Универзитетска Клиника за Хематологија Скопје апелира до граѓаните редовно да одат на преглед - Канал 5

Универзитетска Клиника за Хематологија Скопје апелира до граѓаните редовно да одат на преглед

Раното дијагностицирање на хематолошки малигни заболувања може да спаси живот.

Универзитетска Клиника за Хематологија Скопје апелира до граѓаните редовно да одат на преглед

Пред повеќе од една година новиот коронавирус започна да се шири низ светот и предизвика пандемија, а со тоа и кризна состојба на светско ниво. Она што навистина загрижува е тоа што што поради стравот и мерките на претпазливост пациентите одбегнуваат да одат на рутински прегледи кај своите матични лекари и се почесто одлучуваат да останат дома дури и кога имаат симптоми и нарушено здравје.

Ваквата состојба е особено загрозувачка за лицата кои имаат хематолошки заболувања. Тие не се изложени на поголем ризик да бидат нападнати од коронавирусот, но се изложени на опасноста од неоткривање на болеста на време. Токму поради тоа, директорката на Универзитетската Kлиника за Хематологија, проф. д-р Ирина Пановска Ставридис апелира до граѓаните кои имаат потреба за преглед или лекарска консултација да не го одложуваат одењето на лекар бидејќи раното дијагностицирање и соодветниот третман на хематолошките малигни заболувања имаат клучно значење за излекување и успешен клинички исход од третманот. Ако пациентите се третираат навремено, многу од нив може да се излекуваат и да имаат долг и квалитетен живот.

“Пандемијата со КОВИД-19 има големо влијание врз времето потребно за поставување на финалната дијагноза кај пациентите кои страдаат од хематолошки малигни заболувања. Дисконтинуитетот во патот на дијагностика на пациентот со малигна лимфаденопатија доведе и до намален број на ново дијагностицирани пациенти. Голем дел од пациентите од страв од самата пандемија остануваат дома, самите не можат да ги препознаат симптомите на малигна лимфаденопатија и сето ова води кон задоцнето поставена дијагноза, а со тоа и полош клинички исход за пациентите. Ги советувам пациентите да не се плашат од евентуална зараза со коронавирусот затоа што на клиниката строго се почитуваат и спроведуваат сите здравствени протоколи. Со цел прегледите да бидат побрзи и безбедни, со пократок ред на чекање и да се запази социјалната дистанца, а притоа пациентите да добијат современа и комплетна услуга, по принципот еден пациент во една ординација, работата на клиниката се одвива во две смени. Апелирам и до матичните лекари да ја користат новата е-амбуланта, дел од „Мој термин“ (телефонска консултација со матични лекари) која овозможува закажување на консултативен термин со одреден специјалист за своите пациенти за кои сметаат дека имаат потреба од специјалистичка консултација.

Бидејќи психо-физичкото здравје на пациентите кои веќе имаат поставена дијагноза малигнен лимфом е многу важно, подготвивме и соодветна брошура на тема „ВОДИЧ ЗА ПАЦИЕНТИТЕ СО НЕ-ХОЧКИНОВ ЛИМФОМ“ – изјави проф. д-р Ирина Пановска Ставридис.

Имајќи ја во предвид важноста на навременото дијагностицирање на ваквите заболувања, Здружението за Хематологија на Македонија изработи и нов „Алгоритам за дијагностика на зголемени лимфни јазли во тек на пандемија“. Новиот алгоритам веќе е достапен за сите матични лекари и општи болници на ниво на целата држава.

Во изминатиот период беа организирани и неколку едукативни вебинари за стручната јавност, како и гостувања во телевизиски емисии од областа на здравството, на тема: „Што преставува лимфомот“ се со цел да ја зголеми јавната свесност за оваа болест, нејзините рани симптоми, како и кој е најбрзиот пат до соодветна дијагностика, затоа што смртноста на недијагностицираните и не третирани малигни болести е поголема од смртноста предизвикана од КОВИД 19.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриевски: Отчетот и резултатите кои што Движење ЗНАМ во изминатиот период ги презентира се потврдени и во Извештајот од ЕК!

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија продолжува со средбите со граѓаните низ државата, на кои се презентираат резултатите од изминатите две години работа и придонесот на избраните и именувани функционери од редовите на Движењето. 

Димитриевски: Отчетот и резултатите кои што Движење ЗНАМ во изминатиот период ги презентира се потврдени и во Извештајот од ЕК!

Во рамки на панел-дискусијата под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“, која се одржа во Крива Паланка, се обратија претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, министерот за јавна администрација и генерален секретар на Движењето, Горан Минчев, потпретседателката на Собранието и потпретседателка на ЗНАМ, Весна Бендевска, како и директорот на Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација и член на Извршниот одбор на Движењето, Злате Мехмедовиќ.

Претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, истакна дека резултатите од работата на функционерите на Движењето се видливи преку конкретните законски и институционални промени, кои сега се нотирани и потврдени и во Извештајот на Европската комисија за 2026 година.

„Во изминатите две години ЗНАМ презеде одговорност за суштински промени во два значајни ресори, во Министерството за правда и во Министерството за јавна администрација. За таа работа, за конкретните резултати и промените што ги спроведуваме во институциите, даваме отчет пред граѓаните низ целата држава. Денес, тие резултати се нотирани и во Извештајот на Европската комисија за 2026 година. Тоа е важна потврда дека она за што зборуваме и за што преземаме одговорност, не се само ветувања и политички пораки, туку конкретна работа препознаена и од нашите европски партнери“ истакна Димитриевски.

Тој посочи дека Извештајот на Европската комисија нотира конкретни поместувања во правосудството, особено во донесувањето на новите закони за Судскиот совет и Советот на јавните обвинители, како и новиот Закон за парничната постапка. Во јавната администрација, Европската комисија нотира умерен напредок, зајакнување на институционалните капацитети за координација и следење на управувањето со човечките ресурси, донесувањето на новите системски закони за административните службеници и вработените во јавниот сектор, Законот за високите раководители, како и воспоставувањето на Академијата за јавна администрација.

Во однос на европската интеграција, Димитриевски порача дека членството во Европската Унија останува стратешка цел, но дека е потребно поголема вклученост на европските партнери во дијалогот меѓу Македонија и Бугарија.

„Членството во Европската Унија останува наша стратешка цел и ние сме подготвени да продолжиме по тој пат, но очекуваме и Европската Унија да преземе поактивна и посуштинска улога во процесот. Потребна е поголема вклученост на европските партнери во дијалогот меѓу Македонија и Бугарија, со јасна заложба за надминување на отворените прашања и спречување на нови билатерални блокади и условувања. Нашиот став е принципиелен и непроменет, уставните измени треба да имаат одложено дејство и да стапат во сила по полноправното членство на Македонија во Европската Унија. Бугари во устав без гаранции нема да се случат. Тоа се нашите црвени линии и од нив нема да отстапиме.“ истакна Димитриевски.

Движење ЗНАМ ќе продолжи да работи со истата определба со која ја презеде одговорноста пред граѓаните, да ги менува работите, да ги зајакнува институциите и да ги исполнува преземените обврски. Отчетноста не е само осврт на сработеното, туку и обврска за она што следува, бидејќи довербата на граѓаните се оправдува со дела, а не со зборови.

Центар за комуникации и аналитика

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателот на Парагвај е уапсен и отстранет од функцијата поради финансиска криза

Сантијаго Пења, претседателот на Парагвај, беше отстранет од функцијата и уапсен, само неколку дена по пропаѓањето на голема банка во јужноамериканската нација, што остави милиони луѓе без пристап до нивните заштеди.

Претседателот на Парагвај е уапсен и отстранет од функцијата поради финансиска криза

Пења е под кривична истрага поради неговата врска со банката Уено и неговото справување со кризата. Тој беше приведен и затворен во својот дом во Асунсион, главниот град, во петокот, неколку часа откако властите издадоа налози за апсење за него и поранешниот претседател на Централната банка, Карлос Карваљо, под обвинение за злоупотреба на нивните позиции.

Потпретседателот на Пења, Педро Алијана, положи заклетва како привремен претседател додека Парагвај не одржи избори во 2028 година. Зборувајќи пред пратениците во петокот вечерта откако го облече претседателскиот појас, Алијана вети дека ќе биде „цврст“ кон оние кои „се обидуваат да им ја одземат иднината“ на Парагвајците.

Имплозијата на Уено би можела да го поткопа угледот на Парагвај како економски исклучок во регион оптоварен со долгови, висока инфлација и бавен раст.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?

Дали Бугарија го даде конечниот одговор за идејата за вклучување европски претставници како посредници во дијалогот меѓу Скопје и Софија? 

Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?

Дали Бугарија го даде својот конечен одговор по предлогот европски претставници да се вклучат како посредници во дијалогот меѓу Скопје и Софија? Оваа дилема се отвори по вчерашната изјава на шефицата на бугарската дипломатија Петрова-Чамова, која како нетипични ги квалификуваше сите предлози да своевидно посредништо меѓу Македонија и Бугарија.

Според Претседателот на Институтот за демократија, Марко Трошановски, ваквата изјава е јасен индикатор дека можат „да пропадне во вода“ нашиот обид да се вклулчиу директно Брисел во дијалогот. Вели Бугарија во овој случај има многу по комотна улога и може да ја диктира динамиката и форматот на разговорите.

На сличен став е и аналитичарпт Петар Арсовски, кој смета дека и покрај ваквиот став на официјална Софија, напорите за дијалог да продолжат и ова да не предизвика никакво разочарување во Македонија.

Инаку, вчера одговорајќи на новинарско прашање, бугарскта министерка за нодворешни работи.. кажа дека Бугарија не гледа потреба од посредник во разговорите со Македонија и дека прашањата поврзани со евроинтегративниот процес веќе се утврдени на европско ниво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер