ВМРО-ДПМНЕ: Махери се да си дадат автогол – на кој Шефшет од АТС мислат, на оној на кој Заев му даде дипломатски пасош ....
2ВМРО-ДПМНЕ: Махери се да си дадат автогол – на кој Шефшет од АТС мислат, на оној на кој Заев му даде дипломатски пасош ....
3Австралија соопшти дека вештачката интелигенција на „Опенаи“ извршила упад во владин портал за здравствени податоци
ФудбалУште една „жртва“ во Реал МадридРеал Мадрид минува низ тежок период, а последните два дуела – пораза значеа и многу турбуленции. По поразот во Супер купот од Барселона отказ доби тренерот Чаби Алонсо.Неколку дена подоцна „кралскиот клуб“ беше елиминиран и од второлигашот Албасете во куп натпреварувањето. Управата бара нов тренер на листата на желби се Јирген Клоп и Зинедин Зидан, а се споменува и Жозе Мурињо. Веќе има најави и за промени во играчкиот кадар. Шпанските медиуми пренесуваат дека Дани Себалос веќе ги „спакувал“ куферите. Тој кај Карло Анчелоти имаше солидна минутажа, но кај Алонсо тоа се смени. Независно кој ќе биде тренер Себалос најави заминување и лесно може да се случи да направи трансфер во премиер лигата. Себалос имаше одлична соработка со Унаи Емери во Арсенал, па можно е да мине во клубот на Емери (Астон Вила). Во Реал Мадрид немаат ништо против и подготвени се да го пуштат за сума од десет милиони евра. /МИАТагови: Реал Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00
МакедонијаОпштина Аеродром во движење - се одбележува Европската недела на спортотОпштина Аеродром се приклучи кон одбележувањето на Европската недела на спортот, со активности насочени кон поттикнување на младите да создаваат здрави животни навики и да го направат спортот дел од своето секојдневие.Во рамките на иницијативата, ООУ „Димитар Македонски“ организираше низа спортски активности, во кои заедно со учениците од ООУ „Гоце Делчев“ се дружеа, спортуваа и испратија силна порака за значењето на физичката активност, дружењето и тимскиот дух. Општина Аеродром континуирано вложува во развојот на спортот и создава услови за младите да бидат активни, да ги развиваат своите способности и да градат позитивни животни навики. Посветеноста кон спортот дава резултати, што се потврдува и со значајните успеси на спортистите и спортските екипи од Аеродром на државно и меѓународно ниво. Посебна благодарност до сите основни училишта, наставниците по физичко и здравствено образование и до Сојузот за училишен спорт - Аеродром, кои континуирано, со голема посветеност и ентузијазам, работат со децата, ги поттикнуваат да бидат активни и кај нив ја развиваат љубовта кон спортот. Општина Аеродром продолжува да создава можности за спорт, рекреација и активен живот за сите генерации, со цел да поттикне здрава и активна заедница. Да се движиме, да спортуваме и заедно да ја шириме BeActive енергијата.Тагови: Општина Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Махери се да си дадат автогол – на кој Шефшет од АТС мислат, на оној на кој Заев му даде дипломатски пасош ....Махери се да си дадат автогол – на кој Шефшет од АТС мислат, на оној на кој Заев му даде дипломатски пасош или на АТС чии претставници се сликаа со целото раководство на СДС и ДУИ? РЕАКЦИЈА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА СДС Талогот од СДС се махери сами да си дадат автогол. Актуелната Влада нема никаква врска со приватен договор склучен меѓу две компании. На СДС им работи потсвеста, заеднички со бугарската политика ја обвинуваат владата за лажни лобисти кои тие гордо ги фалеа и им делеа ордени. Што е заедничко помеѓу актуелната бугарска политика и СДС? Одговорот е едноставен, заеднички работат и ја обвинуваат владата за лажни лобисти. За која АТС Груп зборува Богданка Кузеска? Дали зборува за истата АТС Груп, фирма која ја отвори Зоран Заев и заедно со пола влада насмеан се сликаше, каде патем беше и Радмила Шекеринска која сега е заменик генерален секретар на НАТО? Или за истата АТС Груп за која истиот Заев на отворањето на компанијата викаше дека резултат на членството на НАТО или да го цитираме „Членството во НАТО отвора нови пазари и можности за зголемување на извозот и инвестициите“. Можеби СДС и Кузеска зборуваат за истиот Демировски и АТС за кој медиуми пишуваа дека иако обвинет за шпионажа поврзана со споделување доверливи информации за воена опрема, а претходно обвинет дека поткупил лица за да му достават доверливи информации, сепак добил дипломатски пасош во владата на СДС како другар на Заев? Дали можеби Кузеска зборува за истата АТС за која Фатмир Битиќи нивниот пратеник, екс вицепремиер добиваше ордени и изјави дека ја отвораат можноста за истата да учествува во НАТО-тендерите за набавки, процес во кој тогашното министерство за одбрана предводено до Славјанка Петровска, сега пратеничка на СДС, дало целосна поддршка? Или можеби СДС и Кузеска зборуваат за АТС за која Ковачевски како премиер и лидер на СДС викаше дека активно придонесува за колективниот систем на за одбрана на НАТО? Навистина веќе е дегутантно занимавањето на СДС со ширење лаги и дезинформации. Тешката безидејност во која се наоѓаат веќе станува хронична состојба на една партија окупирана од криминални структури, на чело со Зоран Заев и Венко Филипче. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФормулаРасел со најбрзото време на првиот тренинг во АзербејџанВозачот на Мерцедес, Џорџ Расел, го постигна најбрзото време на првиот тренинг пред 16-тата трка во сезоната на Формула 1 – Големата награда на Азербејџан. Тркачкиот викенд на уличната патека во Баку започна порано од вообичаеното, бидејќи самата трка беше преместена во сабота поради денот на сеќавање што се одбележува во Азербејџан во недела. Расел извозе круг за 1:45,387 минути, обезбедувајќи ја првата позиција со предност од четири десетинки пред второпласираниот Макс Верстапен од тимот на Ред Бул. Возачот на Ферари, Шарл Леклер, заостана само четири илјадитинки од секундата зад Верстапен, додека неговиот тимски колега Луис Хамилтон го постигна четвртото најбрзо време.Тагови: Формула 1 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00