Управниот одбор на МКФ со нов датум за старт на Првата лига, а Вонредното Собрание на 15.декември - Канал 5

Управниот одбор на МКФ со нов датум за старт на Првата лига, а Вонредното Собрание на 15.декември

Управниот одбор на Македонската кошаркарска федерација на својата седница што ја одржа попладнево изгласа нов термин за почеток на Првата лига. Возбудувањата на кошаркарските терени би требало да стартуваат веќе овој викенд (12.ноември). За барањето за одржување на Вонредно Собрание поднесено од 13 членки претседателот на МКФ, Петар Наумоски истакна дека иницијативата е невалидна.

Управниот одбор на МКФ со нов датум за старт на Првата лига, а Вонредното Собрание на 15.декември
Истата иницијатива била проследена до Агенцијата за Млади и спорт од каде бил добиен одговор дека три членки од иницијаторите немаат решение за вршење дејност спорт (Охрид, Радовиш и Кожувчанка). Другите 10 потписи не се доволни за Вонредно Собрание бидејќи не се една третина од членовите на Федерацијата. Наумоски воедно даде предлог да не се чека собирање нови потписи, туку да се прифати да има Вонредно Собрание свикано од страна на УО на МКФ на 15.декември.

На седницата на УО под точката разно, Наумоски истакна дека МКФ неодамна добила ново писмо од ФИБА, со кое уште еднаш се предупредува дека мора да ги санкционира екипите што учествуваат во натпреварувања непризнаени од светската куќа на кошарката, во спротивно ќе дојде до суспензија на сениорската репрезентација на Македонија.

- Ставот на ФИБА е таков, краен рок за одлуката е 25 ноември. МЗТ Скопје ќе треба да се тргне од проблематичното натпреварување или ќе мора да биде казнет, истакна Наумоски.

На ова реагирал претставникот на МЗТ Скопје Видое Секуловски дека МКФ не сторила доволно за македонскиот првак да добие директно место во Лигата на шампионите на ФИБА, поради што клубот ја прифатиле втората опција – учество во Еврокупот.

- Од страна на Камил Новак добивме одговор дека МЗТ Скопје нема рејтинг и репутација за да добие директно место. Мега Лекс е финалист во АБА лигата, додека сите добро знаеме што значи Партизан. Жал ми е за таквото образложение, но тоа е реалноста, заврши Наумоски.

Спорот меѓу ФИБА и челниците на Евролигата се наоѓа пред Европската комисија, двете страни се договорија да се почека уште неколку дена пред крајниот рок, за да се донесе конечната одлука. Наумоски јасно стави до знаење дека е подготвен да го казни актуелниот првак доколку тоа се побара од него, се со цел да се избегне суспензија врз федерацијата и сениорската репрезентација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена

Од полноќ според одлуката на Регулаторната комисија бензините поевтинија а дизелот остана со иста цена тој се родава за 99 денари за литар а бензините се намалија за пет денарти по литар.

Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена

.Еуросупр БС 95 се продава по цена од 91 денар за литар а Еуросупер БС 98 по цена од 93 денари за литар

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Срдановиќ најавува продолжување на европската интеграција и подобрување на односите со соседите

Во меѓусебен демократски дијалог ќе одлучиме кој ќе влезе во владата и ќе продолжи да ја води земјата во најдобар интерес на нашите граѓани – вели во првото интервју по победата на предвремените избори во Србија носителот на Студентска листа Илија С.

Срдановиќ најавува продолжување на европската интеграција и подобрување на односите со соседите

Во меѓусебен демократски дијалог ќе одлучиме кој ќе влезе во владата и ќе продолжи да ја води земјата во најдобар интерес на нашите граѓани – вели во првото интервју по победата на предвремените избори во Србија носителот на Студентска листа Илија Срдановиќ, за хрватски Индекс.. Сега имаме голем број мандати во Собранието, а меѓу тие луѓе веќе има доволно кредибилни кандидати кои можат да бидат членови на владата или премиер – вели Срдановиќ.

Тој најавува подобрување на соработката и продолжување на европската интеграција на Србија, додавајќи дека првите чекори во полицијата, обвинителството и судството ќе бидат многу важни а како што нагласил за тоа ќе бидат потребни и слободни медиуми. За хрватски Индекс Срдановиќ потврдил и дека разговарал со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, од кого добил честитка за изборната победа најавувајќи конкретизирање на соработката по изборот на новата влада.

Инаку, челниците на ЕУ беа меѓупрвите кои ја честитаа изборната победа на студентска листа.. Подготвени сме да и дадеме поддршка на новата влада на србија на нејзиниот европски пат, порача еврокомесарката Марта Кос

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд

Променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд во северните делови, кои на повисоките планини ќе преминуваат во повремени врнежи од снег.

Променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд

Променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд во северните делови, кои на повисоките планини ќе преминуваат во повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен, наместа повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени.

Според УХМР времето во Скопје, променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 13 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Од утре ќе преовладува променливо облачно време, освен во северните делови каде ќе има услови за појава на врнежи од дожд, кои на повисоките планини ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, а денес и утре наместа долж Повардарието повремено засилен до силен северозападен ветер. Во петок и за време на викендот ќе има услови за врнежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер