Општина Ѓорче Петров со акција за расчистување и уредување на просторот кај детското игралиште во Дексион
1Општина Ѓорче Петров со акција за расчистување и уредување на просторот кај детското игралиште во Дексион
2Тензии во Ал Наср. Постекоглу го замени бесниот Роналдо и го пресвртна резултатот од негатива од 0–2
СветУНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан Повеќе од 370.000 деца во Либан биле принудени да ги напуштат своите домови за само три недели од почетокот на засилените израелски напади и наредбите за масовна евакуација, соопштија денес Обединетите нации.Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах, милитантна група од земјата, го нападна Израел како одговор на неговиот напад врз Иран. Израелските сили им наредија на Либанците да ги напуштат своите домови во област што опфаќа околу 15 проценти од територијата на земјата, вклучувајќи го и целиот југ. Илјадници деца се раселуваат секој ден Претставникот на УНИЦЕФ во Либан, Марколуиџи Корси, рече дека обемот на раселувањето е „зачудувачки“, со 19.000 деца принудени да ги напуштат своите домови секој ден. Многу од нив се раселуваат по втор или трет пат, по години конфликт. „Менталната и емоционалната исцрпеност што ги оптоварува децата во Либан е катастрофална“, рече Корси во соопштението од Бејрут. „Луѓето повеќе немаат безбедно место каде да одат“, рече тој. Според податоците на УНИЦЕФ, од почетокот на најновата ескалација, најмалку 121 дете починало, додека 399 се ранети. Училиштата се претвориле во засолништа, образованието е прекинато Многу цивили се соочуваат со небезбедни услови за живот во повеќе од 660 колективни засолништа, претежно сместени во училишта, пишува Ројтерс. Поради ова, образованието на повеќе од 150 илјади ученици е прекинато, изјави Каролина Линдхолм Билинг, претставничка на УНХЦР, агенцијата на ОН за бегалци, во Либан. Службениците на ОН, исто така, предупредија дека израелските напади погодиле области претходно означени како засолништа и дека наредбите за евакуација често се испраќале среде ноќ.Тагови: деца Либан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53 Одбележување на роденденот на Мајка Тереза11:05Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце09:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
МакедонијаОпштина Ѓорче Петров со акција за расчистување и уредување на просторот кај детското игралиште во ДексионОпштина Ѓорче Петров, во соработка со Центарот за климатски промени, денеска започна акција за расчистување и уредување на просторот околу детското игралиште во населбата ДексионОпштина Ѓорче Петров, во соработка со Центарот за климатски промени, денеска започна акција за расчистување и уредување на просторот околу детското игралиште во населбата Дексион, во непосредна близина на новата детска градинка која е во фаза на изградба. Во рамки на акцијата „Clean up session“ беше расчистен просторот околу игралиштето и беа обновени постојните клупи. Во следниот период ќе продолжат активностите со обновување на корпите за отпадоци и реквизитите на детското игралиште, како и со отстранување на преостанатите гранки и отпад од локацијата. Целта на активноста е просторот повторно целосно да ја добие својата првична намена - безбедно, чисто и уредено место за игра и престој на најмладите, но и преку заеднички акции да се подигне јавната свест за значењето на чистата животна средина и одговорното однесување кон јавните површини. Во денешната акција се вклучија и претставници и активисти од ЈЗУ Геријатрија, ООУ „Ѓорче Петров“, компаниите „Троцкенбауер“ и „Вардар Градба“, Комуналниот пункт на Општина Ѓорче Петров, како и вработени во општинската администрација. Дополнително, во текот на месец октомври на оваа локација ќе бидат засадени и нови садници, обезбедени како донација од Центарот за климатски промени во вредност од 9.000 денари, со што просторот ќе биде збогатен со ново зеленило. Ваквите заеднички активности ќе продолжат и во иднина, со цел уредување на јавните површини, создавање поквалитетна животна средина и поголемо вклучување на заедницата во грижата за просторот во кој живее. Денешната активност се спроведува во рамки на проектот „Младите и жените - двигатели на транзицијата кон одржливо управување со отпадот во руралните средини“ (WeLEADRural), како дел од BOOST Balkans, поддржан од ALDA - European Association for Local Democracy и ALDA Balkans, преку AFD - Agence Française de Développement.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче: Кој гарантира дека земјоделците нема да останат без вода заради дата-центрите?Филипче посочи дека станува збор за центри кои за својата работа користат огромни количества вода.Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска на прес-конференција предупреди на сериозните ризици што изградбата на дата-центри кои владата на Мицкоски ги тука нетранспарентно и „под радарот“ може да ги предизвика врз водата, земјоделството и ценатата на струјата. Филипче посочи дека станува збор за центри кои за својата работа користат огромни количества вода, која дополнително се загрева, и праша кој ќе гарантира дека поради нивното работење земјоделците нема да останат без вода. „Дали тоа значи дека огромната количина на вода која што ќе ја користат дата-центрите, кои што Организираната криминална група на ВМРО сака да ги прави кај нас, ќе ги остави нашите полиња и земјоделците без водоснабдување? Дали тоа значи дека ова целосно запоставување на земјоделскиот сектор дополнително ќе претрпи удар поради тоа што водата ќе биде пренасочена за ладење на таканаречените дата-центри?“, рече Филипче. Тој предупреди дека земјоделците веќе се соочуваат со сериозни проблеми поради неисплатени субвенции и ниски откупни цени, а сега се отвора и прашањето дали ќе биде доведено во прашање водоснабдувањето на земјоделските површини. „Дали земјоделците, покрај овој удар кој што сега го доживуваат и некако преживуваат, многу тешко, од страна на оваа власт, со неисплаќање на субвенции и со ниски откупни цени, ќе се соочат и со тоа да е компромитирано целосно водоснабдувањето?“, праша Филипче. Освен за водата, Филипче отвори прашања и за огромната потрошувачка на електрична енергија од дата-центрите и можните последици врз цената на струјата и потребата од дополнителен увоз. „Зарем не е легитимно прашањето што ќе се случи со капацитетот за водоснабдување на сите полиња на земјоделците кога ќе се изгради дата-центар? Зарем не е легитимно прашањето што Македонија ќе прави со струјата која што во еден дел целосно ќе биде искористена од тие дата-центри, затоа што тие трошат многу струја? Понатаму, што ќе се случи со цената на струјата?“, рече Филипче. Тој праша и дали огромната потрошувачка на електрична енергија може да го ограничи идниот индустриски развој во областите каде што би се граделе вакви центри. „Дали тоа големо искористување ќе ја поскапи? Дали тоа значи дека ќе има дополнителен увоз? Дали тоа значи дека нема да има капацитет за ништо друго да се направи во околина на дата-центрите поради тоа што тие користат многу струја? На пример, ќе може ли во околина на некој дата-центар да се изгради фабрика? И дали воопшто ќе има струја за тие фабрики?“, рече претседателот на СДСМ. Филипче предупреди и на влијанието врз животната средина, особено на прашањето каде ќе завршува загреаната вода што ја користат дата-центрите и какви последици може да има тоа врз реките и биодиверзитетот. Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотЗеленски на Маск му доделил украинскиот Орден на слободата Претседателот на Украина, Володимир Зеленски му го додели на американскиот милијардер и извршен директор на SpaceX, Илон Маск, Украинскиот орден на слободата, кој беше објавен со претседателски декрет. Киев истовремено бара согласност од Маск за користење на Starlink на беспилотни летала што работат во Русија. Зеленски ги наведе „придонесите на Маск во заштитата на човечкиот живот и слободата и развојот на односите меѓу народите на Украина и САД“ како причина за доделувањето на наградата. Наградата доаѓа во време кога Украина се стреми да ја прошири употребата на беспилотни летала опремени со Starlink против руските лансери за балистички ракети. Киев се надева дека технологијата би можела да помогне во нарушувањето на способноста на Русија да напаѓа украински градови. Според Зеленски, поширокиот пристап до „Старлинк“ (Starlink) за Украина би можел да ги намали „токму оние способности на кои Русија се потпира за да ја одолговлекува војната“. Маск и понатаму се воздржува од дозволување терминалите на „Старлинк“ да функционираат над руска територија. Лице запознаено со ситуацијата изјави за порталот „Киев индепендент“ (Kyiv Independent) дека Маск смета оти тоа би претставувало „ескалација“ на војната. „Старлинк“ овозможува брза комуникација меѓу украинските борбени позиции и командните пунктови. Кога системот се користи на беспилотни летала, тој може да обезбеди врска што тешко се попречува и не е ограничена од можностите на традиционалните радио-антени. Украинските сили сè почесто користат беспилотни летала опремени со „Старлинк“ над териториите окупирани од Русија, особено на растојанија од 50 до 200 километри од линијата на фронтот. Со овие летала, тие ги напаѓаат руските логистички правци во областите каде што Киев ја интензивираше својата офанзивна кампања.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter