Уште една пеколна ноќ во Белград, близу 40 повредени - Канал 5

Уште една пеколна ноќ во Белград, близу 40 повредени

Белград проживеа уште една пеколна ноќ. Повлекувањето на претседателот Вучиќ од намерата за полициски час не ги смири страстите, синоќешните протести резултираа со речиси 40 повредени, од кои половината се полицајци.

Уште една пеколна ноќ во Белград, близу 40 повредени

Белград преживеа уште една пеколна ноќ, полицијата го одбрани собранието. Епилогот е 20 повредени полицајци и 17 демонстранти. По вториот протест исполнет со оган, чад и солзавец лебди главната дилема – колкави размери ќе добијат демонстрациите и сцените на улиците. Белград и синоќа наликуваше на бојно поле, а според српските медиуми, не изостана полициската бруталност.

-Десетмина ме тепаа, злосторници., изјави демонстрант

Ретерирањето на Вучиќ во однос на полицискиот час не ги омекна протестите. Напротив, тие се проширија во Нови Сад, Ниш и Крагуевац. Сега се бара негова оставка и оставка на комисијата за борба против пандемијата. Српскиот претседател им одговори од авион, пред полетување на средбата со Макрон во Париз.

-Ви ветив дека ќе умееме да ги заштитиме мирот и стабилноста, и покрај криминалните хулигански насилнички напади, од кои сме шокирани. Предавањето никогаш не била опција, а јас сега летам за Париз да се борам за нашата Србија., изјави Александар Вучиќ, претседател на Србија

Дел од јавноста смета дека со своите јавни настапи, Вучиќ наместо да го гаси, го разгорува гневот на незадоволните граѓани.

-Тој се појави за повторно да ги предизвика луѓето и повторно да ги изнесе на улиците, каде ќе ги пречека полиција, камери, кучиња, коњи, солзавец, уште тенкови треба да изнесе., вели за „Ал Џезира“, Билјана Степановиќ, уредник во списанието „Нова економија“

Она што останува нејасно е дали зад бранот протести навистина се крие националниот гнев против начинот на кој власта се справува со пандемијата или можеби стојат други структури, за кои самиот Вучиќ ги прозва странските служби. Она што засега е евидентно е дека опозицијата нема големи симпатии кај масата луѓе.

-Не го паметиме ова од времето на Слободан Милошевиќ. Единствен начин ова да се смири е да се прифати она за што зборуваме една година – по урнекот на С.Македонија да добиеме можност за преодна влада., Драган Ѓилас, лидер на движењето Сојуз за Србија

Oчекувано, Кризниот штаб во Србија денеска не донесе одлука за полициски час. За Белград се воведува забана за собири над 10 луѓе, а сите затворени објекти, вклучително и продавниците ќе работат до 21 часот. Денешниот биланс во земјата е 266 новозаразени и 11 починати.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шукова: Бараме одговорност за секоја една жена жртва на насилство

Од Форумот на жени на СДСМ вечерва излегоа на протест пред СВР Охрид против насилствата врз жените.

Шукова: Бараме одговорност за секоја една жена жртва на насилство

Побараа одговорност од насилниците и институциите и заштита за секоја жртва која била изложена на насилство.

Претседателката на Форумот на жени на СДСМ, во име на насобраните, но и како што рече, во име на сите жртви на слични насилства, истакна дека насилството врз жените и фемицидите се сериозен општествен проблем, но дека проблемот не завршува со самиот чин на насилство, туку продолжува и во постапките што следуваат во текот на истрагата и судењето, каде, како што рече, се покажуваат сериозни системски недостатоци.

– Бараме да има сериозна превенција за да се спречат нови облици на насилство и нови фемициди. Бараме одговорност и да нема политички влијанија во процесот на истрага и судење. Бараме секоја жртва да биде заштитена. На секое јавување на жртва на семејно насилство, институциите веднаш да реагираат – порача Шукова.

Од семејството на Сара Ѓорѓиеска претходно порачаа дека нема да присуствуваат на протестот, но и дека се надеваат дека протестот нема да биде искористен за партиски цели ,туку ќе биде протест на граѓаните со цел да се подигне свеста за насилството против жените во земјава.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно со дневна температура од 17 до 21степен

Времето утре според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд а максималната температура ќе достигне од 17 до 21 степен.

Утре променливо облачно со дневна температура од 17 до 21степен

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен.

Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 19 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Под влијание на јужно воздушно струење до петок ќе биде релативно топло со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h). Од сабота температурите ќе бидат во опаѓање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Саша Ковачевиќ објави фотографии од родениот син: Гордиот татко не ја симнува насмевката од лицето

Мегапопуларниот српски пејач Саша Ковачевиќ ги објави првите фотографии со наследникот од породилиштето.

Саша Ковачевиќ објави фотографии од родениот син: Гордиот татко не ја симнува насмевката од лицето

Зорана Тасовац, партнерката на пејачот Саша Ковачевиќ, се породи и роди здраво машко дете. Гордите родители го добија своето прво заедничко дете, а набргу потоа ја споделија радосната вест на социјалните мрежи.

Саша сега објави фотографии со наследникот од породилиштето. Првата слика е направена веднаш по породувањето, додека на втората пејачот не ја симнува насмевката од лицето и позира со бебето во колевката.

Тој го покри лицето на синот со емотикон во форма на срце, а глетката ги разнежни неговите следбеници. Ковачевиќ претходно откри дека за доаѓањето на бебето избрале приватна клиника и дека тој сакал да биде покрај Зоран за време на породувањето.

„Сакам да бидам таму, како поддршка, но и за да ги почувствувам убавините на татковството уште од првата секунда кога тој ќе дојде на свет“, изјави пејачот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер