Македонските реформи препознаени на регионално ниво: Министерството за јавна администрација меѓу наградените на ОЕЦД-СИГМА и РеСПА за 2026 година
Мајка пријавила дека две малолетнички ја нападнале и ја гореле со цигара нејзината ќерка во Кавадарци
1Македонските реформи препознаени на регионално ниво: Министерството за јавна администрација меѓу наградените на ОЕЦД-СИГМА и РеСПА за 2026 година
2Мајка пријавила дека две малолетнички ја нападнале и ја гореле со цигара нејзината ќерка во Кавадарци
3Фото: Позната водителка во супер воровокативен фустан зрачи со сексапил и во шестата деценија од животот
СветУраганот „Берил“ пустоши низ Карибите, однесе најмалку седум жртви, паника на Јамајка (ВИДЕО) Ураганот Берил, кој ги опустоши островите на источниот брег на Карипското Море, за неколку часа ќе ја погоди Јамајка.Досега, како резултат на ударот на ураганот, седум лица загинаа во Гренада, Венецуела и Св. Винсент и Гренадини. Директорот на Националниот центар за урагани на САД, др. Мајкл Бренан вели дека ураганот може да има катастрофални последици за Јамајка. Тој предупреди на „големи штети“ на куќи, покриви, дрвја, далноводи и инфраструктура, како и на можни налети на ветер. Бренан додаде дека главниот град на Јамајка, Кингстон и другите делови на јужниот брег на островот би можеле да доживеат „потенцијално разорни плими, што ќе создаде ситуација опасна по живот“. Премиерот на Јамајка Ендрју Холнес ги предупреди жителите да складираат неопходни работи, да ги обезбедат домовите и да ги извадат чамците од вода. Тој предупреди дека снабдувањето со електрична енергија и вода најверојатно ќе биде прекинато како мерка на претпазливост за да се спречат пожари и оштетување на опремата. 🇻🇪The #Manzanares River overflowed in #Montes in the state of #Sucre in #Venezuela after the passage of Hurricane #Beryl#Venezulan #Venezolanos #Caracas #ClimateCrisis #CrisisClimática #Inundaciones #Flood #BerylHurricane pic.twitter.com/JOLMgXAIpj — Gabriele M. (@Gabriele_M24) July 2, 2024 На жителите им се препорачува да се снабдат со свеќи и батерии, а се повикуваат особено да внимаваат кога станува збор за палење огнови бидејќи се очекува да бидат отежнати интервенциите на пожарникарите. Жителите на главниот град чекаат во редици на бензинските пумпи за да наполнат дополнителни резервоари со гориво. Hurricane Beryl in St Vincent. pic.twitter.com/ETMTHlRCzM — Don🇯🇲 (@Donperry) July 2, 2024 Службеник од Канцеларијата за информирање на премиерот ја смирува ситуацијата, велејќи дека Владата се погрижила „се за да се справи со ураган од оваа јачина“. Дана Морис Диксон додаде дека има повеќе од 900 засолништа низ земјата и дека се организирани процеси на евакуација од подрачјата подложни на поплави, јавува Би-Би-Си. Диксон вели дека Јамајка има два фонда за да помогне во плаќањето за обновата. Иако Венецуела не беше на директниот пат на ураганот Берил, обилните дождови од невремето предизвикаа смртоносни поплави. Претседателот Николас Мадуро изјави дека најмалку три лица загинале при излевање на река во североисточната држава Сукре. Членовите на владината делегација, кои требаше да ги увидат штетите во Сукре, за влакно избегнаа самите да станат фатални жртви на невремето кога врз нив падна дрво. Меѓу повредените е и потпретседателката Делси Родригез, рече Мадуро, додавајќи дека таа е „сериозно повредена, но свесна“. Покрај тоа, речиси секоја зграда на островот Унион, кој е дел од Сент Винсент и Гренадини, беше срамнета или сериозно оштетена по моќниот ураган Берил. „Островот е во ужасна состојба откако Берил помина. Речиси сите се без покрив над главата. Речиси сите згради останаа да стојат. Куќите се срамнети со земја, патиштата се блокирани, столбовите за струја лежат на улиците“, рече Катрина Кој, која настрада од силината на ураганот, пишува Би-Би-Си. Во своето утринско обраќање, премиерот Ралф Гонсалвес го сумираше чувството на шок во оваа карипска земја. „Опасниот и разорен ураган остави зад себе огромно уништување, болка и страдање низ нашата нација“, рече тој. Тој вети дека ќе реагира што е можно побрзо и ќе се справи со долгата листа на приоритети. Островјаните, сепак, се сомневаат дека владата има доволно ресурси и работна сила за да се соочи со проблемите. „Се надевам дека ќе можат да ја испратат војската и крајбрежната стража да ни помогнат. Немам идеја дали можат да го обноват островот, не сум сигурен“, рече Себастиен. „За ова ќе бидат потребни милијарди, ќе потрае една година или повеќе и ќе ни треба меѓународна помош“, додаде тој. Катрина, директорка на локалното еколошко здружение, исто така ги повика членовите на карипската дијаспора да помогнат на кој било начин. Последиците на тој архипелаг се видливи и од воздух. „Навистина ни треба помош. Опрема за итни случаи, храна, сето тоа е потребно во моментов“, истакна таа. Со години, таа е загрижена за безбедноста на водата на островот, која е витален ресурс за малите островски заедници на Карибите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМакедонските реформи препознаени на регионално ниво: Министерството за јавна администрација меѓу наградените на ОЕЦД-СИГМА и РеСПА за 2026 годинаМинистерството за јавна администрација доби специјално признание во рамки на Наградите за јавна администрација за 2026 година (Public Administration Awards 2026), доделени во Белград.Министерството за јавна администрација доби специјално признание во рамки на Наградите за јавна администрација за 2026 година (Public Administration Awards 2026), доделени во Белград, во организација на Регионалното училиште за јавна администрација - ReSPA и ОЕЦД-СИГМА, за проектот „PAR Connect – Дигитална платформа за следење на реформата на јавната администрација“. Ова признание претставува значајна регионална афирмација на реформските заложби на Министерството и потврда дека институционалните иновации, дигитализацијата и систематскиот пристап кон управувањето со реформските процеси се препознаваат како важни двигатели на модерната јавна администрација. Наградената ИТ-алатка претставува дигитално решение за следење на спроведувањето на Стратегијата за реформа на јавната администрација, кое овозможува поврзување на институциите, централизирано следење на реформските активности и навремен увид во степенот на реализација на преземените обврски. Преку неа се опфатени околу 40 институции и речиси 200 реформски активности, со можност за следење во реално време, подобра координација и поефикасно известување за напредокот на реформите. Посебната вредност на ова решение е во тоа што реформскиот процес го прави посистематичен, потранспарентен и поодговорен. Наместо реформите да останат само збир на стратешки определби и институционални обврски, алатката овозможува нивно континуирано следење, идентификување на предизвиците и создавање основа за навремено преземање соодветни мерки. На тој начин, дигиталната технологија се става во функција на подобро институционално управување и мерлив реформски напредок. Дополнителна вредност на ИТ алатката е нејзиниот потенцијал за поширока институционална примена. Конкретен пример за тоа се Министерството за дигитална трансформација и Управата за јавни приходи, кои врз основа на склучени меморандуми за соработка, ја презедоа ИТ алатката и се во фаза на нејзина адаптација за следење на сопствените стратешки документи и акциски планови. Овогодинешните награди за јавна администрација бележат исклучително голем интерес, со повеќе од 100 пристигнати апликации од институции од Западен Балкан и Источното соседство. Во рамки на категоријата специјални признанија, проектот на Министерството за јавна администрација е издвоен меѓу практиките што демонстрираат иновативност, институционална применливост и потенцијал за унапредување на јавниот сектор. Признанието добива дополнителна тежина имајќи предвид дека станува збор за регионална иницијатива која ги афирмира успешните реформски практики, поттикнува размена на знаења и искуства и создава простор за пренесување на иновативни решенија меѓу јавните администрации. За Министерството за јавна администрација, ова признание е поттик и обврска реформските процеси да продолжат со уште посилна динамика, со јасна насоченост кон резултати, институционална одговорност и квалитетни јавни услуги.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМајка пријавила дека две малолетнички ја нападнале и ја гореле со цигара нејзината ќерка во КавадарциМајка од Кавадарци пријавила во полиција дека две малолетнички ја нападнале нејзината малолетна ќерка на улицата „Сремски фронт“. Според пријавата, едната ја држела, а другата ја горела со цигара, соопшти СВР Велес. Според полицијата, нападот бил пријавен на 18 ноември во 22:30 часот во одделението за внатрешни работи во кавадарци, а се случил два дена претходно, на 16 ноември. За случајот се известени јавен обвинител и центарот за социјални работи во Кавадарци. полицијата презема мерки за расчистување на случајот.Тагови: Кавадарци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПутин пред медиумите за средбата со Трамп и СиПретседателот на Русија, Владимир Путин им се обрати на медиумите по трилатералната средба со американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг.Рускиот лидер истакна дека би сакал трилатералните средби со лидерите на Кина и на Соединетите Држави да продолжат, оценувајќи ја денешната средба како нова страница во историјата. Тој исто така рече дека трилатералната средба, одржана во Шенжен на маргините на самитот на АПЕК, била многу корисна, а дискусијата – слободна и искрена. По протоколарниот дел од трилатералната средба започна слободна размена на мислења, изјави Путин, додавајќи дека со лидерите на САД и на Кина, Трамп и Си, разговарал и за можната реформа на Обединетите нации. Путин се осврна и на внатрешнополитичката ситуација во Соединетите Држави, наведувајќи дека таа е сложена, со многубројни противтежи и механизми за одржување на рамнотежата на политичката моќ. На средбата, исто така, се разговараше за прашања поврзани со обезбедувањето слободна пловидба, рече Путин.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook