Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
СветУште една држава ја скрати работната недела?! 12,5 милиони луѓе ќе работат пократко Официјалната работна недела во Шпанија наскоро би можела да биде скратена од 40 на 37,5 часа, откако владата одобри нацрт-закон кој сега се упатува во парламентот за усвојување.Доколку законот биде изгласан, скратеното работно време би се однесувало на околу 12,5 милиони вработени во приватниот сектор – како на полно така и на скратено работно време – а се очекува дека мерката ќе ја зголеми продуктивноста и ќе го намали отсуството од работа, соопшти шпанското Министерство за труд. – Денес го модернизираме светот на трудот и им помагаме на луѓето да бидат малку посреќни – изјави министерката за труд Јоланда Дијаз, лидерка на левичарската партија Сумар, која е дел од актуелната коалициска влада. Оваа мерка, која веќе важи за државните службеници и одредени други сектори, најмногу би влијаела на трговијата, производството, угостителството и градежништвото, додаде Дијаз. Парламентот сè уште треба да каже „да“ Владата на Педро Санчез нема јасно мнозинство во парламентот, па законот ќе мора да помине на гласање за да стапи на сила. Главните синдикати ја поддржаа оваа иницијатива, за разлика од деловните здруженија кои изразија резервираност. Предлог-законот доаѓа од партијата Сумар, малцинскиот, тврдо левичарски партнер на Социјалистичката партија на Санчез. Каталонската националистичка партија Жунтс, повремен сојузник на коалицијата, изрази загриженост за – како што наведоа – негативните последици што пократката работна недела би можела да ги има врз малите бизниси и самовработените. Коалицијата ќе мора да балансира меѓу барањата на Жунтс и другите помали партии за да обезбеди поддршка во парламентот. Од 48 часа до потенцијална 4-дневна работна недела Шпанија има 40-часовна работна недела уште од 1983 година, кога тогашниот закон го намали бројот на работни часови од 48. По пандемијата на COVID-19, низ целата земја се појавија иницијативи за промена на работните навики, вклучително и неколку пилот-проекти што тестираа четиридневна работна недела – меѓу нив и еден помал експеримент во Валенсија. Резултатите од една таква едномесечна програма покажаа дека вработените имаат корист од подолгите викенди, развиваат поздрави навики како што е спортувањето и го намалуваат нивото на стрес.Тагови: работната недела државата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБитола денес беше град на трчањетоНад 1.500 тркачи од 18 земји денес беа дел од 8-мото издание на ТРЧАЈ БЕ 2026, спортска манифестација која од година во година расте и ја зацврстува позицијата на Битола како значајна дестинација за спортски туризам во регионот.Свежото утро создаде одлични услови за трчање, а годинешното издание донесе и исклучителни спортски резултати. На битолската патека беа постигнати најбрзите времиња досега и соборени рекордите на ТРЧАЈ БЕ. Низ улиците на Битола денес трчаа натпреварувачи од различни земји, бодрени од бројна публика, волонтери и сите оние кои беа дел од организацијата и реализацијата на трката. ТРЧАЈ БЕ е спортски настан, но и приказна за Битола како отворен и активен град кој преку спортот привлекува гости, создава дополнителна вредност за локалната економија и се промовира надвор од границите на државата. Општина Битола упатува честитки до организаторите на ТРЧАЈ БЕ, до сите институции, партнери, волонтери и служби вклучени во реализацијата, како и до граѓаните кои со својата поддршка придонесоа за атмосферата долж патеката. Посебни честитки до победниците и до сите над 1.500 учесници кои денес ја истрчаа Битола. Уште едно успешно издание на ТРЧАЈ БЕ, уште еден голем спортски ден за Битола. Општина БитолаТагови: битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45
МетеоУтре сончево со мала до умерена облачностВремето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени. Во Скопје, претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 28 степени. До крајот на новата работна седмица ќе се задржи посвежо и претежно сончево време со мала до умерена облачност во текот на денот. Во вторник наместа во северните делови ќе има услови за повремен дожд. До среда ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а потоа ветерот ќе го смени правецот во југоисточен.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПожарот на Брач сè уште активен: Евакуирани речиси 700 луѓеПожарот е сè уште активен на хрватскиот остров Брач, две лица се повредени, а речиси 700 луѓе се евакуирани, додека населбата Милна е спасена од пожарот, изјави денес началникот на противпожарната служба Славко Туцаковиќ.Тој рече дека постара жена, која паднала од чамец за време на евакуација и речиси се удавила, е во критична состојба, додека другото повредено лице е млад човек кој вдишал чад. Туцаковиќ истакна дека ситуацијата на местото на пожарот на Брач утрово била помирна, иако сè уште дува ветер, по тешката ноќ во која пожарникарите ги бранеле куќите од пожарот, и дека, и покрај нивните напори, неколку згради биле оштетени, објави Индекс. Milna. Bračani dragi, držite se! pic.twitter.com/UCbF18cH9f — JurMag (@jur_magud) September 12, 2026 Туцаковиќ рече дека четворица канадери учествуваат во гаснењето на пожарот од воздух. Хрватската противпожарна служба претходно објави дека пожарот се приближил до Милна поради ветер и дека сите расположиви противпожарни сили се ангажирани во гаснењето на пожарот и спречувањето на ширењето на пожарот кон самото населено место. Ветерот влијаел врз ширењето на пожарот кон јужната страна на Брач на тешко пристапен терен покриен со густа вегетација, се вели во соопштението.Тагови: пожар Брач Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45