Уште еден детски живот прекинат од рака на родител - што ја натера оваа мајка да си ја убие ќерката - Канал 5

Уште еден детски живот прекинат од рака на родител - што ја натера оваа мајка да си ја убие ќерката

Страшна трагедија во Сокобања - 36 годишната Ивана Мајсторовиќ ја задавила со кабел својата осум годишна ќерка а потоа се обесила. Девојчето во агонија се обидело да се одбрани од својата мајка, но за жал било послабо - пишува Блиц. Пред да го изврши злосторот, Ивана оставила писма за сопругот и својата мајка.

Уште еден детски живот прекинат од рака на родител - што ја натера оваа мајка да си ја убие ќерката
- Безживотните тела се пронајдени од полицијата во вторникот вечерта во куќа во населбата Царина. Телото на Ивана е најдено на таванот а во орманот било телото на нејзината осум годишна ќерка. Околу вратот ан девојчето бил замотан кабел со кој мајката ја задавила. Девојчето се обидувало да се одбрани но Ивана ја давела неколку минути. Детето на крајот починало а Ивана се обесила - пишува Блиц.

Во куќата се пронајдени проштални писма од Ивана - до нејзината мајка Гордана и сопругот Дејан кој за време на трагедијата бил во Франција.

- Извинете што ви нанесеувам билка. Но бидете задоволни бидејќи Наталија и јас одиме на подобро место - стои во писмото до мајката на Ивана - пишува Блиц.

Новинарите на Блиц имале увид и во писмото до сопругот на Ивана, но наводите во тоа писмо, како што пишува Блиц, се „исклучително тешки“ и затоа, додека не се утврди дали е тоа вистина, тоа нема да биде објавено.

Ужасната трагедија никој не ја очекуваше. Во Центарот за социјална работа во Сокобања немало пријава за насилство во семејството. Предминатиот викенд Ибана и Дејан прославиле роденден на својата ќерка - единица, и ништо не навестувало дека мајката подготвува вакво злосторство.

Сепак, Блиц пишува дека Дејан во сослушувањето во полицијат признал дека таа во последниот емсец неколку пати му најавила дека ќе се убие и себеси и детето, но тој не верувал дека е способна тоа да го стори.

Психијатарот Оливер Видоевиќ за Блиц објаснува дека се работи за таканаречено „убиство од милосрдие“.

- Личноста која изведува таков чин на колективен суицид живее во очајување, сметајќи дека нешто им се заканува нејзе и на нејзиното дете, и со убиство и самоубиство го спасува и детето и себеси. Со оглед на тоа што оставила писма, може да се заклучи дека овој чин го планирала долго. Агресивноста која ја покажала кога ја убивала ќерка си упатува на тоа дека мајката го доживувала детето како дел од себе - вели Видоевиќ.

Истрагата треба да открие зошто оваа млада мајка ја донела оваа ужасна одлука - да ја убие својата ќерка, која до последен момент се борела со мајка си за сопствениот живот, а потоа да се убие и себеси,

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Историски успех: „SpaceX“ за прв пат го фати „Starship“ (ВИДЕО)

Вселенскиот брод „Starship“ на „SpaceX“ се врати на Земјата во саботата, а џиновските механички раце го фатија во воздух над истата локација во Тексас од која полета 22 часа претходно.

Историски успех: „SpaceX“ за прв пат го фати „Starship“ (ВИДЕО)

Тоа беше прв пат ваков маневар за заробување да биде успешно извршен, откако претходниот обид не успеа, пишува „France24“.

Успех во сенка на неуспехот

Иако заробувањето на самиот „Starship“ беше целта на која се надеваа Елон Маск и неговиот тим, компанијата не успеа да го спроведе планираното двојно заробување. Погонската фаза, позната како бустер, експлодираше кратко по лансирањето во петокот.

Додека вселенскиот брод од не'рѓосувачки челик се спушташе вертикално кон лансирната рампа, остатоците од бустерот беа обезбедени во Мексиканскиот Залив. И покрај проблемот со бустерот, самото заробување на вселенскиот брод беше импресивно. „Можете ли да верувате?“, коментираше Ден Хуот, преносот во живо на „SpaceX“.

„SpaceX“ вели дека успехот од саботата ја докажува целосната повторна употреба на „Starship“, што е клучен предуслов за идните мисии на Месечината и Марс. Иако петочниот бустер не успеа да се врати, компанијата успешно го сними три пати претходно, потврдувајќи ја функционалноста на методот.

НАСА, исто така, одговори позитивно. Вселенската агенција го финансира развојот на „Starship“ со милијарди долари за да слетаат астронаути од мислијата „ Artemis “ на Месечината и да помогнат во изградбата на постојана база на Месечината до крајот на оваа деценија. Маск има поамбициозни планови, вклучително и лансирање на цела флота од вселенски бродови за изградба на град на Марс.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 14.11.2026 во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода С.В.(29) од Радовиш.

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и предмети со остатоци од марихуана. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полета новиот кинески електричен авион (ВИДЕО)

Новиот кинески електричен патнички авион полета со одлични резултати, завршувајќи го својот прв лет со екипаж.

Полета новиот кинески електричен авион (ВИДЕО)

Авионот од 10 тони прелета над Бинжоу, во источната кинеска провинција Шандонг, каде што двајца пилоти и еден инженер за тестирање на летот го тестираа во саботата.

Развиен од COMAC - Корпорацијата за комерцијални авиони на Кина - CE-25A е првиот електричен комерцијален авион на компанијата. Дизајниран првенствено за кратки меѓуградски летови, може да носи до 19 патници со брзина на крстарење од 300 километри на час.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер