Унгарските пратеници се откажаа од 40 проценти од нивните плати - Канал 5

Унгарските пратеници се откажаа од 40 проценти од нивните плати

Унгарските пратеници се согласија со 40-процентно намалување на нивните плати, со цел да се намали притисокот врз јавните финансии и да се покаже политичка одговорност.

Унгарските пратеници се откажаа од 40 проценти од нивните плати

Одлуката беше донесена со акламација, односно за неа гласаа сите 189 присутни пратеници на седницата на парламентот. Од следниот месец нивната основната бруто плата ќе изнесува 3.690 евра. Според владејачкото мнозинство, заштедите од мерката ќе ги покријат годишните трошоци за функционирање на парламентот. Со мерката се укинува и надоместокот за мобилни телефони, а се намалуваат и парламентарните додатоци за канцеларии, станови и персонал. Новоизбраниот премиер Петер Маѓар ја поврза реформата со мерките за фискална дисциплина и борба против корупцијата во Унгарија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Апелација ја потврди едногодишната казна затвор за Стевчо Јакимовски за бесправно градење

Скопска апелација ја потврди едногодишната затворска казна за ексградоначалникот на општина Карпош Стевче Јакимовски во предметот поврзан со издрагбата на општинската зграда.

Апелација ја потврди едногодишната казна затвор за Стевчо Јакимовски за бесправно градење

Како што информираа од судот постапувајќи по жалбите на обвинетите и надлежниот јавен обивнител донесена била второстепена пресуда со која е потврдена првостепената одлука за ктивичното дело бесправно градење за кое на Јакимовски му е изрежена казна затвор во времетраење од 1 година. Во изречената казна ќе му биде пресемтано и времето поминато во куќен притвот во перидот од 10 ти март до 15 август 2019 година, што значи дека Јакимовски ќе треба да одлежи затворска казна од уште 7 месеци.

Дополнително Апелација ја уважи жалбата на Јакимовски во делот што се однесува на обивнението за злоупотреба на службената положба и овластување и во тој дел предметот се враќа на повторно судење.

„Во однос на кривичното дело – Злоупотреба на службена положба и овластување жалбата на обвинетиот е уважена и предметот, само во тој дел се враќа на повторно судење. Во однос на ова кривично дело, со оглед да истото е сторено во период од 2011 година до 2017 – та година, предвидената казна е од три до пет години, па согласно одредбите за застарување истото би застарело во 2027 – ма година. “-Основен кривичен суд Скопје

Јакимовски веднаш по објавата на пресудата на пресконференција рече дека според него станува збор за политичка пресуда со која тој се спречува да се кандидира доколку би имало наскоро повторни избори во општина Карпош.

„Јас се надевам дека Врховниот суд е тој што ќе заземе праведен став и ќе ги отсрани овие недостатоци на оваа очигледно политичка пресуда што е направена. За ова што ме товарат исто така имаат и два фалификата за кои што го известив и судот употребивме и вештачи но не им го дадао предметот да увидат кој ги направил. Ги искористија и фалсификатите за оваа пресуда. Во моментов не е битно дали си виновен туку да бидам осуден а тоа е да бидам спречен да се кандидирам на повторните избори во општина Карпош.“- Стевче Јакимовски – екс градоначалник на О.Карпош

Дополнително од судот велат дека предметот во однос на укинатиот дел ќе биде распределен на понатамошно судење кај нов судија со оглед да судијата кој досега постапуваше не е во одделот за организиран криминал и корупција, а во однос на потврдената затворска казна ќе биде доставен на понатамошно постапување кај судија за извршување санкција.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација на очиглед на институциите?

Сите интитуции знаеле, но татко и ќерка со години успевале да им пркосат на надлежите и бесправно да стопанисуваат со уникатниот геоморфолошки локалитет „Куклица“ во Кратовско.

Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација на очиглед на институциите?

Веста дека семејство го узурпирало просторот, па дури и наплаќало влезници, предизвика бура реакции во јавноста. Случајот датира од поодамна и веќе е предмет на судска постапка. Михајло Видимлиски и снимателот Сашо Тренчев денеска тропнаа на врата на локалитетот Куклица.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јавниот долг во фокусот на собраниска работилница

Денеска, во Собранието се одржа работилница на тема „Градење на доверба во управување со јавниот долг на Република Македонија преку зголемена транспарентност и отчетност“. 

Јавниот долг во фокусот на собраниска работилница

Настанот е во организација на Канцеларијата на Светска банка во нашата држава, а учествуваа членовите на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика и Комисијата за финансирање и буџет.

Работилницата ја отвори членот на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, пратеникот Димитар Ковачевски, кој во своето воведно обраќање ја истакна важноста на темата, ги поздрави присутните учесници и изрази очекување за конструктивна и плодна дискусија.

Претставниците на Светска банка, истакнаа дека Светска банка и Владата на Швајцарија заеднички работат на прашања поврзани со јавниот долг во десет земји, меѓу кои е и нашата земја. Пратениците имаат значајна улога во креирањето политики и во справувањето со предизвиците поврзани со управувањето со јавниот долг. Притоа посочија дека, иако движењата на јавниот долг не секогаш можат целосно да се предвидат, потребно е законодавниот дом да развива сопствени капацитети и пристапи за негово следење и надзор.

Се зборуваше и за поврзаноста на јавниот долг со монетарната политика, фискалната политика и процесот на управување со долгот, нагласувајќи дека секое задолжување подразбира внимателно разгледување на трошоците, ризиците и транспарентноста.

Истакната беше и улогата на Собранието во процесот на управување со јавните финансии, имајќи предвид дека законодавниот дом го разгледува и усвојува државниот буџет, како и одлуките поврзани со ново задолжување на државата.

Транспарентноста претставува значаен елемент во процесот на управување со јавниот долг. Се нагласи дека навременото и достапното информирање на јавноста придонесува за зајакнување на довербата во институциите и за поголема отчетност во донесувањето на одлуките.

По воведните излагања, се отвори широка и конструктивна дискусија меѓу присутните, при што беа разгледани прашања поврзани со буџетот, постапката за негово донесување, издавањето еврообврзници, нивото на јавниот долг и движењето на каматните стапки. Учесниците разменија мислења и ставови за актуелните фискални и економски предизвици, со посебен акцент на влијанието на овие прашања врз економската стабилност и развојот на државата Работилницата ќе поодолжи утре согласно предвидената агенда.

*Јавниот долг е збир на државниот долг и долгот на јавните претпријатија основани од државата или од општините, општините во Градот Скопје и Градот Скопје, како и трговски друштва кои се во целосна или во доминантна сопственост на државата или на општините, за кои државата има издадено државна гаранција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер