Универзитетски професори од неколку општествени науки ќе бидат изземени од критериумот за научни трудови во Web of science - Канал 5

Универзитетски професори од неколку општествени науки ќе бидат изземени од критериумот за научни трудови во Web of science

Министерката Весна Јаневска на прес-конференција денеска рече дека во базата на Web of science има околу 1300 списанија што објавуваат трудови од општествени науки. 

Универзитетски професори од неколку општествени науки ќе бидат изземени од критериумот за научни трудови во Web of science

Универзитетските професори од неколку области од општествените науки - филологија, фолклор, археологија, етнологија и национална историја ќе бидат изземени од обврската за објавување трудови во списанија со импакт-фактор од базата на Web of science како обврска за напредување во повисоко звање, затоа што достапни им се помал бројот на списанија со фактор на влијание во оваа научна база и поради тоа ќе им биде потешко да го исполнат критериумот што се предвидува со новиот закон за виското образование. Наместо тоа, тие ќе може да објавуваат во списанија со импакт-факјтор во базата Scopus.

Министерката Весна Јаневска на прес-конференција денеска рече дека во базата на Web of science има околу 1300 списанија што објавуваат трудови од општествени науки.

-Бидејќи сакаме постепено и во континуитет да ги правиме промените за добивање квалитет во високото образование, решивме овие науки да ги исклучиме од Web of science и тие ќе може да објавуваат во списанија со импакт-факјтор во базата Scopus. Тоа е големо олеснување, имајќи разбирање за приспособувачкиот период во кој наставниците ќе треба да ги постигнат резултатите што сега законот ќе ги бара од нив, рече Јаневска.

Напредувањето во звања е меѓу поповажните новини во новиот закон за високото образование затоа што со зајакнуваат критериумите. Секој што ќе аплицира за избор во звање – доцент, вонреден или редовен професор, отсега, во зависност од звањето, ќе има обврска до изборот да изработи и објави од шест до седум научни трудови. Три до четири од нив треба да бидат објавени во списание со импакт-фактор од базите Web of science или Scopus. За професорите коишто ќе бидат затекнати при избор во звања ќе има олеснувања на постапката. Новиот закон предвидува еден професор да може доживотно да остане во исто звање доколку ги исполнува условите за тоа звање при секој нареден избор. По усвојување на законот, избраните редовни професори во иднина ќе имаат реизбор по седум години. Тие што се веќе избрани во редовни професори нема да бидат опфатени со овој закон.

Според новиот закон за високото образование, докторски (трет циклус) студии ќе може да организираат првите четири рангирани универзитети во државава откога ќе се направи првото национално рангирање што се очекува една година по донесувањето на законот. Министерката Јаневска посочи дека дотогаш тие ќе работат како и до сега.

-Овој закон првпат предвидува национално рангирање кое ќе го спроведе МОН. Додека да се спроведе првото национално рангирање останува така како што е досега. Ние им даваме и други услови, на пример: да постојат десет години, нивните научници да имаат објавено најмалку 500 трудови, да имаат по тројца ментори за секоја студиска програма и уште неколку други кои ќе треба да ги исполнат, без оглед дали се први или последни на ранг-листата. Ова ќе потттикне натпревар меѓу универзитетите што е исклучително значајно и ако сите ги исполнат овие услови, сите ќе добијат можност за докторски студии. Се надевам дека во догледно време, за неколку години, сите јавни универзитети ќе успеат да ги постигнат овие услови, рече министерката Јаневска на прес-конференцијата на која ги претстави пакетот три закони за високото образование и за научноистражувачка дејност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок!

Ресен и Преспанскиот регион повторно се соочуваат со земјоделска неизвесност.

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок!

Индустриското јаболко се откупува за само 4 денари за килограм, додека производствените трошоци надминуваат 10 денари по килограм. Тоа веќе не е земјоделство, туку принудна работа со однапред пресметана загуба.

„Апсурдот станува уште поголем кога ќе се земат предвид трошоците за бербата. За една дневница од околу 3.000 денари, овоштарот треба да продаде дури 750 килограми индустриски јаболка, без да ги пресмета горивото, ѓубривата, средствата за заштита на насадот и целогодишниот труд. Владата не може повеќе да се крие зад пазарните услови и да се однесува како да нема никаква одговорност кон производителите на јаболка. Нејзина обврска е да создава услови за одржливо производство, фер пазар и навремена поддршка на домашните земјоделци“, вели во својата изјава Илија Чилиманов, правен експерт и член на ИО на Либерално-демократската партија (ЛДП).

За подобрување на условите, Чилиманов од надлежните побара носење на итни и конкретни мерки:

- Итна финансиска поддршка за производителите на индустриско јаболко, со цел да се намали јазот меѓу производната и откупната цена.

- Навремена исплата на сите заостанати субвенции, без дополнителни административни одолговлекувања.

- Транспарентен систем на откупни цени и јавно објавување на понудите од откупувачите.

- Поддршка за преработувачките капацитети и домашната индустрија, за производството да добива дополнителна вредност во Македонија.

- Долгорочна стратегија за овоштарството, со посебен акцент на Преспанскиот регион и на заштитата на малите и средните земјоделски стопанства.

„Земјоделците не бараат милостина и сожалување. Тие бараат фер услови за сопствениот труд и можност да живеат од својата работа. Доколку Владата не може да го заштити домашното производство, тогаш во истиот момент да престане да зборува за економски развој и рекорден раст, бидејќи цели земјоделски региони се борат за гол опстанок“, посочува Чилиманов.

На земјоделците од Преспанскиот регион не им требаат празни ветувања и фотографирања со гајби јаболка. Нив им требаат конкретни реформи, инвестиции и институции кои што ќе ги заштитат.

„Крајно време е земјоделците да престанат да бидат последната алка во синџирот и конечно, да станат рамноправни економски партнери. ЛДП останува на страната на производителите на јаболко и ги поддржува сите нивни организирани активности за остварување на нивните права, вклучително и обезбедување на бесплатна правна помош“, заклучува Чилиманов во својата изјава.

YouTube video

ЛДП

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Битола: Под рефлектори и спортските терени во ОУ „Гоце Делчев“

Осветлени и спортските терени во објектот на училиштето „Гоце Делчев“ познато во јавноста како турското училиште.

Општина Битола: Под рефлектори и спортските терени во ОУ „Гоце Делчев“

Училишниот објект доби два спортски терени, едниот терен за ракомет и мал фудбал, а другиот за кошарка.

Под асфалтна површина се 837 м2, а спортските игралишта имаат тартан подлога.

Терените се опремени со реквизити, урбана опрема, а проектот предвидува и зелени површини, површини под бехатон плочки. Деновиве и рефлекторите ги осветлија терените.

Средствата за изградба на овие терени се од вториот владин повик, преку министерството за образование и наука, а вредноста на договорот е 7.497.068 денари.

Општина Битола

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најчудниот Фиат добива наследник, но овој пат ќе изгледа сосема поинаку

Концептот Фиат Мултиплеј го најавува враќањето на името Мултипла во сосема нова форма.

Најчудниот Фиат добива наследник, но овој пат ќе изгледа сосема поинаку

Фиат подготвува необичен концепт за Саемот за автомобили во Париз – Мултиплеј, модел кој се потпира на наследството на два различни автомобили со името Мултипла, но носи сосема поинаква каросерија.

За разлика од претходните модели, новиот Мултиплеј не е миниван. Фиат го опишува како комбинација од теренец и пикап, со отворен товарен простор и флексибилен ентериер.

Теренец и пикап во едно

Идејата е дека конфигурацијата на возилото може да се промени само со неколку движења, благодарение на посебен механизам.

Така, Мултиплеј би можел да понуди практичност на отворен товарен простор кога е потребно, но и удобност на теренец за секојдневно возење.

Фиат го опишува возилото како „нов концепт за мобилност“, со фокус на пристапност, флексибилност и практичност.

Иако во моментов е концепт, Фиат не го крие фактот дека Мултиплеј би можел да послужи како основа за иден производствен модел.

Компанијата вели дека би можела да создаде нова категорија возила и да ја прошири својата понуда за прифатливи семејни возила.

Доколку производството навистина се одвива, се очекува да се користи платформата Смарт Кар на Стелантис, која поддржува бензински, благ хибрид и целосно електрични погонски склопови.

Враќање на името Мултипла

Првиот Фиат 600 Мултипла беше претставен во средината на 1950-тите. Беше долг околу 3,5 метри, имаше три реда седишта и можеше да смести шест патници.

Името беше повторно користено кон крајот на 1990-тите.

Фиат Мултипла од 1998 година стана познат по својот многу необичен дизајн и двојни фарови, но во исто време нудеше простор за шест патници во два реда седишта.

Должината на овој модел беше компактна 399,4 см.

Новиот Мултиплеј сега можеше да ја комбинира практичноста на тие модели со модерен концепт на теренец/пикап.

Повеќе детали ќе бидат познати по премиерата во Париз.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер