Уште еден автомобилски класик заминува во пензија - Канал 5

Уште еден автомобилски класик заминува во пензија

Тој беше најтежок ривал на Форд Мустанг, а сега оди во пензија.

Уште еден автомобилски класик заминува во пензија

Токму така, Chevrolet објави дека 2024 година е последната моделска година на Camaro. Заклучокот на шестата генерација ќе биде означен со специјална серија Collector's Edition со уникатна Panther црна боја. Станува збор за мат црна боја која за прв пат се нуди на моделот.

Последната серија ќе се нуди во САД на повеќето верзии на мотори, а колекторското издание ZL1 е ограничено на само 350 единици. Од посебните детали, автомобилот добива надолжни ленти во сјајна црна боја, задни и предни спојлери и соодветни ознаки. Другите опции (LT/RS, LT1 и SS) ќе вклучуваат тркала од 20 инчи. Сите клиенти добиваат подарок часовник Shinola Canfield Sport. Почетната цена е 39.440 УСД.

Кога станува збор за последната моделска година, Chevrolet откри дека верзијата со 2.0 мотор се укинува, оставајќи ги како опции 3.6 V6, 6.2 V8 и 6.2 V8 LT4. Преведено, тоа значи дека Camaro ќе биде поскап, па верзијата со V6 мотор и над 335 КС ќе стартува од 32.495 долари.

Производството на Камаро ќе биде прекинато во јануари 2024 година. Не се знае многу за можниот наследник, освен она што го изјави Скот Бел, потпретседател на Шевролет: „Иако денес не објавуваме непосреден наследник, бидете сигурни дека ова не е крајот на приказната за Камаро“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американската војска соопшти дека погодила десетици цели низ Иран

Американската војска соопшти дека погодила десетици цели низ Иран

Американската војска соопшти дека погодила десетици цели низ Иран, вклучувајќи системи за воздушна одбрана, радарски локации, ракетни и беспилотни објекти. Потоа, ИРГК нападнала американски цели во регионот.

Американските сили погодија цели низ Иран, а ИРГЦ возврати со напад .

Иранските медиуми известија за експлозии во Бандар Абас, Кешм, Сирик, Џаск и делови од Хузестан. Едно лице загина, а четворица беа ранети во нападот врз станицата за пумпање вода во Махшар. Потоа, ИРГЦ изведе одмазднички напади.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, изјави дека нападите на Иран врз американските воени бази и средства во јужниот дел на Персискиот Залив претставуваат легитимно и законско остварување на вроденото право на земјата на самоодбрана според меѓународното право.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Огромен пожар избувна во бар во Бангкок, најмалку 27 загинати, а осум се тешко повредени

Огромен пожар избувна во бар во Бангкок доцна синоќа, при што загинаа најмалку 27 лица, а осум се тешко повредени.

Огромен пожар избувна во бар во Бангкок, најмалку 27 загинати, а осум се тешко повредени

Пожарот започнал во близина на сцената на барот во популарниот кварт Чатучак, а потоа брзо се проширил, прекинувајќи ја струјата и зафаќајќи ја просторијата со чад, велат очевидци.

Пожарникарите, кои пристигнале на местото на настанот веднаш по полноќ, брзо го изгаснале пожарот. Тие ги пронашле телата на повеќето жртви во тоалетот , каде што очигледно побарале засолниште.

Прелиминарните истраги на одделот за превенција од катастрофи во Бангкок сугерираат дека пожарот можеби е предизвикан од електричен краток спој во клима уредот, иако не е наведена официјална причина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американскиот NTSB ја презема истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“- и Македонија дел од истражниот тим

Националниот одбор за безбедност во транспортот на САД го презема комплетното делегирање на истрагата за инцидентот со авионот на Рајанер пред три дена, кога се случи оштетување на моторот

Американскиот NTSB ја презема истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“- и Македонија дел од истражниот тим

Националниот одбор за безбедност во транспортот на САД го презема комплетното делегирање на истрагата за инцидентот со авионот на Рајанер пред три дена, кога се случи оштетување на моторот, а според информациите, српски државјанин за малку ќе излетал од скршен прозорец.

Ова за Канал 5 го потврди претседателот на комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти, Марјан Прпоски, иако вчера во повеќе регионалните медиуми се појави вест дека Македонија ќе ја предводи истрагата поради тоа што инцидентот се случил над македонско небо.

Прпоски за Канал 5 потврди дека и македонски претставници ќе бидат дел од истражниот тим што ќе работи под раководство на американската институција..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер