Уште еден играч од шампионскиот тим на Ливерпул заминува - Канал 5

Уште еден играч од шампионскиот тим на Ливерпул заминува

Репрезентативецот на Шкотска Енди Робертсон на крајот од сезоната ќе го напушти шампионскиот тим на Ливерпул. Тој е уште еден од играчите со две освоени титули во Премиер лигата што го напушта Енфилд.

Уште еден играч од шампионскиот тим на Ливерпул заминува

32-годишниот играч како слободен играч заминува од клубот откако му истекува договорот. Тој ќе биде вториот фудбалер по Мохамед Салах, од ерата на Јирген Клоп што заминува. Робертсон во Ливерпул дојде од Хал за осум милиони фунти и досега има одиграно 373 натпревари.

Покрај двете шампиони титули во Англија има шампионски пехар во Лигата на шампионите, ФА куп, два Лига купа, Светско клупско првенство и УЕФА Супер куп.

– Никогаш не е лесно да се напушти клуб како Ливерпул. Беше голем дел од мојот живот и животот на моето семејство овие девет години. Имав шанса да заминам и порано, но сепак овој клуб имаше голема важност за мене. Сметам дека сега е вистинскиот момент да го направам следниот чекор во кариерата, изјави популарниот Енди.

За Робертсон има голем интерес, а во трка за негов потпис се Наполи, Јувентус, Атлетико Мадрид и Тотенхем, додека враќање во Шкотска сега не варијанта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Винисиус сака да остане во Реал Мадрид

 Бразилскиот напаѓач Винисиус Жуниор одлучил да остане во  редовите на шпанскиот гигант Реал Мадрид.

Винисиус сака да остане во Реал Мадрид

Иако летово шампионот на Премиер лигата Арсенал покажа огромен интерес за негово ангажирање сепак популарниот Вини истакнал дека не сака да замине од Мадрид.

Новиот предводник на кралевите Жозе Мурињо смета дека Бразилецот е клучен играч за него и направи сè што е во негова моќ за да го убеди да остане во Мадрид, пренесува „Скај Спортс“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Продолжуваат инвестициите во патната инфраструктура во Тиквешкиот регион

Продолжуваат инвестициите во патната инфраструктура во Тиквешкиот регион, објави на својот Фејсбук, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. 

Јанчев: Продолжуваат инвестициите во патната инфраструктура во Тиквешкиот регион

Подготовки за асфалтирање на патниот правец Мрежичко – Мајден, проект што го реализира ЈП за државни патишта и Македонијапат со инвестиција вредна над 50 милиони денари.

Со оваа значајна инвестиција ќе се подобри безбедноста и квалитетот на сообраќајното поврзување, ќе се олесни секојдневното движење на жителите и ќе се создадат подобри услови за локалниот развој.

Продолжуваме со инвестиции кои значат поквалитетна патна инфраструктура и подобри услови за живот за граѓаните, стои во објавата на Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италијанска вечер на „Охридско лето“

Големата ѕвезда во светот на пијанизмот, Кристијана Пегораро вечерва ќе одржи концерт во рамки на Италијанската вечер на „Охридско лето“. Таа ќе настапи во црквата „Света Софија “ со почеток во 21 часот.

Италијанска вечер на „Охридско лето“

Опишана од дневниот весник „Њујорк Тајмс“ како „уметница од најголем калибар“, Кристијана Пегораро настапува во најпрестижните концертни сали во Европа, САД, Јужна Америка, на Блискиот Исток, во Азија и во Австралија.

Настапувала пред претседателите на Италија, Серџо Матарела и Карло Азељио Кјампи, пред лидерите во Собранието на ОН, пред гувернерот на Њујорк, пред војвотката од Луксембург и други високи политичари во Италија, Канада и Австрија.

Нејзината дискографија вклучува 34 носачи на звук, а за албумот со танго музика од Астор Пијацола е добитничка на Златен медал на Глобалните музички награди во Калифорнија.

Добитничка е на повеќе од 50 меѓународни награди и признанија. Во 2019 година ја добива престижната награда „Белисарио“, доделена на церемонија пренесувана во живо од италијанската телевизија РАИ. Неодамна, округот Вестчестер во државата Њујорк ѝ посвети ден од годината, па така според официјалната објава на Советот – 28 Март секоја година се празнува како ден на Кристијана Пегораро.

Италијанската вечер на фестивалот „Охридско лето“ се одржува со поддршка на Италијанската амбасада во земјава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер