Урнебесни ,,бисери” од официјалните видео конференции за време на пандемијата (ВИДЕО) - Канал 5

Урнебесни ,,бисери” од официјалните видео конференции за време на пандемијата (ВИДЕО)

Колумнистот на „Њујоркер“ е последниот во низата на оние кои доживеале срам на видеоконференциите преку „Зум“ кога премногу доцна сфатиле дека учесниците на конференцијата ги гледаат со неверување дури и во најинтимните моменти, објави АФП.

Урнебесни ,,бисери” од официјалните видео конференции за време на пандемијата (ВИДЕО)

Тоа е најдобрата илустрација, додава агенцијата, за непредвидливите настани што се случуваат за време на видео конференциите, сè поприсутни во овие времиња на пандемија.

Тоа му се случи и на 60-годишниот Џефри Тобин, кој бил фатен како мастурбира минатата недела за време на конференцијата за вода на Зум со колегите од списанијата и радиото во Њујорк.

YouTube video

Засрамениот Тобин се извинил, но бил суспендиран од работа во Њујоркер и исчезна од Си-Ен-Ен, каде што беше редовен гостин.

Адвокатот и колумнист, автор на неколку политички книги ја започна својата „игра“ за време на паузата на состанокот за да се подготви за следење на претседателските избори на 3 ноември, мислејќи дека „колегите повеќе не го гледаат“.

"Направив срамота глупава грешка, мислев дека повеќе не сум на екранот. Им се извинувам на сопругата, семејството, пријателите и колегите", изјави Тобин за Vice News.

Но, има повеќе такви авантури.

Минатиот месец, аргентинскиот парламентарец, 47-годишниот Хуан Емилио Амери, беше суспендиран затоа што бил снимен како ги бакнува градите на својата партнерка на виртуелна седница на парламентот.

Откако друг колега престанал да зборува, Амери попуштил на еротскиот повик во удобноста на неговиот дом, мислејќи дека веќе не е на екран, а сликите од неговата авантура брзо се проширија на социјалните мрежи.

Претседателот на парламентот ја прекина седницата, а Амери се извини и објасни дека сметал дека повеќе не е „онлајн“.

„Овде, во централниот дел на земјата, врската е инаку многу лоша“, се правдал Амери.

Понатаму објаснил дека неговата партнерка излегла од бањата и ја прашал како се чувствува со новите импланти бидејќи имала операција на градите 10 дена порано.

Во септември, непознат бизнисмен се појави гол на видео конференција преку Зум со бразилскиот претседател Жаир Болсонаро затоа што заборавил да ја исклучи камерата.

„Едно момче се тушира, тој е гол“, можеше да се слушне еден од бразилските министри што присуствувал на видео конференцијата.

„Голиот“ го гледале 20-тина учесници на конференцијата.

"За жал, видовме, сликата беше нејасна, но видовме. За жал", одговорил Болсонаро.

Во јуни, еден ирски европратеник се појави по гаќи и кошула на виртуелен состанок на комитет на ЕП.

"Се вратив од трчање и две минути порано бев по маица. Одлучив да облечам кошула за да изгледам попристојно. Го направив тоа добро", се пошегува Лук Фланаган на Твитер.

„Се надевам дека им се допаднаа моите нозе“, додаде тој.

YouTube video

Но, сето ова е сè уште релативно безопасно во споредба со порнографските фотографии што ги користат некои „хакери“ за да ги бомбардираат виртуелните состаноци преку Зум, поради што платформата, чиј број на корисници неверојатно се зголеми заради пандемијата, морала да ги зајакне своите безбедносни протоколи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Итната помош со зголемен број интервенции на терен поради топлотниот бран, здравствените власти алармираат да се почитуваат препораките

Колапси на улица, сообраќајни незгоди и нагло влошување на хронични заболувања кај граѓаните..

Итната помош со зголемен број интервенции на терен поради топлотниот бран, здравствените власти алармираат да се почитуваат препораките

Топлотниот бран го зема данокот во здравје, барем според повиците на Итната медицинска помош која само во изминатово деноноќие интервенирала на терен на над 60 различни локации низ Скопје. Оттаму апелираат до граѓаните да не излегуваат без потреба во најжешкиот период од денот, а вода да се пие постојано, дури и кога не се чувствува дирекна жед. Превенцијата започнува со навремена грижа за себе.

Од Институтот за јавно здравје велат дека освен да се носи лесна облека мора да се избегнува напорна и физичка активност преку ден од 11 до 17 часот, а во однос на работниците кои работат на отворено велат дека треба да имаат повеќе паузи. За повозрасните лица препораките се и да избегнуваат користење на шпорет, рерна и други уреди што дополнително го загреваат домот во периодот од 13 до 17 часот.

Во меѓувреме, граѓаните што ги затекнавме на пладне велат дека периодов се разладуваат кој како знае и умее. Некои одат на река, други на планина, а сите се трудат да ги слушаат советите, но обврските не се завршуваат од дома.

Според климатскиот мониторинг на Европската унија порвите два месеци од летото во западна Европа се најжешките досега, додека континентот се подготвува за уште еден топлотен бран.

Лето како „под вршник“.. Иако ова лето веќе се оценува како најтопло досега, научниците предупредуваат дека во иднина можеби ќе го паметиме како едно од најпријатните. Од година во година температурите ќе растат, топлотните бранови ќе бидат сè подолги и поинтензивни, а ризиците по здравјето на граѓаните ќе бидат сè поголеми.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен

Од утре повторно температури од 40 степени, за два степени потопло од денеска, велат од УХМР. 

Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен

Според прогонозите што ги следат во секој момент синоптичарите за вечер најавуваат нестабилност во делови од земјата, а пад на температурите ќе има од четврток.

Според синоптичарите најавеното нестабилното време не може да се каже каде ќе биде, првично е највено за југоистокот на земјата.

Според последниот извештај за пожари од страна на центарот за управување со кризи регистриани се седум пожари на отворен простор, три се активни, два се ставени под контрола, два се изгаснати.Од ЦУК со апел, големо внимание поради високите температури и ветерот.

Професроот од Факултетот за земјоделски науки и храна Миле Маркоски објаснува дека палењето стрништата, како причина за големи пожари се штетни во екологијата но и за самата почва и таа навика не помага во подобрување на земјата и исто така е казниво по закон.

Градоначалниците на Крива Паланка и на Делчево објаснија дека пожарите на депониите се ставни под контрола.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се намалуваат цените на горивата, од полноќ дизелот поевтинува за 8 денари, бензинот за 4 денари за литар

Горивата од полноќ значително поевтинуваат.

Се намалуваат цените на горивата, од полноќ дизелот поевтинува за 8 денари, бензинот за 4 денари за литар

По речиси месец и половина постојан раст на цените со последната одлука на Регулаторна литар дизел од ноќеска на полноќ поевитнува за 8 денари. Намалување е забележано и кај бенизните и тоа за 4 денари по литар. Па оттука новата цена на 95 ката ќе изенусува 87 додека на 98цата 89 денари за литар. Од полноќ литар дизел пак ќе се точи по цена од 91,5 денари.

„ Со оваа одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,81% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени на 04.08.2026 година. “ – се наведува во образложението на Регулаторна.

Од Владата за Канал 5 велат дека се додека на сила е кризната состојба акцизите ќе се нивелираат согласно закон. Во моментов во пресметките на Регулаторна и оваа недела се вкалкулирани намалени акцизи и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари по литар кај дизелот.

Премиерот Мицкоски минатата недела повтори дека поради владините политики, земјава откако е почната војната на Блискиот исток има најниски цени на горивата.

„Ја одржавме ценовната стабилност понудивме на пазарот најниски цени на горивата и на тој начин 50 % во одредени денови се зголеми потрошувачката поради притисокот на граѓаните од соседните земји. Од прилика по половина евро по литар понудивме поевитни горива од некој од соседните земји и таков е случајот и сега. “- Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Инаку на светските берзи денеска барел се тргува по цена од 84 долари, цените на берзите варираат поради неизевсноста околу договорот за повторно воспоставување на поморски сообраќај низ Ормутскиот тенсец – кој е еден од најважните енергетски коридори во светот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер