Усеин Болт доби близначиња и ги објави нивните имиња (ФОТО) - Канал 5

Усеин Болт доби близначиња и ги објави нивните имиња (ФОТО)

Легендарниот спринтер и олимписки победник Усеин Болт и неговата партнерка Каси Бенет вчера објавија дека станале родители на близнаци, две момчиња Тандер Болт и Сент Лео Болт.

Усеин Болт доби близначиња и ги објави нивните имиња (ФОТО)

Атлетичарот од Јамајка ја објави среќната вест на Инстаграм со семејна фотографија за Денот на таткото, со емоџи што претставува молња што ја поставил покрај имињата на момчињата, како и покрај нивната постара ќерка Олимпија Болт родена во мај 2020 година.

Каси Бенет објавила и фотографии од семејството со порака: „Среќен ден на таткото на мојата љубов засекогаш. @Usainbolt ти си карпа на ова семејство и најдобар татко на твоите деца“.

Усеин Болт (34), носител на осум златни медали од Олимписките игри во 2008, 2012 и 2016 година, нема да учествува на овие во Токио затоа што се повлече од спортот во 2017 година. Потоа се обиде како фудбалер, но во 2019 година сепак го напушти светот на спортот. Тој сè уште држи светски рекорди на 100 и 200 метри и е единствениот спортист што освоил злато во двете дисциплини на три последователни Олимписки игри.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување: Го оштетиле Буџетот за над 7 милиони денари

Првопријавениот М.Д и второпријавеното правно лице го оштетиле Буџетот на Република  Македонија во вкупен износ од 7.211.359,00 денари.

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување: Го оштетиле Буџетот за над 7 милиони денари

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против едно физичко лице, управител и сопственик на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Даночно затајување“ од член 279 и “Фалсификување или уништување на деловни книги” од член 280 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Првопријавениот М. Д. во својство на сопственик и управител на правното лице, во 2021 година, свесно и со однапред утврдена намера, со цел да се стекне со противправна имотна корист за себе и за второпријавениот правен субјект, преку фиктивно книжење извршил присвојување на наплатените парични средства од продажба на нафта и нафтени деривати во износ од 7.040.484,00 денари при што не пресметал и не платил данок на личен доход во вкупна вредност од 782.198,00 денари.

Дополнително, првопријавениот М.Д. преку фиктивно книжење извршил намалување на залихата евидентирана на конто 6630 во вредност од 7.040.484,00 денари, а воедно извршено е намалување на приходите на конто 7411 во износ од 3.222.664,00 денари, намалување на обврската за ДДВ евидентирана на конто 2301 во износ од 580.003,00 денари и зголемување на набавната вредност на продадената стока на конто 701000 во вредност од 3.425.798 денари, при што не пресметал и не платил данок на додадена вредност вкупна вредност од 1.653.677,00 денари, данок на личен доход во вкупна вредност од 782.198 денари и данок на добивка во вкупна вредност од 664.846,00 денари.

Исто така, првопријавениот М.Д. во 2024 година, свесно и со умисла евидентираната залиха на конто 6630 – „Стоки во продавница со стапка од 18% во износ од 12.630.670,00 денари ја присвоил за себе и не ја евидентирал во сметководствената евиденција на второпријавениот правен субјект како кусок, при што не пресметал и не уплатил данок на додадена вредност во износ од 1.925.177,00 денари и данок на личен доход во износ од 1.403.267,00 денари.

Со наведените дејствијаСо наведените дејствија првопријавениот М.Д и второпријавеното правно лице го оштетиле Буџетот на Република Македонија во вкупен износ од 7.211.359,00 денари.

Управа за финансиска полиција

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Политиката на изолација на Мицкоски најдобро се гледа на граничниот премин

Додека Христијан Мицкоски со државниот авион (што веќе го третира како приватен) оди на своите екскурзии,  македонските граѓани со децата, стојат со саати под жешкото сонце на граничните премини.

СДСМ: Политиката на изолација на Мицкоски најдобро се гледа на граничниот премин

Колони од повеќе километри.

Чекање од 4, 6, понекогаш и 10 часа.

Луѓе што сакаат само да стигнат до море.

Ова е реалната слика на политиката што ја спроведува организираната криминална група ВМРО-ОКГ.

Половина од Владата и голем дел од функционерите на ВМРО имаат бугарски пасоши.

Нивните семејства имаат бугарски пасоши.

Имаат фирми во Бугарија.

Имаат европски документи.

Тие и нивните најблиски минуваат преку посебен - ЕУ премин.

Тие си обезбедија Европа за себе.

За граѓаните на Македонија не им е гајле.

Единствената нивна грижа е што во буџетот сѐ помалку има пари за нови криминални тендери.

Тоа е најголемата грижа на „тендер-патриотите“.

Додека народот стои во колона, тие летаат.

Додека децата седат во прегреани автомобили, тие уживаат во привилегиите што си ги обезбедија преку бугарските пасоши.

Ова е нивна политика - изолација за народот, Европа за себе.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Нов потпорен ѕид во градинката „Кочо Рацин", инвестиција од 5,99 милиони денари

Општина Центар информира дека во кругот на градинката „Кочо Рацин" се отстранува стариот потпорен ѕид и на негово место се гради нов со должина од 37,26 метри и висина од 3,6 метри.

Герасимовски: Нов потпорен ѕид во градинката „Кочо Рацин", инвестиција од 5,99 милиони денари

Станува збор за ѕид кој беше стар 25 години, кој сега ќе биде заменет со конструкција од армиран бетон, со темели пошироки од претходните.

„И ова лето вложуваме во воспитно-образовната инфраструктура. Во моментов се работи и на поставување нова енергетски ефикасна фасада на училиштето „Кирил и Методиј", следно е спортската сала во училиштето „Коле Неделковски" и „Гоце Делчев“, а во тек се и санации во ООУ „Димитар Миладинов", рече градоначалникот Герасимовски.

Изградбата на ѕидот се изведува по сите важечки стандарди, со посебно внимание на квалитетот на материјалот и техничката изведба. Проектот е вреден 5.992.394,00 денари и ќе биде целосно завршен во рок од еден месец.

Со оваа инвестиција, Општина Центар продолжува со континуираниот процес на подобрување на инфраструктурата во училишните и предучилишни установи на својата територија.

Со почит,

Одделение за односи со јавност

Општина Центар - Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер