УНИЦЕФ: 90 отсто од децата во Појасот Газа немаат доволно храна за здрав развој - Канал 5

УНИЦЕФ: 90 отсто од децата во Појасот Газа немаат доволно храна за здрав развој

УНИЦЕФ соопшти дека девет од десет деца во Газа не можат да јадат доволно хранливи материи од групите намирници за да обезбедат здрав раст и развој.

УНИЦЕФ: 90 отсто од децата во Појасот Газа немаат доволно храна за здрав развој

- Во Појасот Газа, повеќемесечните насилства и ограничувањата на испораките на хуманитарна помош ги урнаа системите за храна и здравство, што резултираше со катастрофални последици за децата и нивните семејства, соопшти УНИЦЕФ.

Тие објаснуваат дека пет групи на податоци собрани меѓу декември 2023 и април 2024 година покажале дека 9 од 10 деца во Појасот Газа, кој е под израелска офанзива од октомври минатата година, страдаат од сериозен недостиг на храна, што значи дека преживуваат со најмногу две групи на храна дневно.

- Ова е доказ за страшното влијание што овој конфликт и намалувањето на помошта го имаат врз способноста на семејствата да ги задоволат потребите за храна на децата, како и брзината со која оваа ситуација ги става децата во ризик од неухранетост опасен по живот, предупредува УНИЦЕФ.

За да се исполни минималната разновидност во исхраната за здрав развој, децата мора да консумираат намирници од најмалку пет од осумте групи на храна дефинирани со оценката за нутритивна разновидност што го користат УНИЦЕФ и Светската здравствена организација (СЗО).

Тие вклучуваат мајчино млеко, јајца, млечни производи и месо, живина и риба, меѓу другите групи.

УНИЦЕФ соопшти дека на глобално ниво, 27 отсто од децата во раното детство живеат во сериозен недостиг на храна погодна за децата, што е 181 милион деца на возраст под пет години.

Фото: УНИЦЕФ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вечерва Бела ноќ во Скопје

Вечерва од 19:00 до 03:00 часот, плоштадите, мостовите, галериите, музеите и чаршијата ќе бидат места за нови доживувања и средби што се паметат.

Вечерва Бела ноќ во Скопје

- Има ноќи во кои градот се доживува поинаку. Ноќи во кои улиците стануваат сцена, уметноста ни доаѓа во пресрет, а музиката нè спојува. Скопје повторно ќе живее една таква ноќ, нашата Бела ноќ! Ве поканувам заедно да го исполниме Скопје со љубопитност, насмевки и енергија и да ја почувствуваме неговата креативна сила – истакна Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Само за „Бела ноќ“, работното време на угостителските објекти на подрачјето на Град Скопје се продолжува за два часа, за дружењето и убавата атмосфера да траат подолго.

За сите полесно да бидат дел од оваа ноќ, превозот со ЈСП ќе биде бесплатен од 18:00 часот на 3 октомври до 05:00 часот на 4 октомври.

Во рамките на „Бела ноќ“, бесплатен ќе биде и влезот во Зоолошката градина Скопје.

Уметноста ве очекува на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ, во МКЦ, на Мостот на уметноста, на Боемска улица и во Старата скопска чаршија.

Дел од оваа ноќ ќе бидат и Музејот на Град Скопје, „Аудио Култура“, Домот на градежници, „Мала станица“, ДКЦ „Карпош“, Градската библиотека, Чифте амам, улицата „Македонија“ и Музејот на современа уметност.

Излезете со семејството, повикајте ги пријателите и одберете ја својата прва станица. Дозволете му на Скопје да ве изненади со нешто што досега не сте го виделе, слушнале или почувствувале.

Бела ноќ е покана за сите генерации, за сите што го сакаат овој град и за сите што допрва ќе го доживеат.

Да ги наполниме улиците со живот и да создадеме уште еден убав спомен за нашето Скопје!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на увид на градежни активности на мостот на улица „Љубљанска“ во Карпош

Претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на мостот во изградба на улица „Љубљанска“ во Општина Карпош.

Мицкоски на увид на градежни активности на мостот на улица „Љубљанска“ во Карпош

По завршување на увидот предвидено е премиерот да даде изјава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“

Вечерва  со почеток од 20:45 часот ќе се одржи фудбалски натпревар од Лига на нации помеѓу репрезентациите на Македонија и Шкотска на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“

Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

Апел до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер