Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
1Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
БалканУрсула фон дер Лајен при посетата на Белград: Ставот на ЕУ подразбира слобода, а не репресијаПретседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен која денеска е во посета на Србија изјави дека ставот на Европската унија „подразбира слобода, а не репресија, вклучително и правото на мирно собирање,“.На прес конференција со српскиот претседател Александар Вуќич таа додаде дека Унијата се залага за партнерство, „а, не за потчинување и за дипломатија наместо агресија“. Таа потсети дека пред речиси две децении, Србија го направила изборот да се приклучи кон ЕУ и очекува Белград да го забрза својот пат кон ЕУ и дека сега е вистинскиот момент Србија да преземе конкретни програми за приклучување. „Првата поента е дека треба да видиме напредок во областа на владеењето на правото, електронските медиуми и изборните закони. Тие бараат упорност, трпение... Вреди да се вложи труд бидејќи ве доближува до целта, а тоа се темелите за одржливо и мирно општество. Сакам да го поздравам напредокот во врска со избирачките списоци и советот на РЕМ. Свесна сум за напорите што ги вложуваат сите за заедничка соработка, тоа е добар прв чекор. Имплементацијата е клучна. Затоа би ве поканил да дојдете во Брисел за еден месец за да видите каква е ситуацијата“. „Морам да ве пофалам за усогласувањето на надворешната политика со ЕУ за 61 процент. Како дел од планот за раст, формиравте надзорен одбор. Мислам дека тоа е одличен сигнал“. Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави по средбата со фон дер Лајен дека членството во Европската унија е стратешка определба и сопственост на српската надворешна политика. „Тоа сигурно нема да се промени до следните избори, а верувам дека дури и после тоа“, истакна Вучиќ. Тој потсети дека од тогаш почетокот на војната во Украина, Србија не отвори никакво поглавје од преговорите со ЕУ, ниту кластер, иако, според него, некои работи се добро направени. „Ми се чини дека барем направивме некои работи во последно време. Сè уште треба да направиме многу, но исто така треба да разговараме за насоката на нашата политика овде во земјата. Според тоа, верувам дека она што е направено во врска со регулаторната агенција, избирачките списоци и некои други работи поврзани со клучните енергетски прашања ќе добие позитивна оценка од Европската комисија“, рече Вучиќ. Според него, изјавите дека Србија ќе влезе во ЕУ до 2025 година беа дадени во периодот кога некои други луѓе беа на чело на ЕК, но се покажа дека никој не го мислеше тоа сериозно и дека самата Србија не беше подготвена. „Ќе се обидеме да го исполниме она што се нарекува реформска агенда и се надевам дека ќе ја имаме поддршката од Европската Унија за сето ова и дека ќе нè слушнат во Брисел. Не е секогаш едноставно и не е лесно целосно да им се презентира на луѓето овде“, рече тој. Претседателот истакна дека постојат две клучни прашања за Србија, без да прецизира што точно мисли и да напомени дека оваа тема не мора да се отвори денес. „Знаете кои се двете клучни прашања за нас. Не мора да ја отвориме таа тема денес, но ќе мора да ја отвориме меѓу нас во наредните месеци“, рече тој. Вучиќ денес изјави дека за Србија членството во ЕУ е стратешка определба и приоритет на надворешната политика и дека тоа нема да се промени до следните избори, но дека верува и потоа, и наведе дека доставил писмо до претседателката на ЕК во кое бара од ЕУ да ја ослободи Србија од царините за челик. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПродолжува судењето за „Државна Лотарија“ каде обвинети се Артан Груби и Перпарим БајрамиДенеска продолжува рочиштето за предметот „Државна Лотарија“. Меѓу обвинетите се поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на Државна Лотарија, Перпарим Бајрами, како и уште шест лица.Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања при набавка на видеолотариски терминали. Според обвинението, со незаконско постапување на државната компанија ѝ била нанесена штета од околу 596 милиони денари, односно 9,7 милиони евра. Сите обвинети досега се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.Бајрами на судењето се појави откако претходно беше во бегство, а притворот му беше заменет со гаранција во недвижен имот вредна над 1,1 милион евра. На Груби кој исто така беше во бегство пред судењето, му беше укинат домашниот притвор, но останува без пасош и со други мерки на претпазливост.Тагови: Државна лотарија Артан Груби Основен кривичен суд Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСо изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“Со изведување на докази на одбраната, која има најавено 240 сведоци, во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители. Процесот започна на 19 ноември минатата година, осум месеци по катастрофалниот пожар што се случи на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени.Тагови: Основен суд Кочани Пулс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
МакедонијаСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавкиСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки.Спорната одредба се однесуваше на мандатите на претседателот и членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки.Со предложените измени се овозможуваше нивно повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати. Досегашното законско решение предвидуваше мандат од пет години, со право на уште еден избор.Тоа значи дека членовите можеа да ја извршуваат функцијата најмногу десет години. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одби да го потпише указот за прогласување на законот токму поради оваа одредба.Таа оцени дека новата формулација е правно непрецизна и остава простор за неограничен број реизбори.Амандманот за бришење на членот го поднесоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Од владејачкото мнозинство образложија дека со ова се прифаќаатзабелешките на претседателката. Од СДСМ реагираа дека и тие претходно предложиле исто решение.Опозицијата побара законот да биде повлечен и да се организира јавна расправа за новите измени.За законските измени беа поднесени вкупно 2.158 амандмани.Тагови: Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook