Уште еден клуб од Блискиот Исток сака да се натпреварува во АБА и Евролигата - Канал 5

Уште еден клуб од Блискиот Исток сака да се натпреварува во АБА и Евролигата

 По Дубаи, уште еден кошаркарски клуб од Блискиот Исток планира да „стапне“ на европско тло.

Уште еден клуб од Блискиот Исток сака да се натпреварува во АБА и Евролигата

Проектот со седиште во Абу Даби постепено ги поставува темелите за учество во натпреварувања како АБА и Евролигата во наредните години.

Се очекува Абу Даби да го следи патот на Дубаи и да игра во АБА лигата во сезоната 2027/28.

Според извори на „Баскет њуз“, долгорочната визија вклучува учество во екосистемот на Евролигата, потенцијално во Еврокупот уште во сезоната 2028/29.

Искуството од Фајналфорот на Евролигата во 2025 година, заедно со оние закажани за 2027 и 2029 година, го зголеми интересот на регионот за европски кошаркарски проекти.

Исто така, постои интерес од други пазари на Блискиот Исток, вклучително и Доха во Катар. Сепак, во моментов ниту еден проект не е толку напреден и активен како овој во Абу Даби, кој има за цел потенцијално да „лансира“ во сезоната 2027-28.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода разбојник од битолско, следува соодветна пријава

На 09.06.2026 во 12:50 часот во с.Логоварди, битолоско, полициски службеници од Полициското одделение Новаци го лишиле од слобода В.Ј.(29) од с.Новаци.

Лишен од слобода разбојник од битолско, следува соодветна пријава

Тој се сомничи дека на 08.06.2026 отишол во куќата на И.Т.(51) во с.Новаци физички го нападнал, му се заканувал и му одзел личен предмет, по што заминал. По преземени мерки, тој е пронајден и приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања

Од средбата со бугарската колешка Илијана Јотова ни стана јасно дека не се само уставните измени туку и други барања поврзани со протоколите – порача претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања

Според неа, јасно е дека двете земји имаат различни интерпретации за преговарачката рамка и протоколите, но оцени дека важно е што воопшто има дијалог меѓу двете страни.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претставници на МВР од Одделот за внатрешна контрола во посета на албанската Агенција за надзор на полицијата

Делегацијата на Одделот беше пречекана од директорот на Агенцијата за надзор на полицијата Клевис Ќосе.

Претставници на МВР од Одделот за внатрешна контрола во посета на албанската Агенција за надзор на полицијата

Делегација од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди предводена од помошник на министерот м-р Ивица Станковски, во организација на DCAF, Женевски центар за управување со безбедносниот сектор, одржа работна посета на албанската Агенција за надзор на полицијата. Делегацијата на Одделот беше пречекана од директорот на Агенцијата за надзор на полицијата Клевис Ќосе.

За време на посетата се разговараше за зајакнување на професионалниот интегритет на вработените и унапредување на внатрешните капацитети. Страните разменија искуства за организацијата и функционирањето на институциите за полициски надзор, методологиите за оперативни истраги, постапувањето по претставки од граѓани, механизмите за отчетност, како и предизвиците поврзани со зголемувањето на транспарентноста и јавната доверба.

Од особена важност беше истакнато зајакнување на регионалната соработка и споделување на најдобрите практики во областа на полицискиот надзор.

Претставниците на Агенцијата го презентираа албанскиот модел на полициски надзор, организациската структура и работните практики на Дирекцијата за истраги и Дирекцијата за инспекции и претставки, додека делегацијата од Одделот ја претстави организациската структура и ги сподели искуствата од приоритетите на Планот за професионален интегритет 2026–2028.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер