МФ: Усвоен Законот за државна ревизија – Воспоставуваме современа рамка за работа на државната ревизија
1МФ: Усвоен Законот за државна ревизија – Воспоставуваме современа рамка за работа на државната ревизија
Голманот на Челзи Мартинез се огласи од болница: По страшниот судир, тој најпрво зборуваше за победата и за тоа што мрежата останала недопрена
1Голманот на Челзи Мартинез се огласи од болница: По страшниот судир, тој најпрво зборуваше за победата и за тоа што мрежата останала недопрена
Шоу бизУште една разделба во Холивуд!По 11 години врска во која се родија две деца, се разделуваат Наоми Вотс и Лиев Шрајбер.- Во последните неколку месеци заклучивме дека за нашето семејство е најдобро ние да се разделиме. Тоа ќе го направиме со многу љубов и разбирање, негувајќи го нашето пријателство додека ги одгледуваме нашите деца и ги истражуваме новите фази од нашиот однос - соопштија тие. Наоми Вотс и Лиев Шрајбер имаат 2 сина на возраст од 9 и 7 години. Тие никогаш не се венчаа, а заедно беа од 2005 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалГолманот на Челзи Мартинез се огласи од болница: По страшниот судир, тој најпрво зборуваше за победата и за тоа што мрежата останала недопрена Голманот на Челзи Емилијано Мартинез имаше успешна операција на скршена вилица, а во порака до навивачите најави дека ќе се врати на терените за неколку недели.Емилијано Мартинез се огласи од болница по операцијата на вилицата, која ја скрши при жесток судир за време на натпреварот во кој Челзи победи на гости кај Евертон со 2-0. Аргентинскиот голман се здоби со повредата во саботата, кога се обиде да интервенира по нафрлена топка од прекин, при што се судри со дефанзивецот на Евертон, Џарад Брантвејт. Двајцата играчи останаа на теренот, а натпреварот беше прекинат десетина минути додека им се укажуваше лекарска помош. Потоа, Мартинез беше изнесен на носила и префрлен во болница. Дополнителните прегледи покажаа дека Аргентинецот се здобил со скршена вилица, поради што вчера морал да биде подложен на операција. „Голманот Емилијано Мартинез имаше успешна операција на скршена вилица. Тој се повреди при судир во средината на второто полувреме од нашата победа над Евертон. Беше пренесен во болница на дополнителни испитувања, кои потврдија скршеница што бараше хируршка интервенција. Сите во Челзи му посакуваат на Еми брзо закрепнување и ќе му пружат целосна поддршка“, соопштија од клубот. Мартинез веќе размислува за своето враќање. По зафатот, голманот им се обрати на своите следбеници на Инстаграм, изразувајќи благодарност за поддршката и истакнувајќи го резултатот на својот тим. „Ви благодарам на сите за пораките. Операцијата помина добро. Најважно е што победивме и што ја зачувавме мрежата недопрена. Ќе се вратам за неколку недели“, изјави Мартинез. Точниот датум за неговото враќање сè уште не е потврден. Аргентинецот очекува да отсуствува неколку недели, а кога повторно ќе застане на голот, најверојатно ќе мора да носи заштитна маска.Тагови: Челзи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01
ЕкономијаМФ: Усвоен Законот за државна ревизија – Воспоставуваме современа рамка за работа на државната ревизијаОсновната цел на Предлог законот е да се создаде појасна, посовремена и поефикасна законска рамка за вршење на државната ревизија, усогласена со меѓународно прифатените стандарди и принципи за работа.Собранието денеска го изгласа Законот за државната ревизија, којшто претставува значаен чекор во натамошното унапредување на системот на јавните финансии, јакнењето на институционалната независност на Државниот завод за ревизија и зголемувањето на отчетноста и транспарентноста во управувањето со јавните средства. Основната цел на Предлог законот е да се создаде појасна, посовремена и поефикасна законска рамка за вршење на државната ревизија, усогласена со меѓународно прифатените стандарди и принципи за работа. Предложениот закон воспоставува посовремена рамка за функционирање на Државниот завод за ревизија, со посилен акцент на неговата независност, професионалност, транспарентност и квалитетот на ревизорската работа. Крајната цел е државната ревизија да има уште посилен придонес кон законско, економично, ефикасно и ефективно користење на јавните средства, како и кон поголема отчетност на институциите пред Собранието и пред граѓаните. Една од клучните новини на Законот е во насока на дополнителното зајакнување на независноста на Државниот завод за ревизија. Со Предлог-законот јасно се утврдува дека ДЗР самостојно и независно одлучува кои ревизии и кои субјекти ќе бидат вклучени во Годишната програма за работа.Исто така Предлог-законот го прецизира и опсегот на државната ревизија. Покрај институциите и другите субјекти кои располагаат со јавни средства, се предвидува можност за ревизија и кај субјекти поврзани со субјектите на ревизија, кога постои економски, финансиски или друг вид интерес и кога се користат средства кои претставуваат јавни расходи. Значајни новини се предвидуваат и во однос на изборот и статусот на главниот државен ревизор и неговиот заменик, во насока на зајакнување на професионалните критериуми за избор и се прошируваат и надлежностите на главниот државен ревизор. Посебно внимание е посветено и на професионализацијата на Државниот завод за ревизија и развојот на човечките ресурси. Важен сегмент од реформата е и зајакнувањето на транспарентноста и следењето на ефектите од државната ревизија. Со Предлог-закон се посветува внимание и на следењето на степенот на спроведување на дадените препораки кое се поставува како јасно дефинирана постапка. Ова особено од причина што крајната цел на државната ревизија не е само да ги констатира слабостите, туку да придонесе тие да бидат отстранети и да се подобри управувањето со јавните средства.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаМБА: Се наближува примената на новите стандарди во националниот платен промет Се наближува примената на новите стандарди во националниот платен промет – промените не значат промена на постојните платежни сметки. .Македонската банкарска асоцијација ја информира јавноста дека во текот на месец ноември започнува примената на донесените регулаторни промени со кои се воведуваат промени во платните налози, ознаките за целта на плаќањето и начинот на означување на платежните сметки. Промените произлегуваат од Законот за платежни услуги и платни системи и од соодветните подзаконски акти на Народната банка на Република Македонија. Нивното започнување на примена е поврзано со модернизацијата на платните системи во земјата. За граѓаните и компаниите, најважно е дека бројот на нивната сметка не се менува. При плаќање, платежната сметка ќе се користи во ИБАН - формат, односно со додавање на ознаката МК07 пред постојниот број на сметката. Приспособувањето во електронското и мобилното банкарство ќе го направат банките. Ќе започнат со примена и нови, стандардизирани платни налози, кои ќе ги заменат досегашните обрасци ПП10, ПП30, ПП40, ПП50 и ПП53. Новите обрасци ќе се користат и во хартиена и во електронска форма. Промена има и кај ознаките за целта на плаќањето. Досегашните нумерички шифри ќе бидат заменети со нови четиризнаковни ознаки, со што ќе се овозможи попрецизно наведување на намената на плаќањето и подобра обработка на податоците. Компаниите кои користат автоматизирана размена на налози, сметководствени и или други интегрирани решенија, кај кои може да бидат потребни соодветни приспособувања, ќе бидат информирани од страна на банките, согласно законските рокови и насоките од регулаторот. Промените се дел од процесот на понатамошно стандардизирање и модернизирање на националниот платен промет, подобрување на квалитетот и структурираноста на податоците и создавање услови за поефикасна обработка на платежните трансакции. Банкарскиот сектор во изминатиот период презема активности за техничко и организациско усогласување со новите стандарди, со цел нивната примена да се одвива непречено и без прекини за корисниците на платежни услуги. МБА(Македонска банкарска асоцијација) ги охрабрува граѓаните и компаниите навремено да ги следат известувањата и практичните упатства што ќе ги објавуваат нивните банки во однос на новите платни налози, користењето на ИБАН и другите промени поврзани со примената на новите стандарди.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01