УНИЦЕФ го поздравува усвојувањето нови насоки за заштита на децата од загадувањето на воздухот - Канал 5

УНИЦЕФ го поздравува усвојувањето нови насоки за заштита на децата од загадувањето на воздухот

УНИЦЕФ го поздравува неодамнешното усвојување на сеопфатни протоколи насочени кон подобрување на квалитетот на воздухот во училиштата, како и јасни препораки за акција во услови на зголемено загадување на воздухот. 

УНИЦЕФ го поздравува усвојувањето нови насоки за заштита на децата од загадувањето на воздухот

Прифаќањето на овие препораки следи по неодамнешното усогласување на националниот индекс за квалитет на воздухот со Европскиот индекс за квалитет на воздухот и доаѓа во критично време, бидејќи нивото на загадување на воздухот во Скопје и другите региони и понатаму претставува сериозен ризик за здравјето, особено за децата.

Новите препораки за постапување при амбиентално загадување на воздухот, како што се наведува во соопштението од УНИЦЕФ, обезбедуваат јасни насоки што се применуваат според тековниот квалитет на воздухот.

-Во денови кога квалитетот на воздухот е добар, се препорачува училиштата да организираат повеќе активности на отворено, како што се спортот и рекреацијата и да користат природна вентилација преку често отворање на прозорците. Во денови кога квалитетот на воздухот се влошува и достигнува лоши, многу лоши или екстремно лоши нивоа, протоколите советуваат сите активности на отворено и физички интензивни активности да се преместат во затворен простор или да се откажат. Училиштата треба да ги затворат надворешните врати и прозорци, доколку е можно да користат прочистувачи на воздух и да ги следат учениците за симптоми поврзани со загадувањето на воздухот (како што се главоболка, отежнато дишење, кашлица, мачнина и иритација на очите, носот и грлото), а по потреба да ги информираат родителите. Во случаи на ненадејни настани со загадување или кога податоците од мониторингот не се достапни, се препорачува училиштата да постапат проактивно за да ја минимизираат изложеноста и да го заштитат здравјето на децата и персоналот, се наведува во соопштението.

Придружните Насоки за добри практики за подобрување на квалитетот на воздухот во затворен простор во училиштата утврдуваат практични мерки за намалување на изложеноста на загадувачи. Тие ја нагласуваат соодветната вентилација, употребата на средства за чистење со ниска токсичност, влажно чистење за да се намали прашината, редовна употреба и одржување на прочистувачите на воздух и користење на подлогите за бришење нозе на влезот. Протоколот, исто така, промовира зелени бариери како живи огради, собни растенија и ограничување на сообраќајот и работењето на моторите на возилата во место во близина на влезовите на училиштата.

Насоките за училиштата, како што се наведува во соопштението,се изработени од Министерството за образование и наука во соработка со Министерството за здравство, Министерството за животна средина и просторно планирање и други партнери, со поддршка од Обединетите нации. Тие ги одразуваат Политиките и препораките на УНИЦЕФ за заштита на децата од штетните ефекти на загадувањето на воздухот и неговото влијание врз здравјето на децата во рамките на националните процеси на планирање и донесување одлуки.

Овие мерки помагаат да се даде приоритет на загадувањето на воздухот и неговото влијание врз здравјето на децата во Националните определени придонеси (NDC), Националните планови за адаптација, националните и локалните планови за квалитет на воздухот и националните здравствени планови. За дополнителни информации за тоа како семејствата можат да ги заштитат децата од загадувањето на воздухот, погледнете: Што е загадување на воздухот и како да го заштитите вашето семејство од него.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Преговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници?

Има напредок во преговорите меѓу Русија и Украина, нов состанок е веќе закажан, а европски претставници би треало да се вклучат во преговорите веќе од наредниот состанок.

Преговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници?

Изјавија двајцата американски медијатори - Стив Виткоф и Џеред Кушнер. Според најавите, следната рунда преговори би можеле да се оддржат во рок од две недели, меѓутоа учество на Европа засега не е потврдено од ниту еден европски претставник.

Вчера, на состанокот на Европската политичка заедница, дел од европските лидери се спротиставија на барањето на Русија безбедносната архитектура на Европа да се дискутира како дел од мировните преговори за Украина.

Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека безбедноста на Европа ќе се одлучува во Европа, додека пак, високиот претставник на ЕУ – Каја Калас посочи дека постои редослед на дипломатскиот процес – прво прекин на огнот во Украина па мировно решение, а во последната фаза би можело да се дискутира за пост-воената европска безбедносна архитектура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември

На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. 

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември

По повод празникот, предвидено е положување цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на заслужните граѓани на гробот на генералот Михајло Апостолски на гробиштата во Бутел, како и пред споменикот на Ослободителите на Скопје пред зградата на Владата.

Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот на ослободувањето на градот во Втората светска војна .

Од Град Скопје информираат дека вечерва во Македонската опера и балет ќе се одржи свеченото доделување на наградата „13 Ноември“.

На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. Во ослободителните операции учествувале 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада, кои по неколкудневни жестоки борби влегле во градот.

Борбите се воделе на повеќе локации низ Скопје, меѓу кои на улицата „Илинденска“, кај Главната пошта, Офицерскиот дом, Народната банка и Старата железничка станица. Македонските борци ја спасиле хидроцентралата „Матка“ од уништување, додека граѓани учествувале во одбраната на Камениот мост од минирање.

Во борбите за ослободување на Скопје загинале повеќе од 420 борци, а за време на целата Втора светска војна животот го загубиле околу 4.600 скопјани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во Железничар

Во здравствениот дом Железничар денеска ќе има бесплатни тестирања за рак на простата.

Бесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во Железничар

Бесплатниот скрининг е наменет за мажи над 45 години и ќе се спроведува во рамки на кампањата „Мовембер“ односно ноември - месец за подигнување на свеста за машкото здравје. Бесплатните прегледи ќе се одвиваат од 13 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер