Уште еден владин функционер вети дека владата ќе ги тргне питачите од улиците - Канал 5

Уште еден владин функционер вети дека владата ќе ги тргне питачите од улиците

Уште еден владин функционер вети дека ќе се залага за што побрзо отстранување на питачите од главните градски крстосници, за што изминатиов период имаше бројни реакции во јавноста. 

Уште еден владин функционер вети дека владата ќе ги тргне питачите од улиците

Покрај тоа што се носат себеси и сите останати во сообраќајот во опасност, дополнително и најважно ги злоупотребуваат своите неколку месечни бебиња на горештини и минусни температуири за да предизвикаат сожалување и емпатија кај граѓаните да им дадат пари.. Заменик министерот за социјална политика – Ѓоко Велковски вели дека веќе има конкретен план за решение на оваа појава...

-Ќе започнеме директен третман со семејствата, онаму нели каде што постојат, а и на децата особено бидејќи грижата за нив, тие да бидат во самиот систем на социјална заштита во образовниот систем и слично е грижа на државата, така да започнуваме интензивно веќе имаме конкретен план заедно со министерството за внатрешни работи и ќе има конкретни чекори и сметам дека за брз временски период од денеска ќе се намали оваа слика која ја имаме денеска, особено во градот Скопје,- Ѓоко Велковски – заменик министер за социјална политика, демографија и млади.

Претходно ветување даде и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој вели свесен е дека се кршат неколку закони и дека таа слика не треба да биде она што граѓаните ќе го гледаат.. Посочува дека треба соодветна меѓуинституционана соработка и дека преку нејзе ќе се изборат со овој проблем..

-Треба еден посеопфатен пристап од страна на повеќе институции, не само од мвр, во делот на справување со ваков тип на предизвици и секако дека секој еден проблем кој што е проблем за граѓаните треба да има сериозен институционален пристап,- -Панче Тошковски – министер за внатрешни работи.

Покрај Скопје, каде оваа поразителна слика е најзастапена, оние кои питаат одат сезонски и во туристичките центри како Охрид, Струга и останатите пофреквентни места.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Дојдовме до точка нула, а бевме во длабок минус, од сега очекувам само раст

Индустриското производство бележи позитивни движења.

Мицкоски: Дојдовме до точка нула, а бевме во длабок минус, од сега очекувам само раст

Прометот во индустријата е зголемен за над 5,5 отсто во споредба со третиот квартал минатата година, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЗНАМ: Повеќе од 30 членови на СДСМ од Ѓорче Петров преминаа во Движење ЗНАМ

Повеќе од 30 членови на ОО СДСМ - Ѓорче Петров ја напуштија партијата и пристапија кон Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија. 

ЗНАМ: Повеќе од 30 членови на СДСМ од Ѓорче Петров преминаа во Движење ЗНАМ

Овој чекор е уште една потврда дека се поголем број граѓани ја препознаваат политиката на ЗНАМ како автентична, принципиелна и посветена на интересите на граѓаните.

Состојба во која се наоѓа СДСМ, отсуството на јасна политичка визија и губењето на довербата кај граѓаните се дел од причините поради кои членството ја напушта партијата.

Новите сопартијци ги пречекаа Генералниот секретар на Движење ЗНАМ, Горан Минчев и претседателот на ОО Движење ЗНАМ - Ѓорче Петров, Славољуб Тотиќ.

ЗНАМ продолжува да ги отвора вратите за сите чесни, искрени и принципиелни луѓе кои сакаат да придонесат за поинаква, одговорна и достоинствена политика.

Центар за комуникации и аналитика

ЗНАМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали измените на законот за спречување семејно насилство ќе дадат резултат, што покажуваат искуствата во Европа?

Ниту еден случај на фемицид,  ова според светските медиуми е билансот во Шпанија, по воведувањето на мерката електронска нараквица за следење на потенцијалните насилници воведена во 2009 година. 

Дали измените на законот за спречување семејно насилство ќе дадат резултат, што покажуваат искуствата во Европа?

Од тогаш под заштита биле ставени над 20 илјади жени, а користени биле речиси пет илјади активни уреди.

Според искуствата во Шпанија и Португалија, Електронската алка меѓудруогото создала силен психолошки ефект врз насилникот, а постојаното чувство на надзор го одвраќа од прекршување на забраните. Од друга стана, на жртвата ѝ обезбедува поголемо чувство на сигурност.

Како Ваквиот модел во најава ќе се одрази во Македонија, преку новите законски измени. Психолозите сметаат дека ваквата мерка може да има само позитивен ефект.

,,Сигурно дека ќе се чувствуваат побезбедно ако знаат дека оној којшто го врши насилството е под контрола и дека може да направи нешто што никој не знае. Мислам дека е добра мерка затоа што ние имаме голем број во Македонија каде насилството се повторува повеќе пати, после првите пријави никогаш не запира. Се надевам дека со оваа токму ова мерка дека ќе се намали бројот на можни повторувања на насилството,, – психолог Мирјана

Предложените измени предвидуваат и побрза полициска интервенција. При сериозна опасност, полицијата ќе може да го отстрани насилникот од домот на 48 часа, а судот да ја продолжи мерката до 30 дена. Потребата од дополнителна заштита ја потврдуваат и бројките на МВР – за десет месеци годинава се регистрирани 1.897 пријавени настани поврзани со семејно насилство, дури 70 проценти повеќе од лани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер