Упсени се две лица, кои подготвувале напад на српскиот претседател Вучиќ и неговото семејство (ВИДЕО) - Канал 5

Упсени се две лица, кои подготвувале напад на српскиот претседател Вучиќ и неговото семејство (ВИДЕО)

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи во Краљево, во соработка со припадници на Безбедносната и информативна агенција, ги уапсија Д. Р. (51) и М. Р. (43), двајцата од Краљево.

Упсени се две лица, кои подготвувале напад на српскиот претседател Вучиќ и неговото семејство (ВИДЕО)

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи во Краљево, во соработка со припадници на Безбедносната и информативна агенција, ги уапсија Д. Р. (51) и М. Р. (43), двајцата од Краљево, поради постоење основи на сомнение дека, во соизвршителство, сториле кривично дело подготовка на дело против уставниот поредок и безбедноста на Србија, во врска со кривичното дело напад врз уставниот поредок, објави Телеграф.

Тие се осомничени дека во периодот од декември 2025 до февруари 2026 година, договориле насилна промена на уставниот поредок на Република Србија и соборување на највисоките државни органи, преку организирање на набавка на оружје и напад врз животот и телото на претседателот на Република Србија, неговата сопруга и децата, на начин што ќе ги лиши од живот, како и напад врз припадници на Министерството за внатрешни работи на Република Србија, на начин што ќе им нанесе телесни повреди на припадници на Министерството за внатрешни работи.

YouTube video

Осомничените ќе бидат приведени до 48 часа, а со кривична пријава ќе бидат приведени во Вишото јавно обвинителство во Краљево.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Син со нож го убил татко си, кој претходно ја нападнал мајка му

Запечатена капија, непријатна тишина и љубопитни погледи – нова семејна трагедија ја потресе јавноста, син синоќа си го уби татка си во скопски Чаир,  откако убиениот во алкохолизирана состојба физички ја нападнал својата сопруга и мајка на уби

Син со нож го убил татко си, кој претходно ја нападнал мајка му

За семејната драма со смртни последици, остана да сведочи крвта која се уште е свежа на плочникот во тесниот двор.

Членовите на семејството што ги затекнавме на местото, не сакаа да говорат пред камера за семејната драма со смртни последици се случила околу 23 часот, но во разговор ни посочија дека 31 годишниот Бесар, прво му задал еден удар со нож на 52 годишниот татко Авни, кој успеал да стане за да побара помош, по што неговиот син се вратил и му нанел уште неколку смртоносни убоди.

Ножот, со кој го извршил убиството во обид да го прикрие го фрлил во оваа шахта тука, излегол на одредено време, а кога се вратил дома, полицијата набргу го пронашла, а по кратко време било пронајдено и оружјето.

Според нашите инфомрации, настанот во МВР го пријавил таткото на убиениот и дедо на убиецот околу полноќ, повикал и итна медицинска помош, но веќе било предоцна.

-Полициски службеници од секторот за внатрешни работи Скопје, го лишија од слобода 31 годишниот Б.Џ од Скопје, затоа што според пријавеното со нож му нанел убодни рани на својот татко. Таа по настанот била пренесена во Градската болница, Св. Наум Охридски во Скопје каде и била укажана помош,- -Гоце Андреевски – Портпарол на МВР.

Дел од соседите велат дека во овој дом имало историја на насилство и викотници, на што се жалела 54 годишната сопруга на убиениот, за кој велела дека често бил во под дејство на алкохол..

Дали досега имало официјални пријави за семејно насилство до МВР се уште одговор нема, а од ОЈО Скопје велат дека издадени се насоки за случајот и дека постапката е во тек, а телото на 52 годишникот, по нивна наредба, е дадено на обдукција.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Петер Маѓар вози скутер во турските води, се пофали дека одморот си го платил сам

Унгарскиот премиер Петер Маѓар кој по самитот на НАТО во Турција останал на краток одмор во Анталија со своите синови, објави видео на социјалните мрежи на кое вози скутер на вода, се спушта по воден тобоган и шета по плажа.

Видео: Петер Маѓар вози скутер во турските води, се пофали дека одморот си го платил сам

Откако снимката предизвика критики во Унгарија, премиерот нагласи дека станува збор за приватно патување.

„Мало посебно издание за пропагандистите. Продолжениот викенд го поминав во турција со моите деца, а сите трошоци ги платив од свој џеб“, напиша Маѓар.

Тој претходно најавил дека по самитот ќе помине четири дена на турскиот брег со своите деца и дека сите трошоци ќе ги покрие приватно.

Маѓар додаде дека не користел буџетски средства ниту воен авион, туку патувал со редовна комерцијална авионска линија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Реконструиран главниот цевковод за вода за пиење на потегот Страгово – Крњево

Градоначалникот на Кавадарци, Митко јанчев преку социјалните мрежи информира дека завршила реконструкцијата на главниот цевковод за вода за пиење на потегот Страгово – Крњево во должина од 6,5 км

Јанчев: Реконструиран главниот цевковод за вода за пиење на потегот Страгово – Крњево

[📌] Заврши реконструкцијата на главниот цевковод за вода за пиење на потегот Страгово – Крњево во должина од 6,5 км, со дуктилни цевки, а во рамки на истиот се изгради и нова хлорна станица. Ова е прва реконструкција на овој дел од системот.

[✔️] Проектот е финансиран од Министерството за транспорт во финансиска вредност од 20 милиони денари, стои во објавата на Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер