Уште еден силен земјотрес во близина на Санторини, илјадници бегаат од островот - Канал 5

Уште еден силен земјотрес во близина на Санторини, илјадници бегаат од островот

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во 20:09 часот, на архипелагот Додеканезе во Грција.

Уште еден силен земјотрес во близина на Санторини, илјадници бегаат од островот

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во областа со географски координати на географска ширина 36,6018 и географска должина 25,6083.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 14 километри под површината на земјата.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата. Овој регион, недалеку од познатиот остров Санторини во Егејското Море, од саботата го погодија повеќе од 1.400 земјотреси, поради што илјадници луѓе го напуштија островот стравувајќи од силен удар и активирање на вулканот.

Макрон во посета на Гренланд: Порака за европско единство пред Г7

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе го посети Гренланд заедно со данската премиерка Мете Фредериксен, во знак на поддршка за автономната територија.

Макрон во посета на Гренланд: Порака за европско единство пред Г7

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе го посети Гренланд заедно со данската премиерка Мете Фредериксен, во знак на поддршка за автономната територија и како одговор на интересот на САД за регионот, јави ДПА.

Двајцата лидери ќе разговараат со премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, за безбедноста во Северен Атлантик и Арктикот, како и за развојот на економијата, климатските промени и обновливите извори на енергија.

Посетата доаѓа неколку часа пред учеството на Макрон на Самитот на Г7 во Алберта, Канада, каде што ќе присуствува и претседателот Доналд Трамп.

Тензиите се зголемени откако Трамп повторно ја актуелизираше идејата за американско преземање на Гренланд. Данска и Гренланд тоа категорично го отфрлија.

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата се стабилизира и расте, раст на трговијата во индустријата од 6%

Економијата се стабилизира и расте, раст на трговијата во индустријата од 6%, и раст на преработувачката индустрија од 6,6 проценти.

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата се стабилизира и расте, раст на трговијата во индустријата од 6%

Економијата се стабилизира од пустошот и хаосот кој го остави СДС после 7 години катастрофално менаџирање, лоши економски политики и отсуство на мерки и проекти.

После 7 години откако СДС ја уништи економијата и го срози стандардот на граѓаните, од голем минус стопанството и трговијата во индустријата се стабилизираа.

Индикаторите за првиот месец од вториот квартал се високи, што покажува дека состојбата е стабилизирана во рамките на нула.

Имаме раст на трговијата во индустријата од 6%, раст на преработувачката индустрија од 6,6%.

Раст на прометот со трговијата во индустријата на меѓународниот пазар, каде имаме многу повеќе раст од домашниот. Прометот во трговијата во индустријата надвор е околу 7,5 – 7,6 проценти.

За краток период Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ исто така успеа да ги стабилизира буџетските приходи, и енормно да ја зголеми довербата на инвеститорите.

Владата работи посветено со домаќински скроен буџет, се зголемија платите во клучни сектори како здравство, образование, полиција, се работи на конкретни мерки и проекти за намалување на невработеноста со цел подобар и поквалитетен живот на граѓаните.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Израел издаде предупредување до Иранците да се држат подалеку од воени објекти

 Израелската војска преку објава на социјалните мрежи на фарси јазик издаде итно предупредување до граѓаните на Иран да се повлечат од близина на воени постројки и објекти поврзани со производство на оружје.

Израел издаде предупредување до Иранците да се држат подалеку од воени објекти

„Итно предупредување до сите ирански граѓани: Сите лица што моментално се наоѓаат или планираат да бидат во близина на фабрики за производство на оружје и нивните поддржувачки институции, нека ги напуштат овие области веднаш и да не се враќаат додека не добијат поинакви насоки“, се вели во пораката на официјалниот профил на израелската армија на фарси јазик.

притисни ентер