независно дали се спортски активни или не и да се рабуди истражувачкиот дух, духот за шетање по планини, рурални средини, изјави за МИА Владимир Крстевски - Хари од „I love hiking - group Macedonia“.

Искачувањето е обично од април до септември, секој четврток. Почнува во 18 часот откако групата ќе се собере пред ОУ „Кочо Рацин“, а симнувањето од врвот на Водно е во 21:30. Во летните денови, за време на жештините, терминот се поместува подоцна. Тогаш турата е од 19:30 или 20:00 часот.

Како што објаснува Хари, групата искачувачи оди со водичи и редари.

Од ланското искачување произлегле четири до пет „сериозни“, активни планинари кои веќе искачуваат и врвови на Блаканот.

Во годинашнава, втора сезона на четврточните искачувања на Водно што стартува пред три недели, на „I love hiking - group Macedonia“ им се приклучија и „Маседониан бајк рајдерс“, како и „Неозболни велосипедисти“.

Уште една група љубители на планината организира искачувања до врв на Водно. Наречена е „Осветли го Скопје“, но вообичаено, турите се само четири пати во годината, кога има полна месечина. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Десет артилериски плотуни за Денот на независноста: Армијата со почесна стрелба во касарната „Илинден“

По повод Денот на независноста, денеска во 19 часот, во касарната „Илинден“ во Скопје, артилерискиот баталјон на армијата ќе изврши почесна артилериска стрелба со 10 плотуни од шест артилериски орудија.

Десет артилериски плотуни за Денот на независноста: Армијата со почесна стрелба во касарната „Илинден“

Според генералштабот на армијата, во 18 часот ќе биде извршена пробна артилериска стрелба, со еден плотун од шест артилериски орудија. Почесната стрелба е дел од протоколарните активности на армијата по повод одбележувањето на 8 Септември – Денот на независноста..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Белград попладнево е погребан Ратко Младиќ (ВИДЕО)

Поранешниот командант на војската на Република Српска, Ратко Младиќ, кој од Хашкиот трибунал беше осуден на доживотен затвор, попладнево со воени почести е погребан на топчидерските гробишта во Белград. 

Во Белград попладнево е погребан Ратко Младиќ (ВИДЕО)

Посмртните останки на Младиќ, кој почина на 27 август во Хаг на 85-годишна возраст, претходно беа изложени во црквата „Свети Лука“ во Белград, каде што опело служеше поглаварот на српската православна црква, Порфириј. Младиќ, по желба на семејството е биде погребан до ќерката Ана. Младиќ во 2021 година беше правосилно осуден на доживотен затвор и беше прогласен за виновен за геноцидот во Сребреница и за други воени злосторства.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Виткоф: Без дијалог со русија шансите за мир во Украина се многу мали

САД се залагаат за дипломатско решение на војната меѓу Украина и Русија, но без дијалог со Москва шансите за мирно решение се многу мали, изјави американскиот специјален пратеник Стив Виткоф по средбата со украинскиот претседател Зеленски во Киев.

Виткоф: Без дијалог со русија шансите за мир во Украина се многу мали

Бараме дипломатско решение за овој конфликт, а не воен договор. Тоа е она што претседателот Трамп отсекогаш го барал“, рече Виткоф, одговарајќи на прашањето дали Путин е подготвен за трилатерална средба со Зеленски и Трамп. Украинскиот претседател Зеленски изјави дека клучните прашања, вклучително и територијалните, можат да бидат решени само на состанок на највисоко политичко ниво. Виткоф заедно со другиот специјален пратеник кушнер претходно беа на средби со Путин во Москва, но не беше постигнат опиплив напредок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер