3МВР во врвот на најтранспарентните министерства: 75,90% исполнетост на индикаторите во Индексот на отвореност 2026
ЖивотУрбаните џентлмени на мотори кои се борат за машкото здравје стануваат препознатлив бренд на СкопјеУрбаните моторџии кои станаа препознатлив бренд во Скопје годинава четврти пат ќе дефилираат низ скопските улици, обидувајќи се да ја издигнат свеста за машкото здравје и да соберат донации за борба против рак на простатата.Со ова, Скопје и годинава ќе биде дел од глобалното движење „Возење на истакнати џентлмени" (The Distinguished Gentlemans Ride), кое ќе се одржи во над 690 градови во повеќе од 110 држави. На глобално ниво ќе дефилираат над 100 илјади моторџии со уникатни и префинети мотори. – Со овие параметри се карактеризира како најголем мотоциклистички хуманитарен настан во светот. Значи нема поголем во бројот на ученици и висината на собраните донации. Во изминатите години на глобално ниво се собрани 20 милиони евра што одат директно во фондацијата „Мовембер", која потоа ги распределува во програми наменети за заштита на машкото здравје, вели Благоја Петровски, кој заедно со Игор Стефановски се главните „виновници" за Скопје да биде дел од ова светско движење. Двајцата во разговор за МИА истакнуваат дека се задоволни со подемот што го доживува настанот во Скопје и што сè повеќе расте интересот на граѓаните за ова движење. – Луѓето веќе го препознаваат настанот и се идентификуваат со него. Има интерес и кај фирмите за поддршка на настанот. Годинава имаме финансиска поддршка и од Град Скопје, а настанот првпат влезе и во програмата на градски настани во Скопје. Тоа е показател дека настанот расте и поддршката си доаѓа сама од себе, вели Стефановски. Потврда за ова е и бројот на учесници, кој од година во година расте и поставениот лимит е секогаш максимално исполнет. Првата година учествувале 70 моторџии, втората околу 100, а лани имало официјално пријавени 126. – Лимитот што го поставуваме секоја година прогресира, дури имавме и ситуации кога дополнително луѓе сакаа да се приклучат. Има многу моторџии кои специјално купуваат мотор само за да имаат причина да учествуваат. Стануваат моторџии само заради настанот, посочуваат двајцата организатори. Она по што годинава Скопје се извојува од останатите градови е тоа што е единствениот во светот што има брендиран двокатен автобус со логото на движењето. Петровски и Стефановски во разговорот за МИА откриваат дека годинава се внесени многу новини како дел од настанот. Ќе биде поканет доктор уролог, кој ќе говори за машкото здравје, а академски сликар ќе го прикаже целиот настан од свој аспект. Неговата слика потоа ќе му биде врачена на најуспешниот мотоклуб собирач на донации. Новина е и тоа што годинава, покрај плакети, тројцата најуспешни донатори ќе добијат и вредни награди, кои, како што велат двајцата организатори, на некој начин се и трофеи за тројцата најголеми донатори во Скопје бидејќи на нив ќе биде ставено и логото на движењето. Исто како и лани, така и годинава, Скопје е меѓу градови со најмногу собрани донации. Засега е на третото место и пред него се само Будимпешта и Белград, а зад него се сите останати поголеми градови од регионот како Љубљана, Загреб, Софија, Солун, Атина… – Да учествувате на настанот со нула донации е најнесреќното сценарио и за организаторите и самиот учесник. За нас е сатисфакција самиот рајд да има повисока позиција како успешен со собрани донации. Тогаш е успешно завршена приказна, велат организаторите. Додаваат дека тие како организатори немаат никаков контакт со парите што се уплатуваат како донации, бидејќи секој што сака да донира тоа го прави директно во фондацијата „Мовембер" во Лондон. – За да се стане дел од овој уникатен настан, потребно е секој потенцијален учесник кој сака да учествува на локалниот настан да отвори свој кориснички профил на светската официјална веб-страница Gentlemans.com. Таму си креира свој профил каде што ги внесува своите лични податоци и типот на мотоциклот што ќе го вози. Притоа, пожелно е мотоциклот да соодвестува со критериумите дадени од организаторот. Потребно е при креирањето на профилот да се донираат средства што ќе бидат искористени како донации за машкото здравје. Парите кога се регистрира профилот се плаќаат со кредитна картичка директно во фондацијата „Мовембер" во Лондон, така што тие пари, иако некој мисли дека ние ги трошиме, одат директно во фондацијата. Ние немаме никаков контакт со донациите, појаснуваат Стефановски и Петровски. Велат дека целиот настан го прават од љубов кон моторите и од желба да се придонесе во борбата за заштита на машкото здравје. – Идејата на настанот е да се разбуди свеста за борба против машките болести и самоубиствата како последица од овие болести, да се анимира јавноста за превентивните прегледи, како и да се соберат средства за борба против овие болести, потенцираат Стефановски и Петровски. Покрај хуманата димензија, настанот промовира и еден урбан начин на облекување кај мажите, а дел се и уникатните мотори од кои дел се олдтајмери што ретко се гледаат. За да се учествува, потребно е да се испочитуваат одредени правила, односно да се има уникатен мотор и елегантен дрес код составен од палто, вратоврска, елек, елегантни чевли и задолжително кацига за безбедност. Почетоците на движењето „Возење на истакнати џентлмени" се во 2012 година во Сиднеј, кога Марк Хава облечен во фин машки костум заедно со свои пријатели одлучи да дефилира низ улиците во чест на негов пријател кој умрел од рак на простатата. Движењето зема замав и од година во година се зголемува бројот на учесници и градови што партиципираат. Така, сега на годишно ниво се собираат и до 20 милиони евра, кои преку фондацијата „Мовембер" се распределуваат во оние институции и болници што третираат проблеми поврзани со машкото здравје./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКризната состојба за снабдувањето со нафта продолжува до април 2027 годинаСобранието денеска донесе одлука кризната состојба за снабдувањето со нафта продолжува до април 2027 година.Собранието, денеска, во рамките на 126. пленарна седница ја донесе одлука за продолжување на кризната состојба за уште шест месеци поради можноста за настанување нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати. Можните нарушувања во снабдувањето со нафта и нафтени деривати остануваат причина за продолжување на кризната состојба во земјава. На истата седница беа усвоени и Законот за државна ревизија, како и одлуката за испраќање припадници на Армијата на Република Македонија во меѓународната мисија „Алтеа“ во Босна и Херцеговина. Собранието го избра и Александар Наумовски, професор на Економскиот факултет во Скопје, за надворешен комисионер во Комисијата за хартии од вредност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотОд Будинарци до Рим: Вангелина Пармачка меѓу 100-те жени херои на ФАОВангелина Пармачка од беровското село Будинарци е меѓу избраните 100 жени од целиот свет во иницијативата на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) „100 жени херои во агро-прехранбените системи и руралниот развој“. На 15 октомври 2026 година, таа ја претстави Македонија на Светскиот форум за храна во Рим, каде што доби признание во седиштето на ФАО. Нејзината приказна е приказна за секојдневна работа на фармата, за гордоста да се произведува храна и за истрајноста трудот на жените во земјоделството да стане повидлив и повреднуван. „Горда сум што сум земјоделка“ Во Будинарци, Вангелина заедно со своето семејство управува со фарма со околу 600 овци и произведува традиционално овчо сирење. Таа секојдневно е вклучена во грижата за животните, производството и пласманот на производите. За неа, сточарството е начин на живот и професија од која може да се обезбеди достоинствена егзистенција. „Ова е благодарна професија од која може чесно да се живее. Горда сум што сум земјоделка и што со заедничка работа ја обезбедуваме егзистенцијата на нашето семејство“, вели Вангелина. Од одгледувањето на овците до сирењето што стигнува до потрошувачите, нејзината работа ги поврзува традиционалното знаење, производството на храна и претприемништвото. Таа е и пример за улогата на жените во семејните стопанства, каде што нивните обврски опфаќаат многу повеќе од самото производство. Од работата на фармата до застапувањето за жените Ангажманот на Вангелина не завршува на нејзината фарма. Како член на Управниот одбор и координаторка на Мрежата на жени фармери при Националната федерација на фармери (НФФ), таа се залага за поголемо признавање на трудот на руралните жени, посилни права и подобри услови за работа и живот. „Жените фармери се невидливи потпори на селото и државата. Нивниот труд мора да се препознае и вреднува“, нагласува таа. Преку заедничкото дејствување во НФФ, жените придонесоа за иницирање посебна мерка за поддршка на инвестициите на жените фармери во Програмата за рурален развој. Нивното застапување придонесе и за воспоставување програма за поддршка на социјалната сигурност на жените кои вршат земјоделска дејност, што го отвори патот кон регулирање на породилното отсуство за регистрираните жени фармери. „Заедничката акција носи вистински промени и подобар економски и социјален статус за жените“, вели Вангелина. Овие искуства ја зацврстуваат нејзината верба дека здружувањето им помага на жените да ги претворат заедничките предизвици во конкретни предлози и решенија. Признание што може да охрабри и други жени Иницијативата на ФАО се реализира во рамки на Меѓународната година на жената земјоделка 2026, прогласена од Обединетите нации. Таа ги истакнува придонесите на жените во производството, преработката и трговијата со храна, како и во развојот на руралните заедници, повикувајќи на поголема поддршка и еднакви можности. Признанието за Вангелина го доближува до меѓународната јавност знаењето, посветеноста и лидерството на земјоделките од Македонија. Таа верува дека иднината може да донесе подобри услови, поголема еднаквост и повеќе можности за жените во земјоделството. Себеси се гледа како уште поактивен глас на руралните жени и пример за младите девојки дека земјоделството може да биде стабилна и достоинствена професија. Нејзиниот пат од Будинарци до Рим покажува дека работата на една семејна фарма може да оди рака под рака со лидерство што придонесува за промени и надвор од неа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01
СветЗеленски за Трамп и Путин: Тоа би била историска грешкаУкраинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа, го обвини американскиот претседател Доналд Трамп дека се обидува да изврши притисок врз Украина за таа да ѝ се предаде на Русија. Зеленски изјави дека предложил да се исполни барањето на Трамп – да се воздржат од напади врз руските рафинерии за нафта – во замена за добивање дополнителни ракети за украинските системи за противвоздушна одбрана „Патриот“. „Мојот предлог беше: ние нема да ги напаѓаме руските капацитети за производство на дизел, а за возврат, вие ќе ни обезбедите ракети за системите ’Патриот‘ за да можеме да ја заштитиме нашата инфраструктура. Меѓутоа, тие едноставно бараат од нас да престанеме со нападите врз капацитетите за дизел. А доколку продолжиме со овие напади, се закануваат дека ќе ускратат нешто друго“, изјави Зеленски за „Блумберг“. Тој истакна дека Вашингтон неодамна презел низа „непријателски дејствија“ кон Киев, вклучително и намерно забавување на пристапот до интернет преку системот „Старлинк“, како и одложувања во испораката на ракети за системот „Патриот“. „Верувам дека се преземени чекори за да се убеди Украина да капитулира. Не тврдам дека ова е целта кон која се стремат нашите партнери. Дури и не сакам да ја разгледам можноста дека нашите американски партнери веруваат оти војната би можела побрзо да заврши на сметка на Украина. Сепак, токму така изгледа“, рече Зеленски. Осврнувајќи се на претстојните избори на средината на мандатот во Соединетите Држави, тој истакна дека „претстојат опасни денови во периодот до изборите“, додавајќи дека односите со САД би можеле да се подобрат по нивното завршување. „Политиката станува многу агресивна за време на изборниот период. Мислам дека во моментов тоа е вистинско искушение, но животот ќе продолжи и по изборите, и верувам дека ситуацијата ќе се смири“, рече тој. На прашањето кој наредил ограничување на интернет-врската преку „Старлинк“ (Starlink) на територијата на Украина, тој изјави дека наредбата дошла од „властите или од Белата куќа“, иако напомена дека не може да ги открие изворите од кои ја добил таа информација. Зеленски изјави дека САД во моментов ѝ испорачуваат на Украина само 12 пресретнувачки ракети месечно за системот „Патриот“ (Patriot) – што е приближно една четвртина од количината што се испорачувала за време на администрацијата на претходниот американски претседател, Џозеф Бајден. „Мислам дека претседателот на САД навистина има добри односи со Путин. Но, едно нешто овде не функционира: Трамп во моментов не може да го принуди Путин да ја заврши војната“, смета Зеленски. На прашањето како би ги опишал напорите за подобрување на односите со САД, Зеленски изјави дека потенцијалните ризици за Украина се од размери на цунами. „Мораме да дејствуваме додека ситуацијата е сè уште само блага бура. Сметам дека овде е влог многу поголем од некаков договор за дизел“, рече претседателот на Украина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01