Уште еден случај на бритална суровост кон животни- куче врзано за автомобил, влечено по асфалтот, па фрлено во бездна - Канал 5

Уште еден случај на бритална суровост кон животни- куче врзано за автомобил, влечено по асфалтот, па фрлено во бездна

Нов случај на малтретирање на куче. Жител на Крива Паланка го врзал животното со јаже за задниот дел од возилото, безмилосно го влечел по пат и го фрлил во речно корито.

Уште еден случај на бритална суровост кон животни- куче врзано за автомобил, влечено по асфалтот, па фрлено во бездна

Фотографиите од мачењето на животното објавени на социјалните мрежи предизвикаа лавина реакции, особено кај здруженијата за заштита на животните кои побараа строга казна за сторителот.

Откако надлежните институции биле запознаени со случајот, екипи на ТППЕ на Крива Паланка излегле на терен и го спасиле кучето, а од МВР најавија соодветна пријава против 59-годишниот сторител.

-На 13.08.2025 во 14.45 часот во ОВР Крива Паланка бил извршен службен разговор со З.М. (59) од Крива Паланка, затоа што на магистралниот пат село Жидилово- Крива Паланка на патничко моторно возило „фиат панда“ врзал куче и го влечел. По целосно документирање на случајот, против З.М. ќе следува соодветна пријава – велат од МВР.

Од здруженијата за заштита на животните се револтирани од овој нов случај на мачење на животни, откако во изминатиот период имаше случни вакви.

Сметаат дека слабата казнена политика во државава не ги одвраќа луѓето да, како што велат, покажат сила над беспомошните животни.

Инаку, пред еден месец за првпат во државава беше изречена затворска казна за убиство на животно. За смртта на кучето Феликс кое почина во јануари годинава, Љубе Крстевски доби три месеци затвор, а Бранко Билбиловски доби парична казна во вкупен износ од 1.000 евра.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем пожар во Германија, евакуирани околу 1.800 луѓе

Германските власти наредија евакуација на околу 1.800 луѓе рано утринава, откако шумски пожар во западниот дел на земјата се прошири кон село во близина на белгиската граница, пренесува Ројтерс.

Голем пожар во Германија, евакуирани околу 1.800 луѓе

Во соопштението објавено во 4:00 часот наутро, општинските власти им наложија на жителите на селото Гај (Gey) веднаш да ги напуштат своите домови.

Тие беа упатени кон прифатниот центар организиран во основното училиште во блискиот град Страс (Strass) и замолени со себе да ги земат само најнеопходните работи, личните документи и потребните лекови.

Во четвртокот, надлежните потврдија дека е започната голема интервенција поради пожар што зафати околу 25 хектари од блиската шума. Пожарникарите и службите за итни интервенции се обидуваат да го стават пожарот под контрола, а патот Б399 во тој дел е затворен за сообраќај.

Метеоролозите предупредуваат дека големи делови од Германија се соочуваат со суша и висок ризик од шумски пожари. Европа е континентот што најбрзо се загрева во светот и оваа година се соочува со невообичаено интензивна сезона на пожари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

14 хоспитализирани, а изгорени се куќи и автомобили во Хрватска кај Омиш

Хрватското крајбрежје кај градот Омиш се соочува со пожари.

14 хоспитализирани, а изгорени се куќи и автомобили во Хрватска кај Омиш

36 лица биле примени во сплитската болница ,а 14 лица се хоспитализирани, изгорени се куќи и автомобили.

Пожарот што избувна во Локва Рогозница синоќа се прошири и во градот Омиш.

Неколку стотици луѓе се евакуирани, а за жал повредени се и локални жители и пожарникари. Информации пристигнуваат и од терен за изгорени куќи и автомобили. Пристигнуваат и канадери за да им помогнат на исцрпените противпожарни екипи.изгорената површина се проценува помеѓу 900 и 1000 хектари.

Во текот на ноќта, пожарот, носен од силни ветрови, се проширил сè до Омиш.

Во еден момент, пожарот се приближил на 50 метри од центарот на градот. Некои делови од градот останале и без електрична енергија.

Нема информации дали има македонски граѓани затеканати во градот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од денеска се очекува укинување на забраната за пиење вода во Гостивар

Гостиварци извесно е дека од денеска ќе имаат безбедна  вода од градскиот водовод. Третото тестирање на водата, по претходните две задоволителни лабораториски анализи, покажувало значително подобрување на физичко-хемиските и микробиолошките пар

Од денеска се очекува укинување на забраната за пиење вода во Гостивар

Од локалниот кризен штаб за Канал 5 вчера потврдија дека до примероците земени вчера се добри и доколку резултатите ја потврдат исправноста на водата, се очекува денеска да биде укината забраната за нејзино користење за пиење.-трите лабаратории земале мостри на секои 12 часа.

Резултатите што ги добиле се добри, и покажале дека водата е исправна според физичките, хемиските и микробиолошките параметри. Се очекуваат уште едни резултати.

Од кризниот штаб апелираат граѓаните да не брзаат со користењето на водата за пиење сè додека не добијат официјално зелено светло од институтот за јавно здравје и агенцијата за храна и ветеринарство дека водата е безбедна за употреба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер