Универзална нема да се реконструира - ќе се гради нова! - Канал 5

Универзална нема да се реконструира - ќе се гради нова!

Универзална сала нема да се реконструира, туку на нејзино место ќе се гради нова сала.

Универзална нема да се реконструира - ќе се гради нова!
Нов објект наместо реконструкција на стариот е одлука на Владата поради дотраеноста на речиси 50 години старата Универзална, која не може да издржи доградба каква што е потребно, и за да се зголеми двојно капацитетот на седиштата кои сега се 1.500. Министерството за култура ќе ги почне подготовките за конкурс за идејно решение по завршување на локалните избори.
- По опсежна анализа на стручни лица и на Градежниот факултет се утврди дека реконструкција на Универзална сала нема да реши некои битни прашања околу функционалноста на објектот, администрацијата и околу армирано-бетонската конструкција на објектот. Анализите покажаа дека доколку при реконструкција се врши зголемување на количеството на челичната и бетонската конструкција, објектот не ќе може да ја прифати тежината затоа што е изграден пред 47 години. Такви дополнителни количини на арматура и бетон, според општите параметри, може да се поставуваат на објекти стари до 50 години. Освен тоа, ако се оди со реконструкција, не ќе може да се зголеми бројот на седишта во салата, кои според потребите се планира да бидат од 2.500 до 3.000, изјави министерката Елизабета Канческа-Милевска, која ја посети Универзална заедно со вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и градоначлникот на Скопје Коце Трајановски.
Со изградба на нов објект на местото на Универзална, рече таа, ќе се реши и проблемот со административниот простор на оваа јавна установа, кој при реконструкција би бил во доградба надвор од објектот. Со нова градба ќе има и решение за паркирањето, кое со нов проект ќе биде во самиот објект, а не надвор од него како што е сега и како што би останал ако се прави реконструкција. Според пресметките на проектантите, реконструкција би чинела до 11 милиони евра, а изградбата ќе биде поскапа за 20 до 30 отсто.
Министерството за култура од годинашниот буџет ќе ги покрие трошоците за конкурс и проектирање по што, на крајот на годината, се очекува тендер. Објектот ќе се гради во следните години. Рокот не е прецизиран зашто концертните сали се специфични во ентериерот поради сценската технологија и акустиката.
Вицепремиерот Зоран Ставрески изјави дека проекцијата на буџетот дозволува да се планира изградба на нов објект.
- Тоа ќе го предвидиме во буџетите за следните две-три години. Се работи за повеќегодишен проект во реализацијата и согласно фискалната стратегија и проекциите за буџетските приходи и растот на економијата во следните години, направивме детаљна анализа и оценивме дека буџетот на Република Македонија ќе има доволно средства за реализација на овој значаен, капитален проект, во функција на граѓаните на Скопје и на Република Македонија. Буџетот на МИнистерството за култура содржи пари за почеток на проектната и за подготовка на целокупната документација за оваа година. Во текот на следните години, согласно со целосната проценка, ќе направиме динамичка распределба по години, колку е потребно и колку можеме секоја година да алоцираме, со цел проектот да се реализира во најкраток можен рок, рече Ставрески.
Одлуката на Владата за изградба на нов објект за Универзална сала ја поздрави градоначланикот на Град Скопје, под чија надлежност е оваа установа од областа на културата. - Ова е многу значајно за Скопје, зашто овој објект веќе не може да ги задоволи потребите на градот за манифестации што се планираат во него, рече Трајановски.



Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 9. ноември 2026 година

Дневен хороскоп за понеделник, 9. ноември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 9. ноември 2026 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Би можеле да се најдете на малечка вага меѓу чувствата и должностите. За среќа, набргу ќе го препознаете вистинскиот пат.

Кариера

Денеска не влегувајте во расправии, а доколку може, ниту разговарајте со шефовите , зашто тие ќе мислат едно , а вие сосема друго.

Здравје и совет

Обидете се да бидете полежерни.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Некои денеска ќе ја покажат својата сентиментална нишка, а тоа малку ќе ја збуни личноста која ве сака. Таа ќе очекува да бидете поцврсти.

Кариера

Според вашите идеи би можело да се покрене еден проект , но во сето тоа има и доста заблуди.

Здравје и совет

Разделете ја реалноста од фантазијата.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Повторно ќе станете онаа позната заводлива личност , која предизвикува внимание каде и да се појави. Ќе проивлечете доста внимание на забавите што се пред вас.

Кариера

Ќе решавате мали финансиски проблеми и ќе најдете решение. Во нив ќе има и тактика и претприемништво во исто време.

Здравје и совет

Внимавајте на грлото.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Зближувањето со саканата личност дава резултати , па денеска ќе дадете се од себе така да остане.

Кариера

Малкумина ќе се решат да вложат средства во вашите напредни идеи , поради што се чувствувате по малку осамени.

Здравје и совет

Честопати сте пред своето време. Искористете ја предноста.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Колку ќе имате потреба за нежност, толку ќе имате и за грубости. Ќе бидете во подвоена состојба.

Кариера

Повеќето од работите што ќе ги преземете , ќе вродат со плод , а вие ќе имате многу причини за задоволство.

Здравје и совет

Бидете трпеливи во љубовта.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Поради празнината што ја чувствувате , ќе се трудите да бидете што пољубезни , но ќе се препознае дека тоа не е природно.

Кариера

Во договорите и преговорите ќе бидете склони на другите да им го препуштите главниот збор , дури и тогаш кога ќе бидете во право.

Здравје и совет

Искреноста е доблест.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Тешко денеска ќе го разберете партнерот зашто кон вас ќе се однесува на моменти мирно , а на моменти налутено. Подгответе се за тоа.

Кариера

Она што сте го замислиле нема да се развива според планот. Потребно е поголемо разбирање за другите и почеток на сериозна соработка.

Здравје и совет

Бидете искрени кон себеси и кон другите.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Пред вас е прекрасен ден за секој вид дружење , воспоставување на нови контакти и за ширење на хоризонтите. Искористете го тоа.

Кариера

Доколку имате работа што вклучува односи со луѓе , ќе ви биде убаво. Во другите дејности ќе барате друштво.

Здравје и совет

Почитувајте ги другите.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе ги заборавите непотребните грижи и ќе се обидете да се концентрирате на она што мора да се решава во односите. Нема веќе да се збунувате.

Кариера

Вашиот позитивен став ќе ви донесе поен повеќе во договарањето на работите. Ќе го употребите и својот шарм.

Здравје и совет

Не сте на трка . Опуштете се.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Посветеноста кон љубовните тајни ќе доведе до едно интересно откритие , кое ќе ве заинтригира.

Кариера

Во предложената работа со пријателите немојте да бидете попустливи , зашто и покрај добрите намери , ќе бидете во загуба.

Здравје и совет

Утре ќе биде сосема поинаку. Бидете трпеливи.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе се потпирате на вашето шесто чуло. Тоа ќе ве поттикнува за подобро да соработувате со другата страна.

Кариера

Ништо нема да ви биде премногу, нити премалку. Токму вие ќе бидете онаа личност , која работите ќе ги доведете во рамнотежа.

Здравје и совет

Понекогаш ви е од се преку глава. Поминете го денот осамени.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Пред вас е квалитетен ден во кој ќе ги игнорирате повремените мали нервози и со љубов ќе ги победувате.

Кариера

На цврстите темели вие почнувате да развивате нов долгорочен план на дејности кои имаат иднина.

Здравје и совет

Ја одржувате добрата форма.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Љубомир Гајдов вечерва во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гостин ќе биде Љубомир Гајдов

 Љубомир Гајдов вечерва во „Само вистина“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Слаѓана Тасева

Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Слаѓана Тасева

„На кавга со Иван“ - Слаѓана Тасева

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер