Управен суд: Одлуката за изборот на Дуковска за уставна судијка не е задоцнета, туку законита - Канал 5

Управен суд: Одлуката за изборот на Дуковска за уставна судијка не е задоцнета, туку законита

Одлуката за изборот на Елизабета Дуковска за уставна судијка не е задоцнета, туку законита и правно аргументирана .

Управен суд: Одлуката за изборот на Дуковска за уставна судијка не е задоцнета, туку законита

Одлуката на Управниот суд за поништување на изборот на Елизабета Дуковска за уставна судијка не е задоцнета, туку единствено законита и правно аргументирана одлука донесена во законски водена постапка, соопштија денеска од Управниот суд.

-Во врска со јавно изразените ставови на уставни судии и членови на други судски инстанци, а поврзани со одлуката на Управниот суд по предметот У-5.бр.380/25, во врска со Одлуката за избор на судија на Уставниот суд на РСМ бр.08-2239/1 од 10.04.2023 година на Собранието на РСМ, сакаме да ја информираме јавноста дека во конкретниот случај не се работи за задоцнета одлука, туку единствено законита и правно аргументирана одлука донесена во законски водена постапка, се наведува во соопштението.

Од Управниот суд посочуваат дека одлуката ја донеле согласно одредбата од членот 3 став 1 точка 5 од Законот за управните спорови, согласно кој „во управниот спор судот одлучува за законотоста на конечните поединечни акти со кои се одлучува за избор, именување и разрешување на носители на јавни функции донесени од Собранието на РСМ, Претседателот на РСМ, Владата на РСМ, органите на државната управа, организациите утврдени со закон, другите државни органи, како и органите на единиците на локалната самоуправа”.

-Во таа насока, напоменуваме дека тужбата, изјавена против Одлуката за избор на судија на Уставниот суд на РСМ бр.08-2239/1 од 10.04.2023 година на Собранието на РСМ е поднесена на 16.10.2023 година и по истата Управниот суд првично одлучил на 08.11.2023 година, односно во рок пократок од 1 (еден) месец од поднесувањето на тужбата. Одлуката била обжалена, по што второстепениот суд донел одлука на ден 28.02.2024 година, односно решение со кое жалбата е уважена, одлуката на Управниот суд е укината и предметот е вратен на повторно одлучување. Управниот суд, по низа превземени процесни дејствија донесе одлука, против која повторно е изјавена жалба, која Вишиот Управен суд со Решение УРПЖ.бр.373/24 од 08.04.2025 година, ја уважи и предметот го врати на повторно одлучување. Во повторна постапка, а имајќи ја предвид одлуката на Вишиот Управен суд, како и по извршена темелна правна анализа, Управниот суд ја донесе одлуката по предметот У-5.бр.380/25 на ден 15.05.2025 година, односно во рок пократок од 1(еден) месец, по донесената одлука на повисокиот суд, се наведува во соопштението.

Согласно горенаведеното, како што посочуваат во соопштението, произлегува дека сите процесни дејствија од моментот на поднесувањето на тужба до моментот на донесување на одлуката, Управниот суд ги превзел брзо, ефикасно, навремено, во рокови пократки од законски предвидениот рок.

-Оттука, изјавите дадени во врска со предметот У-5.бр.380/25 од уставни судии и членови на други судски инстанци се неприфатливи и серизоно го нарушуваат уставното начело на независност на судството со тоа што повикуваат на јавна одговорност на судиите преку медиумите за донесена судска одлука, без почитување на независноста на судската власт, а притоа употребувајќи типологии како “време и невреме”, велат од Управен суд.

Оттаму посочуваат дека жалат што дел од чинителите на правосудната власт, со неаргументирани изјави ја поткопуваат судската независност која е темел на правната држава, а воедно и интегритетот и довербата во судството, кон кои сите се стремиме.

- Судовите се обврзани да носат одлуки исклучиво врз основа на Уставот, законите и доказите, ослободени од надворешни влијанија од било каква природа. Само на тој начин може да се обезбеди довербата на граѓаните во правниот систем и да се зачува интегритетот на институциите, нагласуваат од Управниот суд.

На крај, како што потенцираат од Управниот суд, независното судство не е само професионален и морален императив - тоа е услов за стабилност, просперитет, правна сигурност и обезбедување на начелото на владеење на правото во нашето општество.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сидни Свини никогаш по провокативна

Жежок спектакл со  една од најубавите жани во Холивуд, актерката Сидни Свини.

Фото:  Сидни Свини никогаш по провокативна

Русокосата убавица се појави во десега најпровокативното издание.

Сидни Свини ја пречекува празничната сезона во мошне провокативно издание, кое повторно е дел од нејзината најнова колекција.

Актерката Сидни Свини позира облечена само во бела чипкана долна облека за новата кампања на нејзиниот бренд „Syrn“. Фотографиите, инспирирани од зимската магија, беа објавени како дел од серија фотографии на Инстаграм-профилот на нејзиниот бренд.

Сидни позираше пред снежна позадина, седејќи на црвен сатенски огртач со крзнени детали. Таа носи градник со прерамки околу вратот и соодветни гаќички со низок струк и исечоциа. Ова не е прва празнична колекција, но Сидни не сака да губи време.

„Првите снегулки во сезоната-заводничка“, стои во описот на објавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!

Најфаталната Србинка го запали интернетот! Се појави „жежок“ материјал од атрактивната пејачка Теодора Џеферовиќ  – неверојатно е што прави оваа жена во теретана.

Фото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!

Сексапилната пејачка Теодора Џехверовиќ покажа како го започнува својот ден, а сцената од теретаната го привлече вниманието на нејзините следбеници.

Теодора очигледно не ги пропушта тренинзите, дури и кога станува збор за раните утрински часови.

На својот профил на Инстаграм таа објави видео од теретаната, на кое се гледа како напорно работи на својата форма и се посветува на вежбањето.

Таа носеше кафеав спортски комплет, составен од краток топ и тесен шорц, а вежбите ги изведуваше боса, во бели чорапи, со помош на спортски подлоги.

Покрај објавата, таа накратко напиша „Утринско растегнување“, придружено со емотикон на жена која медитира.

Пејачката уште еднаш покажа дека физичката активност е важен дел од нејзиното секојдневие, а судејќи според видеото, таа го започнува денот со вежбање и грижа за својот изглед и физичка подготвеност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Вселенското летало „БепиКоломбо“ (BepiColombo) – заедничка европско-јапонска вселенска мисија – пристигна кај Меркур по патување кое траеше повеќе од осум години и сега е подготвено да влезе во неговата орбита, пренесува „Гардијан“. 

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Мисијата „БепиКоломбо“ ќе стане втората во историјата што ќе орбитира околу оваа планета – најмалата во Сончевиот Систем – при што се планира мапирање на нејзината површина и проучување на нејзината внатрешност.

Целта на оваа мисија, вредна 1,6 милијарди евра, е да се утврди како Меркур се формирал толку блиску до Сонцето, зошто поседува магнетно поле, како и каков е составот на мразот скриен во кратерите на планетата кои се постојано во сенка.

Професорката Ема Банс од Универзитетот во Лестер, која работи на проектот веќе 20 години и е главен истражувач за инструментот „Спектрометар за рендгенско снимање на Меркур“ (MIXS) – дизајниран за анализа на геохемискиот состав на површината на планетата – ја опиша мисијата како „многу сложена и предизвикувачка“, на чија реализација се чекало долго време.

По влегувањето во орбитата на Меркур, MIXS ќе го анализира геохемискиот состав на површината на планетата; сепак, се очекува да поминат неколку месеци пред научниците да можат да започнат со набљудување на Меркур. На почетокот на декември, вселенското летало ќе се раздели на две орбитални единици – една европска и една јапонска – кои ќе маневрираат во посебни поларни орбити околу планетата.

Научните операции се планирани да започнат во април следната година. Европската сонда, „Орбитер за планетата Меркур“ (MPO), ќе ја мапира површината и составот на планетата во висока резолуција, истовремено проучувајќи ја внатрешноста на Меркур за да фрли светлина врз неговото необично големо јадро. Нејзиниот јапонски пандан ќе го мери магнетното поле на планетата и нејзината натриумова егзосфера – исклучително тенок слој од гас и атоми што ја опкружува планетата.

Иако Меркур е само 50 проценти поголем од Месечината, тој има четири пати поголема маса; едно од прашањата што мисијата ќе ги истражува е потеклото на оваа извонредно висока густина. Се очекува вселенските летала да кружат околу Меркур приближно три години, по што ќе останат без гориво, ќе изгубат височина и на крајот ќе удрат во површината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер