Уредниците на онлајн енциклопедијата Википедија: Се бориме против лаги, нетрпеливост и нацизам - Канал 5

Уредниците на онлајн енциклопедијата Википедија: Се бориме против лаги, нетрпеливост и нацизам

Лажни извештаи за умирање од ковид-19, огромна родова нееднаквост, романтизација на нацизмот - ова се само дел од опасностите со кои се борат волонтерите на Википедија, која има десетици милиони статии.

Уредниците на онлајн енциклопедијата Википедија: Се бориме против лаги, нетрпеливост и нацизам

Најголемата светска онлајн енциклопедија вообичаено е првиот резултат што се 'појавува' кога корисниците ќе прашаат нешто на Интернет и затоа е многу влијателен извор на бесплатни информации, но и одраз на недостатоците на човештвото.

Теоретски, статиите на Википедија може да ги пишува секој со интернет конекција, на приближно 300 јазици, а содржината ја уредуваат и контролираат главно анонимни волонтери.

„Го носам мојот лаптоп каде и да одам за да ја уредувам Википедија“, рече Ала Најар од Блискиот Исток, кој побарал да се изостават деталите за неговиот идентитет за да се заштити неговата приватност.

„Моите пријатели велат дека тоа е зависност. Јас велам дека тоа е мојата страст“, ​​напишал тој на АФП преку е-пошта.Најар вели дека придонесува за Википедија со речиси 500 записи (содржини) неделно. Тој е доктор, па затоа е окупиран со борбата против напливот на лажни информации кои се појавија за пандемијата.Во мноштвото дезинформации во енциклопедијата, тој забележал лажни извештаи дека Ковид-19 убил некои познати личности и дека бројот на заразени и починати во некои земји е поголем од нивното вкупно население.

„Прегледав стотици написи за пандемијата на коронавирус и отфрлив многу информации кои се неточни или погрешни“, рече Најар, добитник на наградата за работа на Википедија за 2021 година.

Енциклопедијата постои 20 години, па дури има и статија посветена на сопствените контроверзии. Во последниве години, доби позитивни признанија за способноста да ги проверува фактите.

Иако платформата се проширува, не ѝ е цел да заработи пари, па затоа не е предмет на критики дека нејзиниот профит е поважен од безбедноста како Facebook.

Наместо тоа, Википедија има волонтери кои се длабоко вклучени во нејзината мисија да обезбеди пристап до резимеа од сите гранки на човечкото знаење.

Отстранувањето на сомнителни написи од платформата може да биде неблагодарна работа.

„Еден уредник ме нарече „вандал“ затоа што отстранував информации што немаа извор“, рече Ксенија Кофман, која се борела како што вели таа со „фантастика“ за Втората светска војна на Википедија, вклучувајќи го и начинот на кој се прикажуваат нацистите и германските генерали.

Тоа е серија записи кои го игнорирал историскиот контекст на воените злосторства како што е Холокаустот и наместо тоа ги романтизирале германските сили.

На Википедија „се појавуваат“ уште некои дамки од човечката историја.

Друг проблем е многу помалата застапеност на жените од мажите во пишаните дела.

Само 15 отсто од биографиите на англиски јазик во 2015 година биле за жени, па се направени напори да се намали тој јаз меѓу половите.Шест години подоцна, тој процент се искачил на 19 отсто од биографиите, рече волонтерката Ребека О’Нил.

Минатата година таа пишувала по една статија дневно на Википедија, во сооднос од 19 биографии на жени и една биографија на маж.„Можам да понудам нешто како поединец. Ќе одвојам време и само ќе го направам тоа“, вели таа.

Википедија бара сигурни, објавени извори од весници или академски кругови за да ја поддржат статијата.

„Википедија е непријатно огледало на светот, бидејќи ги опишува сите наши систематски празнини во знаењето“, рече О’Нил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер