МакедонијаУрнати бесправно изградени објекти во близина на училиштето „Никола Карев“ во СтрумицаГрадежната инспекција при Општина Струмица спроведе акција за отстранување на бесправно изградени објекти во непосредна близина на ДСУ-РЦСОО „Никола Карев“, соопштија од локалната самоуправа.Се додава дека парцелата е во сопственост на државата и притоа со решителна и транспарентна постапка биле отстранети сите објекти изградени спротивно на законските прописи. Од Општината наведуваат дека оваа акција е јасна порака дека јавниот интерес и владеењето на правото се приоритет. -Општина Струмица останува доследна во спроведувањето на законите и заштитата на јавниот простор, а инспекциските служби ќе продолжат со активности и во наредниот период, стои во соопштението од Општина Струмица.Тагови: Општина Струмица Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп: „Ми се допаѓа Мелони, но...“ (ВИДЕО)Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека му се допаѓа италијанската премиерка Џорџија Мелони, но дека за време на војната со Иран „таа не беше со Соединетите Американски Држави“.„Ми се допаѓа, таа е добра личност, но не беше со нас кога стануваше збор за Иран“, рече Трамп за време на билатералната средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, одржана на маргините на самитот на НАТО во Анкара, пренесува Анса. Трамп и Мелони претходно имаа пријателски односи, но тие се оладија по војната со Иран. Мелони не одговори на коментарот на Трамп, пренесува агенцијата. Trump on Italy's Meloni: I think she is a nice person, actually. Our relationship became a little bad because she refused to help us with Iran. It soured my relationship with her a little bit, but I like her. pic.twitter.com/peNqD9maJO — Clash Report (@clashreport) July 7, 2026 Извор: https://www.b92.net/info/svet/248325/tramp-o-meloni-dopada-mi-se-dobra-je-osoba-ali-nije-bila-uz-nas-kada-je-rec-o-iranu/vestБ92Тагови: Доналд Трамп Џорџија Мелони Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотПринцот Хари го изгуби големиот судски спор против Дејли МеилБритански Принцот Хари, војводата од Сасекс и други истакнати јавни личности ја загубија тужбата против „Асошиејтед њузпејперс“, издавачот на „Дејли Меил“, во Високиот суд во Лондон во вторник, спорот беше за наводно нелегално собирање информации.Хари, кој беше во Велика Британија во времето на пресудата, покрена неколку правни постапки против одредени британски медиуми, обвинувајќи ги за злоупотреба на моќ и нарушување на приватноста. Елтон Џон, исто така, поднесе тужба Нему му се придружија и други познати личности, вклучувајќи го и музичарот Елтон Џон, кои поднесоа тужба против издавачот на „Асошиејтед њузпејперс“, тврдејќи дека десетици статии објавени во „Дејли Меил“ и „Мејл он Сандеј“ од 1990-тите до 2011 година се засновани на информации добиени нелегално. „Асошиејтед њузпејперс“ ги отфрлија обвинувањата, нарекувајќи ги клеветнички, а Високиот суд во Лондон ги отфрли тврдењата во целост. Компанијата ја опиша пресудата како „убедлива победа“ за „Дејли Меил“ и неговите новинари. Извор: Индекс.хрТагови: принцот Хари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПо нападот во Ормускиот теснец, пристигна порака од ИзраелИзраелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека Израел ќе ја заштити слободата на пловидба и безбедноста на поморските трговски патишта.„Поставив едноставна цел. Целта на морнарицата, но и на Израел, е да ги обезбеди морските линии и слободата на поморската трговија, кои се од витално значење за Државата Израел“, рече Нетанјаху за време на посетата на поморската база во Хаифа, објавува „Тајмс оф Израел“. Неговата изјава дојде, според израелскиот портал, во време кога Иран продолжува да напаѓа танкери во Ормускиот теснец, а јеменската бунтовничка група Хути, која е поддржана од Иран, упатува нови закани до израелските бродови во Црвеното Море. Британската агенција за поморски трговски операции (UKMTO) претходно денес објави дека танкер бил погоден од неидентификувана ракета додека пловел низ Ормускиот теснец. Индиректните разговори меѓу САД и Иран, одржани минатата недела во катарскиот главен град Доха, завршија без никаков значаен напредок по прашањето за Ормускиот теснец. Иран ги предупреди бродовите да не минуваат низ Ормускиот теснец преку јужната рута во оманските води, нагласувајќи дека секое поминување низ водниот пат мора да биде координирано со иранската војска.Тагови: Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter