Уште еден удар за Меган и Хари од кралското семејство, ги погоди каде што ги боли најмногу - Канал 5

Уште еден удар за Меган и Хари од кралското семејство, ги погоди каде што ги боли најмногу

Децата на Меган Маркл и принцот Хари наводно не се поканети на крунисувањето на кралот Чарлс III.

Уште еден удар за Меган и Хари од кралското семејство, ги погоди каде што ги боли најмногу

Крунисувањето на кралот Чарлс Трети (74) веќе некое време е главна тема во јавноста, особено поради врската со принцот Хари, кој во интервјуа и во својата прва книга го „погоди“ целото кралско семејство, па направи серија на обвинувања и нема намера да престане.

Се шпекулираше дека поради сѐ нема да биде поканет на крунисувањето, а потоа поканата стигна само за него, но не и за неговата сопруга Меган Маркл. Исто така, огромно влијание предизвика и фактот што Чарлс им го зеде замокот Фрогмор Котиџ, кој кралицата Елизабета им го подари по нивната венчавка, и му го понуди на неговиот брат, озлогласениот принц Ендру, кој го одби.

Дека работите не се добри, потврди и тоа што никој од кралското семејство не се појави на крштевката на Лилибет која се одржа неодамна, иако добија покани. За жал, приказната штотуку доби нов тек, и додека некои велат дека Хари и Меган не го заслужиле ова, други се на мислење дека кармата ги стигнала.

Имено, британските медиуми објавија дека децата на принцот Хари и Меган, Арчи и Лилибет, не биле поканети на крунисувањето на Чарлс, иако од друга страна, се очекува децата и внуците на сопругата на кралицата Камила да бидат присутни на истиот настан.

На јавноста ѝ е познато дека Чарлс ги поканил синот и снаата на церемонијата која ќе се одржи на 6 мај, но поканите за нивните деца се премолчуваат. Оправдувањето е, како што се тврди, дека „Арчи и Лилибет се премали за толку долга церемонија“, но не е ни реално дека Хари и Меган нема да бидат со нивниот син, со оглед на тоа што на 6 мај му е четвртиот роденден.

Оваа одлука очекувано крена огромна прашина, а се уште не се знае дали Хари и Меган ќе се согласат да дојдат. Засега сигурно е дека на церемонијата ќе присуствуваат децата на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, принцот Џорџ (9) и принцезата Шарлот (8), додека сè уште се размислува за доаѓањето на принцот Луис (4), но е многу веројатно дека и тој ќе биде присутен.

Се очекува и внуците на Камила да присуствуваат на крунисувањето на нивната баба. Синот на Камила, Том Паркер има две деца на 15 и 13 години, а нејзината ќерка Лаура има 13-годишни близнаци.

Сè уште не е познато мислењето на Хари и Меган за оваа одлука на палатата, но беше нагласено дека „се очекува помала драма, бидејќи ова не е нивно шоу“, и дека би било соодветно да го почитуваат денот на кралот, како и другите членови на семејството.

Инаку, медиумите неодамна открија дека принцот Хари и Меган Маркл ја крстиле својата ќерка како принцеза Лилибет Дијана.

„Можам да потврдам дека принцезата Лилибет Дијана се крсти овој петок, на трети март во Лос Анџелес“, изјави портпаролот на парот за медиумите.

Извор за Мирор открил дека кралот Чарлс бил информиран дека Хари и Меган имаат намера да ги користат титулите за нивните деца. „Пред објавувањето на денешната вест за крштевката се водеа одредени разговори“, вели изворот.

Да потсетиме, Лилибет и Арчи не ги добија титулите при раѓањето бидејќи тогаш беа „само“ правнуци на кралицата, но по смртта на кралицата и преземањето на титулата од Чарлс, тие станаа внуци на владетелот, што значи дека тие автоматски ги добиваат титулите принц и принцеза, без оглед на тоа дали ја користат родителите нивната титула или не. Ова правило е воспоставено од кралот Џорџ V, дедото на кралицата Елизабета Втора, во 1917 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Цеца за фотките во бикини

Балканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. 

Фото: Цеца за фотките во бикини

Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело.

Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците.

Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца.

Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати.

Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Сабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона.

По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови.

Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време.

Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи.

Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Фудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник  2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд.

Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд.

Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините.

Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот.

Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката.

Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва.

Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер