Уште една легенда заминува во пензија - Канал 5

Уште една легенда заминува во пензија

Жестокиот ривал на „Mustang“ ги одбројува последните месеци.

Уште една легенда заминува во пензија

„Chevrolet“ објави дека 2024 година е последната моделска година на „Camaro“, што значи дека производството е пред крај.

Крајот на шестата генерација ќе биде означен со специјална серија „Collector's Edition“ во уникатната црна нијанса „Panther“. Таа е мат црна, која за прв пат се нуди на овој модел.

Последната серија ќе се нуди во САД во повеќето достапни верзии на мотори, а колекционерското издание на „ZL1“ е ограничено на само 350 примероци.

Од посебните детали, автомобилот добива надолжни ленти во сјајна црна боја, задни и предни спојлери и соодветни значки. Другите опции (LT/RS, LT1 и SS) ќе имаат тркала од 20 инчи.

Сите клиенти добиваат подарок часовник„Shinola Canfield Sport“. Почетната цена на автомобилот е 39.440 долари.

За последната моделска година на обичните модели, „Chevrolet“ откри дека верзијата на моторот 2.0 се прекинува, оставајќи ги како опции 3.6 V6, 6.2 V8 и 6.2 V8 LT4.

Во превод тоа значи дека „Camaro“ ќе биде поскап, па верзијата со V6 мотор и над 335 КС ќе стартува од 32.495 долари.

Производството на „ Camaro“ ќе заврши во јануари 2024. Не се знае многу за можниот наследник на легендарниот „Chevrolet“, освен она што го изјави Скот Бел, потпретседателот на компанијата:

„Иако денес не објавуваме непосреден наследник, бидете сигурни, ова не е крајот на приказната за „Camaro“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ен Хатавеј во елегантен труднички стајлинг

Холивудската ѕвезда, актерката Ен Хатавеј во елегантен труднички стајлинг, а еден детаљ вреден 8.000 долари го привлече вниманието.

Фото: Ен Хатавеј во елегантен труднички стајлинг

Ен Хатавеј покажа уште еден труднички стајлинг кој остава без здив, и покрај сите критики што ја следат за време на оваа бременост.

Бремената Ен Хатавеј носеше чанта Bvlgari од 8.000 долари додека шеташе низ Њујорк и го покажуваше најновиот стил за бременост по патот. Актерката зрачеше со гламур во тиркизен велур ансамбл украсен со цветни детали, во комбинација со елегантни црни чевли со потпетици.

Ен, која е глобален амбасадор на италијанската модна куќа, носеше блескава чанта Serpentine Duo Top Handle, украсена со гравирани шари, објавува „Дејли меил“. Ѕвездата од „Ѓаволот носи Прада“, која ја објави својата бременост уште во јуни, изгледаше блескаво за време на излегувањето.

Ен е во брак со својот сопруг Адам Шулман од 2012 година и тие веќе имаат двајца синови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Откриени плановите на Пентагон: Се разгледува повлекување на 25.000 американски војници од Европа

Пентагон размислува за значително намалување на американското воено присуство во Европа, што би можело да опфати повлекување на десетици илјади војници.

Откриени плановите на Пентагон: Се разгледува повлекување на 25.000 американски војници од Европа

Пентагон размислува за значително намалување на американското воено присуство во Европа, што би можело да опфати повлекување на десетици илјади војници, како и на одредени авиони, бродови и друга воена опрема, објави „Ен-Би-Си Њуз“ (NBC News), повикувајќи се на американски и европски претставници запознаени со разговорите.

Според опциите што моментално се разгледуваат, од Европа би можеле да бидат повлечени околу 25.000 американски војници, што претставува речиси една третина од вкупните американски сили распоредени на континентот.

Сепак, некои сценарија одат значително подалеку, предвидувајќи намалување од дури 40.000 припадници на војската.

Соединетите Држави моментално имаат околу 80.000 војници во Европа. Доколку администрацијата на претседателот Доналд Трамп усвои една од порадикалните опции, тоа би претставувало едно од најголемите намалувања на американското воено присуство на европско тло од крајот на Студената војна.

Изгледите за толку значително повлекување предизвикаа загриженост кај европските сојузници, како и кај некои американски законодавци од двете партии.

Критичарите на ваквиот потег предупредуваат дека драстичното намалување на американските капацитети би можело да ја ослаби способноста на НАТО да ја одврати Русија, особено додека трае војната во Украина.

Германија, Италија и Шпанија – каде што се стационирани значителен дел од американските сили и воената инфраструктура – ​​се посочуваат како земји што би можеле најмногу да бидат погодени од евентуално намалување.

Разгледувањето на можноста за повлекување е дел од пошироката ревизија на американското воено присуство во Европа, иницирана од Пентагон во јуни.

Се очекува генералот Алексус Гринкевич, командант на американските сили во Европа и Врховен сојузнички командант на НАТО, да му претстави првична анализа на можните опции на секретарот за одбрана Пит Хегсет.

Според опциите што моментално се разгледуваат, од Европа би можеле да се повлечат околу 25.000 американски војници, што претставува речиси една третина од вкупните американски сили распоредени на континентот. Сепак, некои сценарија одат значително подалеку, предвидувајќи намалување од дури 40.000 припадници на војската.

Соединетите Држави моментално имаат околу 80.000 војници во Европа.

Доколку администрацијата на претседателот Доналд Трамп усвои една од порадикалните опции, тоа би претставувало едно од најголемите намалувања на американското воено присуство на европско тло од крајот на Студената војна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Арина Сабаленка казнета поради своето однесување во финалето на УС Опен

Втората светска тенисерка Арина Сабаленка ќе мора да плати 7.500 долари поради своето однесување за време и по финалето на Грен слемот во Њујорк, Ју Ес Опен против Елена Рибакина. 

Арина Сабаленка казнета поради своето однесување во финалето на УС Опен

Белоруската тенисерка претрпе болен пораз во Њујорк, каде што ја пропушти можноста да ја освои третата последователна титула на УС Опен.

Рибакина победи со 6-4, 5-7, 6-2, а Сабаленка тешко се справуваше со емоциите по натпреварот.

Во текот на првиот сет, откако загуби поен, Сабаленка луто ја удри топчето кон трибините, поради што доби казна за неспортско однесување. Подоцна во мечот, таа повторно во гнев го удри топчето кон задниот дел од теренот, за малку погодувајќи еден снимател.

По последниот поен уследи вистински излив на гнев. Додека седеше на клупата, Сабаленка неколкупати силно го удри рекетот од земја, а потоа вербално го нападна снимателот што ѝ пријде по завршувањето на мечот.

Организаторите на УС Опен ѝ изрекоа парична казна од вкупно 7.500 долари на Сабаленка поради прекршување на правилата за однесување. Казната ќе биде одбиена од нејзината заработка на турнирот. Сабаленка пристигна во Њујорк како двократна бранителка на титулата и имаше можност да стане само третата тенисерка во „Опен ерата“ што освоила три последователни титули на УС Опен.

Сепак, Рибакина победи во три сета и го освои својот прв трофеј на овој турнир. Поразот имаше уште една последица за Сабаленка. Со оваа победа, Рибакина го презеде првото место на ВТА-листата, ставајќи крај на 99-неделното владеење на Сабаленка на врвот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер