Универзитетската Клиника за урологија стана лиценциран центар за поставување уринарен сфинктер - Канал 5

Универзитетската Клиника за урологија стана лиценциран центар за поставување уринарен сфинктер

Универзитетската клиника за урологија во Скопје, започна со изведување операции за вградување на вештачки уринарен сфинктер, нова процедура, која досега се спроведуваше само во странските и приватните медицински центри.

Универзитетската Клиника за урологија стана лиценциран центар за поставување уринарен сфинктер

Интервенциите бea изведени од виш научен соработник д-р Огнен Ивановски. Првите две интервенции се изведоа под менторство на професор д-р Сергеи Владиславович Котов од Клиниката за урологија Пирогов во Москва, Русија. Досега, изведени се вкупно 10 вакви интервенции, што ја вбројува Универзитетската клиника за урологија помеѓу ретките центри, кои се лиценцирани за изведување на овој тип нови процедури. Во изминатава година, во однос на земјите од регионот, во Македонија се вградени најголем број уринарни сфинктери на пациенти кај кои е неопходна ваква интервенција. Операцијата на вградување сфинктер е целосно покриена од Фондот за здравствено осигурување на Р.С. Македонија и претставува нова услуга во јавното здравство.

Неконтролираното истекување на урина од мочниот меур (уринарна инконтиненција) најчесто се јавува после оперативно вадење на простатата поради карцином. Неволното истекување на урината најчесто се јавува при стоење или одење, а се интензивира при активности како кревање терет, смеење, кашлање или кивање. Оваа состојба во голема мера го нарушува квалитетот на живот на пациентот и претставува сериозен социјален и хигиенски проблем.

„Повеќе од 10 месеци посветени сме на оваа нова процедура. Горди сме што можеме да понудиме решение на проблем за кој претходно пациентите беа принудени да патуваат во странство. Вградувањето на вештачкиот уринарен сфинктер е златен стандард за решавање на уринарната инконтиненција, особено кај пациенти по операција на простата. Оваа интервенција значително ја подобрува контролата на урината кај пациентите, за кои ова е комплетно решение“, вели д-р Ивановски, виш научен соработник на Универзитетската клиника за урологија во Скопје.

По стекнувањето на соодветна експертиза во странски центри, како што е работа на 3D испечатени модели на мала карлица во Турција, курсеви на кадавер, како и клинички стаж во Левен, Белгија, д-р Ивановски за првпат самостојно изведе операции за вградување на вештачки уринарен сфинктер кај 10 македонски пациенти.

„Со воведувањето на оваа процедура, Универзитетската клиника за урологија, не само што ја проширува понудата на здравствени услуги во јавниот сектор, туку и го подобрува животот на пациентите, кои досега немале можност за третман на уринарната инконтиненција во рамките на земјава“, изјави директорот на Универзитетската клиника за урологија, д-р Башким Шабани.

Карциномот на простата е најчесто дијагностицирана малигна болест кај мажите над 50-годишна возраст. Се проценува дека 1,4 милиони мажи годишно го добиваат овој карцином, а 375.000 од нив умираат како директна последица од болеста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од 20 до 30 август Карпош станува културна сцена: Започнува „Карпошово културно лето’’

Нокаут, Игор Џамбазов и Гуру Харе, Дац и Александар, Александар Тарабунов – Тара, Тумбао со Гиш, Day Off, кино на отворено, изложби, детска програма и фолклор во десет фестивалски дена на повеќе локации низ Карпош

Од 20 до 30 август Карпош станува културна сцена: Започнува „Карпошово културно лето’’

Од 20 до 30 август, Карпош ќе живее во ритамот на музиката, филмот, уметноста и културното творештво. На повеќе препознатливи локации низ општината ќе се одржи годинешното издание на „Карпошово културно лето’’, со десет програмски дена што ги поврзуваат македонската музичка сцена, културното наследство, киното, визуелната уметност, детското творештво, фолклорот и современите урбани содржини.

Програмата беше претставена на прес-конференција одржана на 17 август во холот на Општина Карпош. Концептот на годинешното издание ја носи културата на повеќе точки низ општината - од плоштадот „Делфина“ во Влае и Плато на ,,Млечен’’ , преку Карпош 3 и Бардовци, до Кинотека, дворот на ООУ „Петар Поп Арсов“, просторот кај ФИНКИ и општинската зграда.

Во фокусот е македонското творештво - домашните изведувачи, филмот, драмското и музичкото наследство, традицијата и новите креативни практики - надополнети со ликовни и други културни содржини што ја отвораат програмата кон различни генерации и уметнички изрази. Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, на прес-конференцијата ја истакна токму поврзаноста меѓу наследството, традицијата и иднината на македонската култура и упати отворена покана до јавноста да биде дел од фестивалските денови.

„Целата програма е олицетворение на она што е културно наследство, традиција, креативен капацитет и македонска иднина во областа на културата. Изразувам голема благодарност до тимот кој посветено работи на овие проекти, како и до сите учесници. Упатувам отворена покана до сите карпошани и сограѓани - бидете со нас, посетете го киното на отворено, бидејќи ветуваме добра забава, дружба и незаборавни доживувања!’’, изјави градоначалникот Сотир Лукровски.

Свеченото отворање на „Карпошово културно лето“ е закажано за 20 август во 20:00 часот на плоштадот „Делфина’’ во Влае, со настапи на Александар Тарабунов - Тара и Нокаут, како и диџеј-програма. Во следните фестивалски денови публиката ќе може да ги проследи Тумбао Салса бенд со Сашо Гигов - Гиш и проектот „Gypsy Night“, Дац и Александар со специјалните гостинки Маријана и Росана, Balkan Jam, Игор Џамбазов и Гуру Харе и Day Off.

На 29 август, Бардовци ќе биде домаќин на вечер посветена на македонската народна музика со Душко Георгиевски, Зуица Лазова и Миле Кузмановски, како и настап на КУД „Етнос“.

Музичкиот мозаик го дополнуваат детскиот фестивал „Поточиња’’, хорот на Здружението на пензионери Карпош, женскиот хор „Фрида’’, АКУД „Мирче Ацев’’, квартетот „Полихимниа’’ и други програмски содржини што ги поврзуваат современата сцена, евергринот, хорската музика, фолклорот и традицијата.

Културно наследство, визуелна уметност и нови креативни практики

Посебно место во програмата има изложбата на 25 плакати од театарски претстави на Горан Стефановски, пронајдени во неговата лична колекција. Плакатите се од различни претстави изведувани во земјата и надвор од неа и претставуваат визуелен пресек на сценскиот живот на неговите текстови и потсетување на трајното значење на неговиот драмски опус. Современото творештво и одржливоста се поврзуваат преку ReART - патувачка изложба на циркуларна уметност, реализирана во соработка со Фондацијата „Берта Додедевска“ и „Нула отпад“. Проектот ја истражува креативната реупотреба на електронскиот отпад како уметнички материјал и ги отвора темите за циркуларната економија, одржливиот развој и одговорниот однос кон животната средина.

На 21 август во Кинотека ќе биде отворена и меѓународната изложба „Ликовни визии на имагинацијата’’, на која ќе бидат претставени дела од десет академски ликовни уметници - осум од Македонија и двајца од Србија. Истиот ден ќе се одржи и промоцијата на книгата „Зоја’’ од Јоана Шишкова.

На 27 август, на платото на ,,Млечен’’ , ќе биде поставена и изложбата на отворено „Карпош помеѓу боите и генерациите’’, со дела на деца, млади и возрасни автори.

Кино под отворено небо и содржини за најмладите

Еден од препознатливите сегменти на годинешната програма е Карпош кино на отворено, кое започнува на 21 август во 20:00 часот во дворот на ООУ „Петар Поп Арсов’’. Првата проекција е „Приказна за Силјан’’, а кино-програмата продолжува и во наредните фестивалски вечери до 27 август. За најмладата публика, покрај настапот на „Поточиња’’, на 23 август кај фонтаната во Карпош 3 ќе се реализира интерактивната просторна работилница „Нашето маало - #СоздавамеЗаедно’’. Преку заедничко создавање, децата ќе градат просторна инсталација инспирирана од маалото - со згради, улици, паркови, игралишта и други елементи – поврзувајќи ги имагинацијата, заедништвото, грижата за јавниот простор и креативната реупотреба на материјалите.

Со музика, филм, ликовна уметност, културно наследство, детско творештво, фолклор и урбани содржини распоредени на повеќе локации, „Карпошово културно лето’’ ја отвора општината како простор за култура и средба со публиката, поврзувајќи афирмирани домашни имиња, нови автори и различни генерации.

КОМПЛЕТНА ПРОГРАМА

„КАРПОШОВО КУЛТУРНО ЛЕТО’’

20 АВГУСТ | ЧЕТВРТОК

11:00 | Хол на Општина Карпош

Изложба на плакати од театарски претстави на Горан Стефановски

19:00 | Сити Мол

ReART - патувачка изложба

20:00 | Плоштад „Делфина’’, Влае

Свечено отворање на „Карпошово културно лето’’

Диџеј-програма

Александар Тарабунов - Тара

Нокаут

21 АВГУСТ | ПЕТОК

12:00 | Кинотека

Меѓународна изложба „Ликовни визии на имагинацијата’’

12:30 | Кинотека

Промоција на книгата „Зоја’’ од Јоана Шишкова

19:00 | Плоштад „Делфина’’

Детски фестивал „Поточиња’’

20:00 | Плоштад „Делфина’’

Хор на Здружението на пензионери Карпош

Диригент: Благица Душкова

20:00 | Двор на ООУ „Петар Поп Арсов’’

Отворање на Карпош кино на отворено

Проекција: „Приказна за Силјан’’

21:00 | Плоштад „Делфина’’

Тумбао Салса бенд со Сашо Гигов – Гиш

Проект: „Gypsy Night’’

22 АВГУСТ | САБОТА

18:00 | Бараките на ФИНКИ

Журка на ФИНКИ - „Мурал во Карпош’’

20:00 | Двор на ООУ „Петар Поп Арсов’’

Кино на отворено

Проекција: Јон Вардар против Галаксија

23 АВГУСТ | НЕДЕЛА

17:00 | Фонтана, Карпош 3

„Нашето маало – #СоздавамеЗаедно’’

Детска интерактивна просторна работилница

20:00 | Двор на ООУ „Петар Поп Арсов’’

Кино на отворено

Проекција: Мирно лето

20:30 | Фонтана, Карпош 3

Рап журка со ,,Жабата’’

24 АВГУСТ | ПОНЕДЕЛНИК

19:00 | Плато Млечен

КУД „Мирче Ацев’’ - меѓународен фолклорен фестивал

20:00 | Двор на ООУ „Петар Поп Арсов’’

Кино на отворено

Проекција: Медена земја

21:00 | Плато Млечен

Евергрин вечер со Дац и Александар

Специјални гостинки: Маријана и Росана

Промоција на заедничката песна „Засекогаш млади’’

25 АВГУСТ | ВТОРНИК

19:00 | Плато Млечен

ReART - патувачка изложба

20:00 | Плато Млечен

Диџеј-програма

20:00 | Двор на ООУ „Петар Поп Арсов“

Кино на отворено

Проекција: Te Dua жими мене

21:00 | Плато Млечен

Balkan Jam

26 АВГУСТ | СРЕДА

14:00 | Хол на Општина Карпош

Квартет „Полихимниа“ - концерт

19:00 | Плато Млечен

КУД „Мирче Ацев’’ - меѓународен фолклорен фестивал

20:00 | Двор на ООУ „Петар Поп Арсов’’

Кино на отворено

Проекција: Исцелител

21:00 | Плато Млечен

Игор Џамбазов и Гуру Харе

27 АВГУСТ | ЧЕТВРТОК

19:00 | Плато Млечен

Хор „Фрида’’

Проект: „Песната е лек’’

19:30 | Плато Млечен

Изложба на отворено

„Карпош помеѓу боите и генерациите’’

20:00 | Двор на ООУ „Петар Поп Арсов’’

Кино на отворено

Проекција: Балкан Кан

21:00 | Плато Млечен

Day Off

29 АВГУСТ | САБОТА

09.00 | Бардовци

Фудбалски терен на ФК Лепенец (бардовци)

Дводневен (викенд) фудбалски турнир

20:00 | Бардовци

КУД „Етнос’’

21:00 | Бардовци

Фолк вечер

Душко Георгиевски

Зуица Лазова

Миле Кузмановски

30 АВГУСТ | НЕДЕЛА

11:00 | Хол на Општина Карпош

Ерхан Шукри - концерт

Изложба на уметнички дела

ReART - патувачка изложба, поставка во холот

Изложба на плакати од претставите на Горан Стефановски

Дело од Детскиот ликовен центар

Дело од ликовната колонија „Нерешки мајстори’’

Дело од изложбата на отворено

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Општина Центар отсега и на вашиот телефон – нова мобилна апликација за граѓаните

Општина Центар – Скопје ја пушта во употреба својата официјална мобилна апликација, преку која граѓаните на едно место ќе имаат пристап до најважните информации, услуги и дигитални алатки на Општината.

Герасимовски: Општина Центар отсега и на вашиот телефон – нова мобилна апликација за граѓаните

Апликацијата во моментов е достапна за преземање на App Store за корисниците на iOS, а во следните неколку дена ќе биде достапна и за Android корисниците преку Google Play.

Новата апликација е уште еден чекор во процесот на дигитализација и има за цел да ја направи комуникацијата со Општината побрза, поедноставна и подостапна. Преку мобилен телефон, граѓаните ќе можат да ги следат актуелните вести, соопштенија, настани и јавни повици, но и директно да пристапат до електронските услуги и сервисите што ги нуди Општина Центар.

Градоначалникот Горан Герасимовски истакна дека со новата апликација Општината продолжува со воведување современи решенија кои им заштедуваат време на граѓаните и им овозможуваат полесен пристап до информациите и услугите.

„Сакаме Општина Центар да биде достапна за граѓаните секогаш кога им е потребна. Наместо да пребаруваат на повеќе места или да доаѓаат во Општината за секоја информација, сега најважните услуги и информации ќе ги имаат директно на својот телефон. Со новата апликација правиме уште еден чекор кон поотворена, поефикасна и подигитална општина, во која граѓанинот е во центарот на услугите“, изјави Герасимовски.

Преку апликацијата е овозможен брз пристап до ГИС Порталот, е-Урбанизам и е-Дозволи, „Мој Буџет“, како и до сите општински услуги организирани по категории, со можност за брзо пребарување.

На едно место се достапни и општинските документи, обрасци и одлуки, како и сите потребни контакт информации – адреса, телефон, електронска пошта и работно време на Општината.

Посебен дел е предвиден за директна комуникација со граѓаните, преку кој тие ќе можат да пријават проблем или да испратат предлог до Општината. Достапни се и корисни линкови за пристап до информации од јавен карактер, пријавување корупција, отворени податоци и граѓански буџет.

Апликацијата е наменета не само за жителите на Општина Центар, туку и за сите кои работат, престојуваат или секојдневно го посетуваат центарот на Скопје.

Со новата мобилна апликација, Општина Центар продолжува со дигитализацијата на услугите и со создавање модерна, отворена и достапна општина која им го олеснува секојдневието на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Родри официјално го потпиша договорот со Барселона

Најдобриот фудбалер од последниот Мундијал, капитенот на новиот свтески првак Шпанија, Родри официјално го потпиша договорот со шпанскиот шампион– Барселона го „врза“ до 2030 година. 

Родри официјално го потпиша договорот со Барселона

Барселона доби огромно засилување во средниот ред, она што се најавуваше со денови, сега стана реалност – Родри е новиот фудбалер на каталонскиот клуб.

Барселона и Манчестер Сити постигнаа договор за трансфер на шпанскиот репрезентативец, кој потпиша договор со клубот од „Камп Ноу“ до 30 јуни 2030 година.

Доаѓањето на еден од најдобрите играчи за врска во светот претставува голем потег за Барселона, која доби играч способен да донесе стабилност, контрола и искуство на најважните натпревари.

Родри фудбалски созреа во младинскиот погон на Атлетико Мадрид, но се афирмираше во Виљареал, од каде што во 2018 година се врати во Атлетико.

Само една година подоцна, тој премина во Манчестер Сити, каде што под водство на Пеп Гвардиола прерасна во еден од најдобрите фудбалери во светот. Со Сити освои бројни трофеи, вклучувајќи неколку титули во Премиер-лигата, ФА Купот и Лигата на шампионите во 2023 година, кога Родри го постигна единствениот гол во финалето против Интер и му го донесе првиот европски трофеј на англискиот клуб.

Со шпанската репрезентација го освои Европското првенство во 2024 година, по што ја доби и „Златната топка“, а оваа година триумфираше и на Светското првенство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер