Универзитетските професори на средба со Царовска

„Реформите се нужни веднаш за учениците да постигнат подобри резултати“.

Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образование и членовите на работната група, денес на состанок со универзитетските професори од сите Универзитети во државата го продолжија широкиот консултативен процес за предложените реформи во основно образование.

Низ конструктивна дискусија, во тек е презентирање на мислењата на предлозите и сугестиите на професорите, од кои добар дел се во насока на подобрување на концепцијата.

“Овие средби се многу важни за процесот на реформи, а мислењата на универзитетските професори од различни научни дисциплини се добредојдени затоа што верувам дека сите заеднички ќе создадеме квалитетни промени во нашето образование. Посебно важно ќе ни биде мислењето на професорите од научните дисциплини кои се вклучени во наставата и тие ќе ги пишуваат наставните програми”, рече министерката Царовска.

Мимоза Ристова професорка на Природно - математичкиот факултет во Скопје вели дека со реформата се создаваат генерации кои се воспитуваат во духот на мултикултурализмот и размислуваат критички.

“После 30 години некој се најде да го подобри системот. Имаме системска грешка која се провлекува низ неколку влади до сега, а точно е детектирана грешката. Оваа влада се нафати да ја исправи грешката. Мислам дека реформата мора да оди брзо и да го покренеме системот на подобро” рече професорката Ристова.

Емилија Петрова Ѓоргева Деканка на Педагошкиот факултет на Факултетот “Гоце Делчев” во Штип рече дека предложената концепција е подготвена врз основа на анализи и ставови на наставниците и нејзината примена во образованието ќе ги даде посакуваните резултати.

Дејан Илиев, професор на Педагошкиот факултет при УКЛО – Битола, даде поддршка на реформските процеси.

“Образованието е жива материја. Растеме со него и целиот живот не следи. Јас сум за реформите коишто се случуваат. Дајте сите да дадеме придонес ова да заживее”, рече професорот Илиев.

Фабви Османи професор и декан на Педагошкиот факултет од Државниот Универзитет во Тетово, вели дека целосно се согласува со интегрирањето на предметите затоа што сега имаме повторување на исти содржини во различни предмети.

“Сите сме свесни дека треба да се реформира образованието. Знаеме дека образованието бара нов приод. Самата концепција го поврзува училиштето и научната јавност која се занимава со оваа проблематика. Лично не се согласувам со отфрлање на концепцијата. Сите знаеме какви се резултатите од тестирањата и дека треба да се смени, но кога ќе се смени, ако даваме отпор”, вели Османи.

Славчо Димитров асистент на факултетот ФОН истакна дека концепцијата е за поздравување и дека не треба да има одложување на овој процес.

“Се за поздравување реформите и во нив треба да се вклучат сите. Јасно и недисмислено во концепцијата е тоа што учениците конечно се ставаат во фокус на образованието. Со интегрираните предмети македонското образование ќе влезе во развиените системи. Овој процес е почнат и мора да истера.Јас сум шокиран дека во 21 век зборуваме и отвораме дискусии за концепцијата. Оваа концепција мора да помине и да истераме до крај”, рече Димитров.

Снежана Христова професорка на “Американ колеџ” рече дека ова е огромен чекор за почит и за пофалба.

„Со концепцијата за првпат имаме визионерски пристап во образовните реформи. За поздравување е дека после многу години се прави сеопфатна концепција и за тоа за прв пат се споменуваат резултати од учење. Мислам дека концепцијата е добро поставена, но треба да се внимава на имплементацијата, односно да се постават приоритети. Сметам дека фокусот треба да се стави на јазичноста и математичката писменост и на развој на когнитивните вештини кај децата”, рече Христова.

Министерство за образование и наука

Ужас во Аризона: Татко си ги пронашол двете тригодишни близначки удавени во базен

Полицијата ги објави имињата на близначките кои трагично загинаа откако нивниот татко ги извлекол нивните безживотни тела од базенот во дворот.

Тригодишните девојчиња, Валентина и Пеналапи Руиз, починале во четвртокот во болница во Феникс, Аризона, соопштија официјални лица, пишува Daily Mail..

„Прелиминарните информации сугерираат дека дошло до случајно давење“, соопшти вчера полицијата.

„Во овој момент, нема ништо што откриле иследниците што изгледа сомнително“, рече пожарникарот на Феникс, Роб Мекдејд, за таткото на близнаците кој се јавил на 911.

Мекдејд додаде дека децата биле под вода „неодредено време“ пред да пристигне помошта околу 15:30 часот во четвртокот.

Девојчињата биле итно пренесени во блиската болница каде што биле прогласени за мртви, соопштија официјални лица.

Воздушните снимки од домот покажале базен во облик на бубрег што немал ограда околу него.

Расте бројот на жртвите во поплавите во Бразил- најмалку 57 загинати, 67 исчезнати (ВИДЕО)

Бројот на загинати од поројниот дожд во јужната бразилска држава Рио Гранде до Сул се искачи на 57, соопштија локалните власти, додека десетици се уште не се пронајдени, пренесува Ројтерс.

Цивилната заштита на Рио Гранде до Сул соопшти дека 67 лица се уште се водат како исчезнати, додека повеќе од 32.000 луѓе се раселени поради невремето, кое зафати речиси две третини од 497-те градови во државата, која граничи со Уругвај и Аргентина.

Поплавите уништија патишта и мостови во повеќе региони во земјата. Невремето предизвика и лизгање на земјиштето и делумно уривање на брана во мала хидроцентрала. Друга брана во градот Бенто Гонкалвес исто така е во опасност од уривање, соопштија властите.

Во Порто Алегре, главниот град на Рио Гранде до Сул, езерото Гуаиба се излеа, поплавувајќи ги улиците. Меѓународниот аеродром во Порто Алегре ги укина сите летови на неодредено време.

Во следните 36 часа се очекуваат врнежи од дожд во северните и североисточните предели на државата, но количината на врнежи се намалува и би требало да биде далеку под врвот забележан претходно оваа недела, соопшти државната метеоролошка служба.

Сепак, „нивото на водата во реките треба да остане високо неколку дена“, изјави денеска гувернерот Едуардо Леите во видеото на неговите социјални мрежи, додавајќи дека е тешко да се каже колку долго.

Рио Гранде до Сул се наоѓа на географската точка меѓу тропската и поларната атмосфера, што создава метеоролошка шема со периоди на интензивен дожд и други со суша.

Локалните научници веруваат дека оваа шема се интензивира поради климатските промени.

Обилните дождови веќе го погодија Рио Гранде до Сул во септември минатата година, кога екстратропски циклон предизвика поплави во кои загинаа повеќе од 50 луѓе. Ова се случи по повеќе од две години постојана суша поради феноменот Ла Ниња, со само слаби дождови.

Најбогатата актерка на светот има 3 милијарди долари, но ретко кој ја знае (ВИДЕО)

Кога ќе помислите на најбогатите актерки во светот, веројатно ви паѓаат на ум познати имиња како Џулија Робертс, Сандра Булок, Анџелина Џоли или Џенифер Анистон, но големи се шансите никогаш да не сте го чуле името на најбогатата актерка на светот.

Имено, оваа титула ѝ припаѓа на американската актерка Џејми Герц, чие богатство се проценува на 3,2 милијарди долари. Ако се прашувате која е, не сте единствените затоа што изгледа дека луѓето не можат да се сетат на неа.

58-годишната ѕвезда ја започнала својата кариера во 1981 година со улога во „Бескрајна љубов“ и оттогаш се појавила во голем број филмови, вклучувајќи ги „Изгубените момчиња“, „Твистер“, „Крстопат“, „Помалку од нула“, „Квиксилвер“ и „Шеснаесет свеќи“.

Покрај тоа, таа се појави во хит сериите Seinfeld, The Neighbors, Modern Family и This is Us, а неодамна глумеше во филмот „I Want You Back“ од 2022 година, но таа ретко се појавува на екранот.

Сепак, нејзиното богатство не се должи само на нејзината актерска кариера. Актерката е во брак со милијардерот и инвеститор Тони Реслер, со кого е косопственик на НБА тимот Атланта Хокс. Имаат четири деца, а интересно, кога се венчале во 80-тите, Џејми била хранителка бидејќи компанијата на нејзиниот сопруг пропаднала, но тој подоцна се опоравил и заработил милијарди.

Инаку, официјално најбогатата актерка на светот е холивудската ѕвезда Дина Мерил, чие богатство се проценува на 5 милијарди долари. Мерил починала во 2017 година, со што Џејми сега стана најбогатата жива актерка на светот.

притисни ентер