СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!
2СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!
3ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ
СветУпаднал во Капитол, па Трамп го помилува- сега е уапсен по заканите дека ќе убие демократМаж помилуван од претседателот Доналд Трамп за неговата улога во немирите во Капитол во 2021 година е уапсен под обвинение за упатување смртни закани кон водечкиот демократ во Претставничкиот дом на САД.Кристофер Мојнихан (34) беше уапсен во Клинтон, Њујорк, и се изјасни за невин пред судот, пишува Би-Би-Си. „Не можам да го оставам овој терорист да живее“ Според судските документи добиени од Си-Би-Ес њуз, Мојнихан наводно планирал да го нападне лидерот на малцинството во Сенатот, Хаким Џефрис, за време на неговиот говор во Економскиот клуб на Њујорк оваа недела. „Не можам да го оставам овој терорист да живее“, наводно напишал Мојнихан во текстуалните пораки. Во пораките, според досиејата, тој исто така додал: „Дури и да ме мразат, Џефрис мора да биде елиминиран, ќе го убијам за во иднина“. „Никогаш не требаше да биде помилуван“ По апсењето, се огласи самиот Џефрис, кој е можен кандидат за претседател на Претставничкиот дом ако демократите ја преземат контролата. Тој им се заблагодари на полицијата и федералните агенти за апсењето на „опасно лице кое упати веродостојна закана со смрт против мене со целосна намера да ја спроведе“. „За жал, нашите храбри полицајци и федерални службеници се принудени да го поминат своето време чувајќи ги нашите заедници безбедни од овие насилни поединци кои никогаш не требаше да бидат помилувани“, рече тој. Помилување по нападот врз Капитол Во 2023 година, Мојнихан беше осуден на 21 месец затвор за упад во Капитол на 6 јануари 2021 година со толпа што се обиде да го спречи Конгресот да ја потврди изборната победа на Џо Бајден. Обвинителите потоа изјавија дека тој бил меѓу првите бунтовници што ги пробиле полициските барикади. Откако влегол во Сенатската комора, тој прелистал тетратка на бирото на сенаторот и се снимил себеси на телефонот велејќи: „Мора да има нешто тука што можеме да го употребиме против овие кретени“. Трамп го помилува, заедно со повеќе од 1.000 други обвинети за бунт, на неговиот прв ден повторно на функцијата, нарекувајќи ги „заложници“ чии животи биле „уништени“. Неколку други помилувани учесници во немирите исто така беа уапсени по разни обвиненија. Политичкото насилство е во пораст Политичкото насилство во САД ескалираше оваа година. Во јуни, еден маж ги нападна демократските пратеници во Минесота, убивајќи едно лице и нејзиниот сопруг, а повредувајќи уште едно. Во септември, еден маж од Јута го застрела и го уби конзервативниот активист Чарли Кирк. Мојнихан моментално е во притвор, а неговото следно рочиште е закажано за четврток. Според локалниот обвинител, му биле прочитани обвиненијата за кои се изјаснил за невин.Тагови: Доналд Трамп Капитол Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаЉупчо Пренџов избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕПратеникот Љупчо Пренџов е избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки. Одлуката ја донел партискиот Извршен комитет на седницата одржана на 12 ноември, објави Пренџов на Фејсбук.Тој му се заблагодари на лидерот Христијан Мицкоски за довербата и на членовите на Извршниот комитет за поддршката, оценувајќи го изборот како ново поглавје во својот политички ангажман. „Довербата е обврска. Одговорноста е да се оправда со работа и резултати“, напиша Пренџов. Пренџов претходно беше организациски секретар на Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), а во март 2017 година беше избран за потпретседател на таа партија. Во Собранието влезе во 2020 година како претставник на ГРОМ, од листата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Драган Ковачки беше избран за генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на 6 февруари годинава, кога Централниот комитет го избра и новиот состав на Извршниот комитет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
РакометВо сабота во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ ракометно дерби, Вардар- АлкалоидВо сабота нè очекува уште едно големо ракометно дерби – Вардар против Алкалоид. Видеолотарија и навивачите со силна подршка на трибините за црвено-црните.Дерби-натпреварот меѓу Вардар и градскиот ривал Алкалоид, закажан за сабота, 14 ноември, со почеток во 18:30 часот, ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“, наместо во малата сала на СЦ „Јане Сандански“. ВЛТ е со Вардар! Ги повикуваме сите навивачи во сабота да бидат дел од црвено-црната енергија и со гласна поддршка да му помогнат на тимот во дербито. Вардарци, се гледаме во СЦ „Борис Трајковски“!Тагови: РК Вардар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!Колку повеќе прашања за одговорност се отвораат за Алта банка, толку по панично Христијан Мицкоски ја брани. Од што се плаши Мицкоски најмногу? Од вистината. Од тоа што ќе го покажат документите за влезот на Алта банка во Македонија, што ќе се откие потеклото на капиталот, трансакциите и сметките и ќе ги потврдат неговите врски со криминалниот картел на Вучиќ. Мицкоски и Трајко Славески ја донесоа Алта банка во Македонија, ја внесоа пералницата на пари на Вучиќ. Славески јавно призна дека одлуката ја донел по консултации со Мицкоски. Во Србија има истрага, Алта банка е под стечај, сопственикот е приведен, се истражуваат 380 милиони евра. Дури се споменуваат сомнежи и за печатење пари. Во Македонија граѓаните не можат да дојдат до своите пари а Мицкоски и Славески сакаат да го заташкаат скандалот за да се спасат од одговорност. Обвинителот Ненад Савески треба да го прекине молкот и веднаш да постапи по кривичната пријава што ја поднесе СДСМ. Гувернерот Трајко Славески има директна одговорност. Основани се сомненијата за несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластување при одобрувањето на преземањето на банката и спроведувањето на надзорот. Зошто не биле направени потребните проверки на сопственикот Давор Мацура, потеклото на капиталот за кој има инофрмации дека е од криминал и дрога, зошто не се пресметале ризиците? Савески треба да преземе мерки на претпазливост, вклучително привремена забрана за вршење на должноста на Трајко Славески, за да се спречи влијание врз сведоците, уништување на документацијата и доказите. Обвинителството мора да покаже дека работи независно и по закон. Скандалот со Алта банка нема да се заташка. Правдата доаѓа. Од Мицкоски до Славески – сите ќе одговараат! Скопје, 13.11.2026 година СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter