Уште 40 милиони евра хуманитарна помош од ЕК за Украина - Канал 5

Уште 40 милиони евра хуманитарна помош од ЕК за Украина

Европска комисија најави дека ќе ослободи уште 40 милиони евра хуманитарна помош за Украинците, од кои 35 милиони евра ќе бидат наменети за хуманитарни проекти во Украина, а остатокот ќе биде за поддршка на украинските бегалци во Молдавија.

Уште 40 милиони евра хуманитарна помош од ЕК за Украина

ЕК наведува дека помошта е директно поврзана со претстојната зима и состојбата на украинската енергетска инфраструктура оштетена при руските напади. Средствата ќе бидат наменети за реставрација на уништените згради, за обезбедување струја, греење и засолниште.

Од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година ЕК и додели на Украина 966 милиони евра за хуманитарна помош, од кои 71 милион евра беа за украинските бегалци кои побегнаа во Молдавија.

Комисијата насочува помош во рамките на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, бидејќи во Украина се испорачани повеќе од 150.000 тони помош во натура, како што се амбулантни возила, противпожарни возила, лекови, средства за засолниште, генератори, се додава во соопштението.

ЕК преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ и испорача на Украина повеќе од 150.000 тони помош во натура – амбулантни возила, противпожарни возила, лекови, засолништа, генератори на струја. /МИА

Изложба „Сенки“ на Стојан Павлески во Македонскиот културен центар во Њујорк

Во галеријата на Македонскиот културен центар во Њујорк  денеска ќе биде отворена изложбата „Сенки“ (2025) на уметникот Стојан Павлески.

Изложба „Сенки“ на Стојан Павлески во Македонскиот културен центар во Њујорк

Проектот „Сенки“, е конципиран како колажна инсталација, која ги илустрира некогашните глорификации на идеолошката смисла на војувањето, наспроти сегашните бесмислени подвизи од името на новиот поредок, истиснувајќи го човекот од времето кое го живее. Концептот на „Сенки“ произлегува од потребата на современото општество да се одговори на прашањето за смислата на човековото позиционирање во апокалиптичните сценарија на денешницата. Живеејќи во време на технолошка револуција и предоминатна индустриска експанзија, каде трговските војни и акумулацијата на капиталот стануваат врвен приоритет, проектот суштински го адресира прашањето за човековиот опстанок, оставен на сопствените инстикти и можеби принуден на паравоено преживување.

- Фрагментираните фотографии со воени сцени како фризови од новите пантеони на моќта и цртежите од повоениот период се судираат во концептот на Демначот на крајот соочен со псевдопотентноста на времето кое го живее. Апроприираните цртежи се критички реанимации со реконтекстуализарана порака во време кога симболиката се консумира побрзо отколку што се разбира. Нивната корелација со пластичните играчки војници и осамениот Демнач, го изнесува на површина прашањето: Што е она што се задржува на периферијата на колективната свест и дали овие духови на отпорот ги фрлаат своите сенки низ генерациите?, вели авторото Павлески.

Изложбата ќе биде отворена до 27 јуни.

Стојан Павлески е роден во 1976 година во Скопје. Дипломирал на Архитектонскиот факултет и на Ликовната академија, оддел сликарство, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Учествувал на повеќе групни ликовни изложби во земјава и во странство. Aвтор е на проектот„Ничија земја“ (2016), претставник на 15-то Биенале на архитектура во Венеција.

Канал 5 дознава: Македонија евакуира меѓу првите во Европа, авионот од Египет тргнува назад

Авионот испратен за евакуација на првата група од осум македонски државјани кои се евакурани од Израел, од Шарм Ел Шеик во Египет, тргнува назад кон Македонија.

Канал 5 дознава: Македонија евакуира меѓу првите во Европа, авионот од Египет тргнува назад

Се очекува групата од осум лица да пристигне вечерва на скопскиот аеродром

Како што дознава Канал 5, Македонија ги евакуираше своите државјани меѓу првите земји во Европа, пред Унгарија и Грција.

Албанските и словенечките државјани се враќаат во своите земји со помош на Грција.

„Бетcast" со Александра Каранфиловска

Вечерва во 21:30ч премиерно на YouTube, и во 23:30ч на Канал 5 ТВ.

„Бетcast" со Александра Каранфиловска

Колку длабоко во човековата психа може да допре психичката траума?

Што доведе една млада личност да посегне по сопствениот живот, кои се тајните знаци на патот до амбисот?

Александра Каранфиловска во Беткаст во 21:30ч премиерно на YouTube, и во 23:30ч на Канал 5 ТВ.

YouTube video

притисни ентер