КултураУправата за заштита на културното наследство го враќа Скопско Кале во фокусот на заштитатаПо долг временски застој, Управа за заштита на културното наследство го потпиша договорот за завршување на двата музеи на Праисторискиот и Османлискиот период на Скопското Кале - еден од најзначајните симболи на културното наследство.По долг временски застој, Управа за заштита на културното наследство го потпиша договорот за завршување на двата музеи на Праисторискиот и Османлискиот период на Скопското Кале - еден од најзначајните симболи на културното наследство на Македонија информираат од Управата. Оттаму потенцираат дека со овој договор е предвидена целосна санација и адаптација на овие два објекта со што, како што нагласуваат, овој вреден простор ќе биде збогатен со дополнителни содржини кои ќе претставуваат сведоштво за континуитетот на животот во Скопје низ милениумите. -Средствата за овој капитален проект се обезбедени од страна на Владата Република Македонија со ребалансот на Буџетот за 2025 година, а инвеститор е Управата за заштита на културно наследство орган во својство на правно лице во Министерство за култура. Работите се одвиваат во координација со стручните тимови на Управата за заштита на културното наследство . Работите ќе ги изведува економскиот оператор Нет инвест гроуп чија понуда за јавната набавка за услуги - одржување на објекти и сервисирање на опрема - Скопско Кале, Музеј на праисторија и Музеј на Отомански период, од страна на комисијата за јавни набавки, беше избрана како најповолна согласно Законот за јавни набавки, се вели во денешното соопштение од Управата за заштита на културното наследство. Со завршување на постапка за јавната набавка и потпишување на договорот за јавната набавка за услуги - одржување на објекти и сервисирање на опрема - Скопско Кале, Музеј на праисторија и Музеј на Отомански период, според Управата, се започнува со активности на санирање на музејите и опремата со што конечно, после 7 години на одлагање ќе се овозможи ставање во функција на музеите. -Со ова движното културно наследство пронајдено на Скопкото кале конечно ќе стане достапно за јавноста што е од витално значење за развој на туризмот, промоција и популаризана Скопската тврдина Кале, за кое постои огромен интерес од страна на научните работници, медиуми, како и од страна на домашните и странските посетители, велат од Управата. Со ова, додаваат, продолжуваат активностите за ревитализација на Скопската тврдина Кале што е еден од приоритете на Владата на Република Македонија, Министерството за култура и туризам и Управата за заштита на културното наследство. Тагови: скопско кале Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
ФудбалЛинекер има предлог за Сити за „спас на Премиер лигата“ Поранешниот англиски репрезентативец Гери Линекер смета дека Манчестер Сити треба да признае дека ги прекршил финансиските прописи и да ја прифати паричната казна, со цел да се зачува угледот на клубот и на Премиер лигата.Богатиот англиски фудбалски великан, Манчестер Сити се соочува со обвиненија за 115 наводни прекршувања на финансиските правила во периодот меѓу 2009 и 2018 година. Клубот ги оспорува обвиненијата и настојува да докаже дека не ги прекршил правилата. Линекер, кој сега работи како спортски коментатор, смета дека признавањето на грешката и прифаќањето на евентуалните санкции би било најдоброто решение за завршување на случајот. „Оваа ситуација секако изгледа лошо за ’Сити‘ и лошо за фудбалот. Би сакал ’Манчестер‘ да излезе во јавноста и да каже: ’Да, згрешивме. За доброто на играта и на Премиер-лигата, ќе ја прифатиме каква било казна што ќе ни биде изречена и ќе продолжиме понатаму‘“, изјави Линекер. Според него, таков потег би можел да помогне во зачувувањето на угледот на англиското првенство, но тој смета дека е малку веројатно оти клубот ќе се одлучи на таков чекор. „Мислам дека тоа би било добра работа и донекаде би ја зачувало нивната репутација, како и угледот на лигата. Сепак, такво нешто изгледа малку веројатно. Разочарувачки е; ми е жал за играчите и за нивните навивачи“, додаде поранешниот англиски напаѓач. Линекер зборуваше и за можноста на Манчестер Сити да му бидат одземени титулите освоени во периодот опфатен со обвинувањата. „Не би се изненадил доколку дојде до таква казна. Но, повторувам, на крајот на краиштата, кој најмногу страда поради тие санкции? Играчите и навивачите“, заклучи Линекер.Тагови: Манчестер сити Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Амал Клуни блесна во златен фустанСопругата на холивудската ѕвезда Џорџ Клуни убавата Амал привлече внимание во златен фустан.Амал Клуни блесна синоќа на еден настан во Лондон. Може да се каже дека вниманието овој пат беше насочено кон нејзината неверојатна креација. Синоќа во Лондон се одржаа наградите „Албис“ (Albies Awards), а на гала-настанот присуствуваа бројни славни личности. Вниманието на јавноста го привлече еден пар кој повеќепати се нашол во центарот на вниманието поради своите модни комбинации. Џорџ и Амал Клуни беа добредојдени гости на овој настан, а познатата адвокатка не се двоумеше да блесне во гламурозно издание на црвениот тепих. Таа избра златен фустан од модната куќа „Гучи“, кој ја следи линијата на телото и ја истакнува нејзината витка фигура. Станува збор за креација со спуштени раменици што ги спојува модерниот гламур и класичната елеганција. Тагови: Џорџ Клуни Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Дилета Леота е повторно во топ формаУште едно заводливо издание на најубавата спосртска новинарка во Италија. Дилета Леота привлече многу погледи од целиот свет. Овој пат, таа едноставно ја откопча кошулата. Леота уште еднаш покажа зошто важи за една од најатрактивните спортски новинарки на светот. Русокосата убавица често избира комбинации што ја истакнуваат нејзината витка фигура, а особено бујните гради. На Инстаграм, каде што редовно објавува фотографии од својот деловен и приватен живот, таа сподели компилација од фотографии од Рим. Покрај прекрасните кадри од градот, вниманието го привлече и со својот сведен, а сепак шик изглед. За обична прошетка, таа облече бела кошула со длабоко деколте, која ја искомбинира со златни модни додатоци. Ја пушти косата слободно да паѓа, а шминката беше во дискретни, земјени тонови што ја истакнуваа нејзината убавина.Тагови: Дилета Леота Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook