КултураУникатни спортски предмети на Изложбата за животот и кариерата на Паоло Роси и легендите Уникатни спортски предмети на Изложбата за животот и кариерата на Паоло Роси и легендите на фудбалот во Скопје. Голем број уникатни предмети меѓу нив и Златната топка за најдобар играч на Мундијалот во Шпанија 1982 година и копачките со кои го постигна хет-трикот на натпреварот против Бразил кои му припаѓале на златното момче на италијанскиот фудбал Паоло Роси како и на повеќе меѓународни спортски фудбалски легенди - како Марадона, Пеле, Алфредо ди Стефано, се презентирани на изложбата што од денеска е отворена во мултимедијалниот центар Мала станица во Скопје. Поставката со наслов „Паоло Роси - златното момче и легендите на фудбалот“, доаѓа во главниот град во земјава по големиот успех на гостувањата во Рим, Милано, Фиренца, Торино, Тренто, Римини, Болоња, Венеција, Цирих и во регионот после Белград и Тирана Овој исклучителен меѓународен изложбен настан во организација на Амбасадата на Италија во земјава, Италијанскиот институт за култура во Белград и ФФМ, е посветен на херојот од Мундијалот во Шпанија од 1982, на кој победи Италија, како и на други познати шампиони од целиот свет. На церемонијата на сечењето на лентата присуствуваа премиерот Талат Џафери, италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри, Федерика Капелети сопруга на Паоло Роси и претседател на Федерацијата на италијанскиот женски фудбал и координаторот на проектот Мухарем Салиху. Гостин на изложбата бешпе и Џанлука Ѕамброта италијанскиот репрезентативец кој беше дел од СП во Германија во 2006 година кога Италија го освои Мундијалот. -Иако спортот и уметноста можеби се чинат сосема различни категории она што ги поврзува е самата суштина, односно содржината со која го осмислуваат и облагородуваат животот. Спортот и уметноста се двбата најуниверзални јазици што ги имаме. Тие ни овозможуваат да се изразиме физички, емоционално па дури и интелектуално овозможувајќи да се поврземе и да функционираме едни со други низ целиот свет преминувајќи ги границите, културите, јазиците и генерациите, рече директорката на Националната галерија Дита Керими Старова. Марко Скембри директорот на изложбата потенцира дека фудбалот за Италијаните не е само страст туку и начин на живот, а поставката е можност да се запознаеме со животот на Роси и неговата кариера од самите почетоци до најголемите успеси. Изложбата е нагласи, и единствена можност за љубителите на фудбалот од младите до највозрасните да видат предмети како дресот на Лео Меси и фурбалската топка од финалето на СП во Катар во 2022 година. Италијанскиот амбасадор Силвестри истакна дека Роси има посебно место во историјата на Италија, бидејќи со победата на СП во Шпанија ја обедини нацијата со „сините“ во посебен момент за земјата која тогаш излегуваше од годините на тероризмот. Тој ја потенцира и важноста на спортската дипломатија и нагласи дека оваа изложба е и одличен начин да се прослават 30 години на дипломатски односи меѓу Италија и Македонија. За што е посветена и една книга која може да се симне од веб страницата на Амбасадата. -Тоа се 30 години на дипломски односи не само институционални, туку и односи на вистинско пријателство меѓу народите во кое и спортот, фудбалот има голема улога. Знам дека многу Македонци имаат опмилена италијанска екипа. Тука се и Горан Пандев, кој целата своја фудбалска кариера ја помина во Италија, Елиф Елмас, Александар Трајковски, рече меѓу другото амбасадорот Силвестри. Сопругата на Роси, Капелети изрази задоволство од можноста со изложбата да посети нови земји, чија цел е потенцира да ги промовира вредностите и принципите на Роси кој претствува модел за младите генерации - пријателството, мирот и хуманоста. Во изложбениот простор во Мала станица хронолошки се прикажани фотографии кои го следат животот и кариерата на Паоло, низ една иновативна поставка која цели да создаде патување од почетокот на неговата кариера се’ до целото наследство што му го остава на светскиот фудбал. Посетители можат да погледнат преку 500 уникатни предмети, изложени на панели, штампи, банери, монитори, табли, вклучувајќи ги и најважните негови трофеи изложени во витрини: Златната топка од 1982 доделена од списанието Франс Фудбал, Златната копачка за најдобар стрелец од мундијалот во Шпанија 1982, Златната топка за најдобар играч на мундијалот во Шпанија 1982, Неговиот дрес од финалето на мундијалот во Шпанија 1982 и копачките со кои го постигна хет-трикот на натпреварот против Бразил. На изложбата ќе може да се види еден проект за виртуелна реалност кој на посетителите ќе им овозможи повторно да ги доживеат трите гола на Роси постигнати против Бразил седејќи на трибините на стариот стадион Сариа во Барселона. Во изложбениот простор, ексклузивно во Скопје, ќе може да се види и дресот што го носеше Лионел Меси во финалето на ФИФА Светскиот куп во Катар 2022, Аргентина – Франција, и една од официјалните топки од овој натпревар, како и простор посветен на легендите од историјата на меѓународниот фудбал. Благодарение на Музејот на ФИФА и некои од најважните колекционери во светот, изложени се и низа уникатни предмети како што се: дресови, копачки, тренерки, топки, фотографии, документи, трофеи и медали кои им припаѓаат на најголемите легенди на светскиот фудбал, вклучувајќи ги и дресовите на сите 47 добитници на Златната топка од 1956 година до денес. При посетата на изложбата ќе може да се видат предмети кои им припаѓале на: Марадона, Пеле, Алфредо ди Стефано, Герд Милер, Џузепе Меаца, Сандро Мацола, Боби Чарлтон, Џорџ Бест, Фалкао, Лав Јашин, Ференц Пушкаш, Франц Бекенбауер, Јохан Кројф, Еузебио, Дино Ѕоф, Христо Стоичков, Лотар Матеус, Мишел Платини, Роберто Баџо, Франко Барези, Марко Ван Бастен, Роналдо, Зинедин Зидан, Луис Фиго, Лионел Меси, Нејмар, Кристијано Роналдо, Златан Ибрахимовиќ, Џанлуиџи Буфон, Франческо Тоти, Андреа Пирло, Килијан Мбапе, Ерлинг Халанд, Лука Модриќ и многу други. Изложбата е отворена до 21 април, влезот е слободен. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизНовата снимка од Мараја Кери предизвика загриженост, фановите коментираатСнимка од Мараја Кери во Бразил предизвика загриженост кај нејзините обожаватели. На социјалните мрежи, луѓето почнаа да се прашуваат дали сè е во ред со 57-годишната пејачка, откако видео од нејзино јавно појавување покажа дека таа се движи малку нестабилно додека излегува од автомобил. За време на престојот во Бразил, пејачката делеше автограми и се фотографираше со фановите кои се собраа да ја поздрават, држејќи транспаренти. Иако изгледаше добро расположена, некои гледачи забележаа дека ѝ треперат рацете и дека чекори несигурно. Снимката беше објавена на „TikTok“. Фановите се прашуваат дали сè е во ред „Дали треба да се грижиме?“ – праша еден корисник на „TikTok“. „Изгледа како да чувствува болка“, напиша друг, додека трет ѝ посака добро здравје на пејачката: „Се молам за неа и ѝ испраќам убави желби на нашата Божиќна кралица“. Сепак, не сите ја протолкуваа оваа ситуација како причина за загриженост. Некои укажаа на конкретните услови во кои се движеше пејачката: врнеше дожд, теренот беше закосен, а Кери носеше високи потпетици. „Како прво, врне дожд. Второ, теренот е закосен. Трето, таа носи високи потпетици. Четврто, не сака да падне“, напиша еден корисник. На снимката се гледа и како нејзиниот асистент ја држи околу половината додека таа поминува покрај фановите. Засега нема информации кои укажуваат на тоа дека Мараја Кери има некакви здравствени проблеми, а самата снимка не е доволна за да се донесе таков заклучок.Тагови: Мараја Кери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Технологија„Microsoft“ и големиот прекин – што навистина се случи?Услугите на „Microsoft“ конечно работат правилно по повеќе од 24 часа –што навистина тргна наопаку?„Microsoft“ го реши големиот проблем што предизвика повеќе од 24 часа застој на „Microsoft 365“, тоа предизвика сериозни прекини во работењето на бизнисите и владините агенции низ целиот свет. Проблемите започнаа на 12 ноември околу 17:17 часот по средноевропско време, кога услугата „Exchange Online“ падна. Малку повеќе од два часа подоцна, проблемите се проширија на остатокот од платформата „Microsoft 365“. Што го предизвика тоа? „Microsoft“ првично се сомневаше дека невообичаено големиот сообраќај е причина за проблемите. Сепак, последователната истрага покажа дека неколку серверски системи неочекувано престанаа да работат, оставајќи ги преостанатите сервери неспособни да се справат со зголеменото оптоварување. Обидите за рестартирање на серверите беа неуспешни, бидејќи тие повторно престанаа да реагираат откако се врати сообраќајот. Компанијата на крајот утврди дека проблемот е поврзан со претходно надградување на капацитетот на мрежата, предизвикано од последователна промена во мрежната инфраструктура. Потоа инженерите применија поправка на компонента одговорна за автентикација и насочување на сообраќајот. Обновувањето беше спроведено постепено, со обработка на заостанати е-пораки. „Microsoft“ нагласи дека нема докази за злонамерна активност и дека вештачката интелигенција не е причина за проблемот. Кој беше засегнат? Покрај „Outlook“ и „Exchange Online“, прекините влијаеја на календарите на „Teams“, закажувањето состаноци, „Copilot“, „SharePoint“ и „Intune“. Некои функции продолжија да работат за време на прекинот. Влијанието се почувствува надвор од технолошкиот сектор. Националната здравствена служба на Велика Британија (NHS) мораше да се потпре на алтернативни системи, додека индиските авиокомпании „Air India“, „IndiGo“ и „Akasa Air“ пријавија проблеми со поддршката за е-пошта. Проблемите влијаеја и на финансиските институции. Една тајванска компанија дури мораше да користи факс за да ги потврди трансакциите со акции. Според „Downdetector“, имало повеќе од 7,4 милиони пријави за проблеми низ целиот свет. Сепак, овој број не го претставува вкупниот број на индивидуални корисници погодени од прекинот. Извор: Б92Тагови: Microsoft Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаФранција на нозе: 200.000 луѓе на улицитеФранцуската полиција уапси 121 лице за време на протестите одржани низ целата земја, објави француското Министерство за внатрешни работи.Според Министерството, околу 106.000 луѓе учествувале во демонстрациите, додека синдикатите проценуваат дека околу 200.000 граѓани се собрале на улиците. 22 лица се приведени во Париз, вклучувајќи тројца малолетници. Апсењата се главно за носење оружје од категорија Д, навреди и кршење на забраните за посетување одредени места или учество во демонстрации, објавува „BFMTV“. Според полициските податоци, околу 24.000 луѓе протестираа во француската престолнина, додека младинските синдикати проценуваат дека на улиците имало близу 100.000 демонстранти. Низ цела Франција се одржаа повеќе од 60 протестни собири. Во Париз истовремено се одржаа три одделни демонстрации - против предлог-закон за претпоставка за легална употреба на оружје од страна на безбедносните сили, меѓународен марш против насилството врз децата и протест на движењето „Жолти елеци“ против зголемувањето на трошоците за живот. Тензии беа пријавени во Париз, Бордо, Нант, Лион и Руан. На Плоштадот на нацијата во Париз, полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата, што предизвика први знаци на паника кај демонстрантите. Во Нант, полицијата употреби водени топови, додека во Бордо беа пријавени судири за време на кои некои демонстранти фрлаа предмети кон полицијата. Во Тулуз, според организаторите, протестираа 6.000 луѓе, додека полицијата соопшти дека имало 1.800. Собирот помина без инциденти. The Protests in France are Massive https://t.co/CefTcDvpqL — Ryan Rozbiani (@RyanRozbiani) November 14, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00