Уште една НБА ѕвезда ќе ги пропушти натпреварите до крајот на сезоната - Канал 5

Уште една НБА ѕвезда ќе ги пропушти натпреварите до крајот на сезоната

Уште една ѕвезда на НБА веројатно ќе ги пропушти натпреварите до крајот на сезоната. Овојпат станува збор за лидерот на Сан Антонио, Каваи Леонард.

Уште една НБА ѕвезда ќе ги пропушти натпреварите до крајот на сезоната
Крилото не играше во првите два месеца од кампањата, а по враќањето на теренот за неколку натпревари, сега е надвор од тимот веќе месец и половина.

Леонард има повреда во десниот бут, која очигледно е доста сериозна и тој не сака да ризикува каква било компликација на проблемот, иако има опција и да се врати. Кошаркарот продолжува да ги истражува различните опции и се консултира со специјалисти, бидејќи постои веројатност и да биде опериран.

- Нема многу натпревари до крајот на сезоната и тој сè уште не е подготвен. Има минимални шанси да се врати, но, искрено, ќе бидам многу изненаден ако тоа се случи, рече тренерот Грег Поповиќ.

Без Леонард, кој е одличен дефанзивец, Сан Антонио нема големи шанси против фаворитите на Западот - Голден Стејт и Хјустон. „Спарси“ сега се трети со скор од 35-24, но нивната позиција во топ 4 воопшто не е загарантирана.

Отсуството на Каваи ќе значи дека уште една голема ѕвезда која ги пропушта дуелите до крајот на кампањата, откако поради сериозни повреди тоа ќе го направат ДеМаркус Казнс и Кристапс Порзингис.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Три лица лишени од слобода за семејно насилство во изминатото деноноќие

Три лица лишени од слобода, вкупно четири пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие

Три лица лишени од слобода за семејно насилство во изминатото деноноќие

Ноќеска (11.07.2026) во 01:20 часот во струмичко село полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 49-годишен жител од тоа село. Според пријавеното тој на 10.07.2026 околу 22:30 часот во семејниот дом физички го нападнал неговиот 68-годишен татко и му нанел повреди. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 10.07.2026 во 20:40 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Ч.С.(49) од кумановско затоа што физички ја нападнал неговата 33-годишна сопруга. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

На 11.07.2026 во 00:10 часот во Полициската станица Тетово, 54-годишна жена од Тетово пријави дека на 10.07.2026 околу 21:00 часот во нивниот семеен дом, по претходна расправија за пари, нејзиниот син К.В. физички ја нападнал, нанесувајќи ѝ повреди. На оштетената ѝ била укажана лекарска помош во Клиничката болница Тетово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот.

На 11.07.2026 во 00:20 часот, во СВР Охрид лишена од слобода е Е.В.(36) од охридско која претходно, во семејниот дом, физички ја нападнала својата мајка. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шпанските спасувачи трагаат по 23 исчезнати во пожарот кој однесе 12 жртви

Шпанските спасувачи трагаат по најмалку 23 исчезнати во големиот шумски пожар во шпанскиот регион Андалузија, во кој досега загинаа 12 лица.

Шпанските спасувачи трагаат по 23 исчезнати во пожарот кој однесе 12 жртви

Пожарот сè уште се шири поради неповолните временски услови и тешките временски услови, а досега зафати околу 4.000 хектари вегетација. Во битката со огнот, учествуваат повеќе од 500 служби за итни случаи, со поддршка на 32 авиона. Илјадници жители се евакуирани од погодените области, а повеќе од 1.400 луѓе моментално се наоѓаат во привремени засолништа првичните истраги покажуваат дека паднат далновод бил причина за пожарот. Властите стравуваат дека пожарот би можел да стане еден од најсмртоносните во Андалузија и еден од најкатастрофалните во Шпанија во последните децении.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска присуствуваше на затворањето на шестиот „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“, што се одржува под нејзино покровителство, а во организација на „Македонија 2025“.

Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“

Таа оцени дека ваквите иницијативи не само што придонесуваат за стекнување напредни знаења и вештини во областа на роботиката, програмирањето, инженерството и иновациите, туку ги подготвуваат младите да бидат активни актери во обликувањето на иднината, наместо пасивни набљудувачи на промените.

Според неа, особено важно е младите да размислуваат критички, да создаваат иновативни решенија и да ги користат современите технологии како средство за општествен напредок, одржлив развој и подобар квалитет на животот.

Сиљановска-Давкова порача дека талентот треба да се препознава, негува, стимулира и наградува, а младите да ги „инфицираат“ и другите околу себе со љубов кон знаењето и науката.

Потсетувајќи на роботот Протеус, кој се свртел против својот творец, таа нагласи дека човештвото мора мудро да се однесува кон новите технологии, оти тие треба да останат во служба на човекот, а не да станат причина за губење на човечката димензија.

Учесниците ги споделија своите искуства од кампот, истакнувајќи дека програмата им овозможила да стекнат нови знаења и вештини, да работат на иновативни проекти и да воспостават пријателства со врсници од различни земји.

Тие ги презентираа проектите изработени за време на кампот, по што претседателката, во својство на покровителка, им ги врачи сертификатите за успешно завршување на програмата.

Годинава, кампот обедини 24 млади на возраст од 11 до 15 години од македонската дијаспора во САД, Малта, Србија, ОАЕ, Германија и од неколку градови низ државата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер