Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
1Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи
2Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи
СветУругвај стана првата латиноамериканска земја што усвои закон за евтаназијаУругвај вчера стана првата латиноамериканска земја што го усвои законот со кој се легализира евтаназијата, откако уругвајскиот Сенат гласаше за законот, што Долниот дом на Парламентот го одобри во август, јави ДПА.Текстот на законот беше одобрен со 20 од 31 глас, објави весникот „Ел Обсервадор“, кој забележа дека Уругвај е првата земја во претежно католичкиот регион што ја легализира евтаназијата преку акт на парламентот - во Колумбија и Еквадор оваа практика беше декриминализирана преку судовите, потсетува германската агенција. „Уругвај денеска повторно е на чело на агендата за правата на луѓето. Го усвоивме законот за евтаназија: мерка што ја признава слободата на избор до самиот крај, со достоинство и слобода“, наведе сенаторката Констанца Мореира на мрежата X. Сенаторот Алехандро Санчез рече дека усвојувањето на законот „зборува за длабока посветеност на човечкото достоинство и слобода“. Сенаторот Даниел Каџани зборуваше за „историски ден“. „Уште еднаш на чело на проширувањето на правата, Уругвај станува првата земја во Латинска Америка со закон што дозволува евтаназија, гарантирајќи го правото на достоинствено умирање“, навед сенаторот на X. Уругвај се придружува на само неколку земји во светот со закон за евтаназија, меѓу кои се и Холандија, Шпанија и Канада, јавува ДПА.Тагови: Уругвај евтаназија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВо Кина спасено девојче кое висело од прозорец на 12-ти кат (ВИДЕО)Тригодишно девојче е спасено во кинескиот град Џангпинг откако било пронајдено како виси од прозорец на 12-ти кат, со главата заглавена меѓу метални решетки.Инцидентот се случил пред четири дена, утрото на 17 октомври, при што детето останало да виси од надворешната страна на зградата. Снимки од настанот се појавија на социјалните мрежи. Еден сосед го забележал детето, веднаш споделил фотографии во групниот разговор на станарите од зградата и повикал помош. На снимките се гледа како девојчето се држи за решетките со рацете. Службениците за обезбедување и вработените во зградата брзо реагирале, влегувајќи во стан на 11-ти кат – точно под оној во кој се наоѓало девојчето. Двајца мажи се наведнале низ прозорецот и поставиле столче под детето. Тоа послужило како потпора, ја презело тежината на детето и го задржало на безбедно сè до пристигнувањето на пожарникарите. 太惊险了😱爸爸去上班,妈妈早起去买菜,一岁多的孩子被挂16楼阳台。 后续被众人合力救下🙏 https://t.co/2cMDzwVuIc — 小牛 (@Xiaoniu6161) October 17, 2026 Станарите изјавиле за локалните медиуми дека девојчето било само дома во моментот на инцидентот. Нејзиниот татко бил на работа, а мајката отишла во продавница додека детето спиело. Се претпоставува дека девојчето се протнало низ решетките, по што главата ѝ заглавила. По пристигнувањето на пожарникарите, девојчето било извлечено на безбедно и пренесено во болница на преглед. Извор: Индекс.хрТагови: девојче Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканМасовни протести низ Грција- учениците и студентите направија хаос во Атина, 20 уапсени (ВИДЕО)Денеска во Грција се одржуваат масовни протести на ученици и наставници, со кои се бараат значајни промени во јавното образование. Демонстрации беа организирани во Атина, Солун, Патра, Лариса, Волос и Крит, а меѓу главните причини за незадоволство се зголемените трошоци за студирање и кризата со домувањето, објави Ројтерс. Претставници на образовните синдикати, студентските здруженија и други организации од образовната заедница се придружија на протестите, додека Синдикатот на државни службеници АДЕДИ прогласи прекин на работата за вработените во јавниот сектор за да можат да учествуваат во демонстрациите. View this post on Instagram A post shared by Al Arabiya English (@alarabiya_eng) Поради собирањето на демонстрантите, центарот на Атина е затворен, како и метро станицата „Универзитет“. Автобусите и тролејбусите работат нормално, но привремени промени се воведени на некои линии во централниот дел од главниот град. Денешните демонстрации се продолжение на акциите што започнаа во вторник, кога студентите поставија шатори на плоштадот Синтагма во Атина. Слични протести се одржуваат и во други грчки градови, а учесниците предупредуваат за зголемените трошоци за образование и тешкотиите со кои се соочуваат младите луѓе при наоѓање сместување. На протестите учествуваат и наставници, болнички лекари и државни службеници, а одлуките за штрајкови и прекини на работата варираат од сектор до сектор. Според достапните информации, полицијата привела вкупно 20 лица во Атина и Солун. View this post on Instagram A post shared by IGR (@igr_media) Внимание привлекуваат и транспарентите на демонстрантите, со пораки на француски јазик, вклучувајќи го и слоганот „Студии или преживување?“, кој укажува на финансиските проблеми на учениците и сè потешките услови за продолжување на образованието. Мобилизацијата доби поширок карактер благодарение на учеството на Грчката федерација на наставници (DOE), Федерацијата на вработени во средно образование (OLME), студентските координативни тела, студентските здруженија и други претставници на образовната заедница. Education sector rally underway in central Athens https://t.co/cRs8P6svtI https://t.co/jM2QZWn5f8 — ANA-MPA news (@amna_newseng) October 21, 2026 Демонстрантите бараат промени во јавниот образовен систем и решавање на проблемите што, како што велат, влијаат не само на секојдневниот живот во училиштата, туку и на можноста на младите луѓе да започнат и да продолжат со високо образование.Тагови: Атина грција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре врнежливо време, попладне поројни дождовиВремето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта, информира УХМР. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС) 12 Попова Шапка, 16 Крушево, 17 Охрид, Претор, Лазарополе, 18 Тетово, Маврови Анови, 20 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Прилеп, 21 Крива Паланка, Демир Капија, 22 Скопје-Петровец, Велес, Штип, Кавадарци, Берово, Струмица, 23 Виница, Гевгелија. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа до 17 часот во (l/m2) 1 Маврови Анови. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Променливо облачно со сончеви периоди. Дуваше слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Попладнево во западните делови имаше повремен локален дожд. До крајот на денот и во текот на ноќта ќе преовладува облачно време и ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Наместа врнежите ќе бидат поројни проследени со појава на грмежи. По оделни котлини ќе има услови за утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 19 до 24 степени. Во Скопје, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 22 степена. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во петок во утринските часови ќе има повремен локален дожд, а во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Во сабота ќе се задржи стабилно време, а од недела и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно и посвежо со повремени локални врнежи од дожд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter