Уривањето на куќата на Мерилин Монро привремено запрено - Канал 5

Уривањето на куќата на Мерилин Монро привремено запрено

 По одлука во Градскиот совет на Лос Анџелес, следи привремено одложување на уривањето на домот на американската уметница Мерилин Монро во Брентвуд - луксузен дел од Лос Анџелес.

Уривањето на куќата на Мерилин Монро привремено запрено

Советничката Трејси Парк побрза да го спаси последното живеалиште на славната русокоса откако во средата дозна дека сопствениците - креативната интернет-страна „Глори оф д Сноу траст“ (Glory of the Snow Trust), побарале дозвола да ја урне култното здание во шпански колонијален стил, објави „Лос Анџелес тајмс“.

- Јас и мојот тим веднаш тргнавме во акција... Но, за жал, Секторот за градежништво и безбедност издаде дозвола за уривање пред мојот тим и јас да можеме целосно да интервенираме и да го решиме ова прашање, рече Парк непосредно пред седницата на Градското собрание во петокот.

Таа одржа говор најавувајќи предлог за разгледување на статусот на домот на американската пејачка и глумица како историски споменик на културата.

- Денеска сум тука со вас како чувар на областа во којашто се наоѓа последната резиденција на Мерилин Монро. Денеска сум тука и како бранител на богатата историја и наследство на нашиот град, рече Парк.

YouTube video

Предлогот претставен пред Советот бара итен почеток на разгледување домот да биде прогласен за историски и културен споменик. Натаму се наведува дека со тоа нема да му се одземат никакви права на сопственикот на куќата, но оти треба да се проценат историските и културните вредности на имотот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер