Урамнотежениот појадок е клучен за енергија во текот на денот - Канал 5

Урамнотежениот појадок е клучен за енергија во текот на денот

– Што е најдобро да се јаде наутро?

Урамнотежениот појадок е клучен за енергија во текот на денот

За појадокот да обезбеди доволно енергија за цел ден би требало да вклучува сложени јаглехидрати, протеини и здрави масти. Намирниците како овес, јајца и авокадо спречуваат ненадејни промени во нивото на шеќер во крвта, како и последичен замор, за разлика од појадокот што се сведува на кафе и печива.

Веројатно ви е познато чувството на краткотраен наплив на енергија после печиво од пекара, по кое набргу следува умор и повторно чувство на глас. За стабилно ниво на енергија, клучна е рамнотежата на макронутриенти кои гарантираат бавно и постепено ослободување на гликоза во крвотокот.

Сложените јаглехидрати се основа на енергијата

За појадокот да биде вистинско гориво за телото, тој мора да содржи избалансиран сооднос на сложени јаглехидрати, протеини и здрави масти. Комплексните јаглехидрати се клучни за утринската енергија бидејќи се варат побавно поради нивната висока содржина на влакна, за разлика од едноставните шеќери.

Кога го започнувате денот со овесна каша од цело зрно или интегрален леб со кисело тесто, на организмот му обезбедувате стабилен доток на гликоза без ненадејни скокови на шеќер. Хељдата и киноата имаат сличен ефект, а можат да се подготват и како топла утринска каша.

Протеини за долготрајна ситост

Само јаглехидратите не се доволни. За да се избегне пад на енергијата и да си обезбедите долготрајна ситост, важно е да се вклучат квалитетни протеини во оброкот. Јајцата се чест избор за појадок бидејќи содржат висококвалитетни протеини и витамини од групата Б, кои помагаат храната да се претвори во енергија.

Добри алтернативи се грчкиот јогурт и сирењето со малку маснотии, богати со казеин, протеин кој бавно се вари и на тој начин го продолжува чувството на ситост. За луѓето кои јадат храна базирана на растенија, тофуто е одличен извор на протеини и железо, чиј недостаток може да предизвика хроничен замор.

Улогата на здравите масти

Третиот важен елемент се здравите масти, кои обезбедуваат долготрајна издржливост. Авокадото, бадемите, оревите, чиа семето и ленено семе го забавуваат варењето на храната, го продолжуваат чувството на ситост и содржат магнезиум, минерал неопходен за производство на енергија во клетките. Лажица путер од кикирики или бадеми може да претвори обична чинија житарки во многу похранлив оброк.

Примери за избалансиран појадок

Сите горенаведени елементи можат лесно да се комбинираат. За солен појадок, можете да подготвите омлет од спанаќ и да го послужите со тост од цело зрно и малку авокадо. За оние кои сакаат слатки, овесната каша зготвена во вода или млеко може да се збогати со лажица протеини, шака боровинки и лажица семе од чиа за добар сооднос на влакна и антиоксиданси.

Кога немате многу време, решението е грчки јогурт измешан со шака бадеми и половина исечена банана. Таквиот оброк комбинира природни шеќери за брз почеток на денот и протеини кои обезбедуваат стабилност.

Што да се избегнува

За да се избегне ментална магла и замор кон средината на утрото, се препорачува да се избегнуваат печива направени од бело брашно и житарки во форма на снегулки и мусли, кои често содржат скриени шеќери.

Исто така, пиењето кафе на празен стомак веднаш по будењето може да го наруши природниот ритам на кортизол. Подобро е да го започнете денот со чаша вода, да јадете квалитетен појадок и да го испиете првото кафе дури околу еден час подоцна.

Извор: ordinacija.vecernji.hr

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно и топло, попладне локален пороен дожд, грмежи и ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Попладне ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Променливо облачно и топло, попладне локален пороен дожд, грмежи и ветер

Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Во текот на новата седмица времето ќе биде претежно стабилно и сончево со мала до умерена облачност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 24. август 2026 година

Дневен хороскоп за понеделник, 24. август 2026 година. 

Дневен хороскоп за 24. август 2026 година

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

На дневен ред ќе испливаат некои работи од минатото од вашето семејстов , што ќе мора денеска да ги решите.

Кариера

Подготвени сте привремено да се повлечете , зашто насетувате дека така би ви одговарало.На некој начин сте во право.

Здравје и совет

Сѐ повеќе работи ве заморуваат.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Веројатно ќе ви се отворат нови љубовни шанси , а со своето однесување вие ќе ги поттикнувате.

Кариера

Понекогаш ви се чини дека пред вас се задачи што не сте ги очекувале, но тие ќе ве надополнат и збогатат.

Здравје и совет

Прифатете сѐ што доаѓа.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Пред вас е уште еден успешен љубовен ден.Секој вид контакт добро е поставен , па обидете се да бидете меѓу тие луѓе.

Кариера

Вашата драматичност на многумина им е здодевна. Сега ви преостанува нов стил , што значи да работите тивко и професионално.

Здравје и совет

Јадете помалку , движете се повеќе.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Отворени сте за луѓе и нови познанства , релативно лесно ги среќавате , но емотивното исполнување е многу тешко.

Кариера

Калкулациите околу млади луѓе или креативност на работата ќе потраат и денеска. Ќе насотјувате да ви биде интересно.

Здравје и совет

И натаму сте во добра состојба.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Можен е разговор за една сериозна тема со блиска личност. Ќе знаете да дадете совет или да пружите поддршка.

Кариера

На работното место се повеќе покажувате наклоност кон забави , а се помалку кон сериозна работа. Се наоѓате во свој свет и како да не ве интересира ништо друго.

Здравје и совет

Сконцентрирајте се на целта.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Мали нервози малку ќе ви ја разнишаат самодовербата, но само ако вие тоа го дозволите. Контролирајте се и се ќе биде во ред.

Кариера

Денеска заработените пари ќе ви изгледаат како да се малку , но разберете и дека тие не се цел сама за себе. Поважно е да работите нешто што го сакате.

Здравје и совет

Се засилува вашиот интерес за козметика.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Пред вас е уште еден ден во кој ќе бидете склони кон зголемена чувствителност и се поголеми барања од партнерот.

Кариера

Не грижете се за малото затишје на работата. Тоа добро ќе ви дојде за малку да се реорганизирате.

Здравје и совет

Повеќе сон и одмор.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Се што не ви се допаѓа во вашиот љубовен живот ќе се обидете да го турнете под тепих или едноставно да го скриете од другите. Тоа не е добро.

Кариера

Недостаток на интерес за работата е резултат на вашиот недостаток на енергија. Пробајте подобро да се организирате , па ќе ви се врати желбата за работа.

Здравје и совет

Треба уредно да живеете.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ако денеска се впуштите во њротска авантура , треба да знаете дека сигурно ќе промашите. Затоа задржете ја потребната дистанца.

Кариера

не се обидувајте со сила да докажувате дека сте во право. Подобро прифатете ги советите на другите , кои се посериозни од вас.

Здравје и совет

Поважни се зборовите отколку делата.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Трошокот поради вашата организација на заенички ручек или вечера малку ќе ве загрижи.

Кариера

Се повеќе работи одат во ваша корист и ви го прават работниот ден попријатен. Но , вие и натаму работите со сите сили.

Здравје и совет

Можете малку да здивнете.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Препознавате нови љубовни шанси , а во тоа ви помагаат вашите пријатели. Денеска немојте да бидете сами , туку излезете.

Кариера

Можеби ќе ви се чини дека другите не ве поддржуваат , но тоа не е точно. Тие само се внимателни и ви покажуваат каде се грешките.

Здравје и совет

Немојте да се грижите.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ќе бидете во фаза на повлекување и најдобро ќе се чувствувате во некое скришно катче самите со себе. Тоа е само преодно расположение.

Кариера

Обидете се сите поважни работи да ги привршувате , зашто наскоро за нив ќе ви треба двојно поголема енергија од вообичаеното.

Здравје и совет

Наполнете си ги батериите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сања Лукаревска во „Вести плус“

Почитувани, вечерва во „Вести плус“ ќе гостува Сања Лукаревска.

Сања Лукаревска  во „Вести плус“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер