Унгарски медиуми: Контроверзната апликација за азил на Груевски во процедура

Пребегувањето на поранешнот македонски премиер Никола Груевски во Унгарија и побараниот азил и денеска се една од топ темите во унгарските медиуми.

Главните дилеми кои ги поставуваат се како Груевски влегол во Унгарија, дали се испочитувани законските процедури, кој му помага во Будимпешта и какви ќе бидат последиците за Владата на Виктор Орбан, со кого, како што наведуваат унгарските медиуми, Груевски имал блиски пријателски врски.

„24.ху" пишува дека Груевски најверојатно влегол во Унгарија со возило од Србија, најверојатно со помош на српските власти. Тоа секако било и со знаење на унгарските погранични служби, бидејќи малку е веројатно дека некој од рангот на Груевски би можел незабележано да ја мине границата на која и од двете страни се распоредени силни погранични полициски сили. Малку е веројатно и дека Груевски дошол во Унгарија без претходно знаење на унгарските власти, наведува „24.ху".

Нема информации каде е тој во моментов. Се знае дека дошол во Будимпешта во петокот и преспал во хотел со пет ѕвездички. Канцеларијата на Орбан ги демантираше информациите дека тој се сретнал со поранешниот македонски премиер во неговата вила во Будимпешта.

Во врска со барањето политички азил, унгарските медиуми истакнуваат дека како лице кое доаѓа од земја која е оценета како безбедна, тој нема право да аплицира за азил во држава од ЕУ. Но, нагласуваат, за Груевски можеби се прави исклучок. Владата веќе потврди дека е почната процедурата во врска со неговото барање за азил. Нормално таа трае околу 60 дена, но во исклучителни случаи може да биде забрзана и до 15 дена. Законската процедура предвидува дека лицето кое бара азил додека трае одлучувањето треба да чека во транзитната зона. Унгарската Влада тоа го бара од сите бегалци кои доаѓаат на нејзина територија, но со Груевски тоа не е случај, забележува „24.ху".

Во нормални околности, невозможно е македонски граѓанин кој бега од издржување затворска казна да добие азил во Унгарија. Македонија е безбедна земја со независен правен систем, а Груевски не се гони поради политички или религиозни причини, и ако не стануваше збор за пријател на премиерот Виктор Орбан, неговата апликација сигурно би била многу брзо одбиена. Останува да се види дали причините кои ги наведува дека добивал смртни закани и оти е цел на политички прогон ќе бидат доволни за унгарските власти да поверуваат дека тој би бил загрозен ако се врати во Македонија.

Експертот за азил Марта Падави за „хунгаритудеј.ху" вели дека под нормални околности невозможно е македонски државјанин кој бега од издржување затворска казна и против кого не се води политички прогон, да добие азил во Унгарија, бидејќи доаѓа од земја која е оценета како безбедна.

Груевски со пребегувањето во Унгарија го става Орбан во незгодна ситуација. Унгарскиот премиер е пред избор дали ќе ги почитува европските правила или ќе го брани Груевски кон кого Москва искажуваше нескриени симпатии, наведуваат унгарските медиуми.

Во отстуство на официјални реакции, некои западни политичари на социјалните мрежи искажуваат став за пребегувањето на Груевски во Унгарија.

„Унгарија ги отвори своите врати за бегалци. Неверојатно...", напиша на Твитер државниот секретар за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Германија, Михаел Рот.

И европратеничката Џудит Саргентини прашува дали се променети унгарските правила за прифат на бегалци, бидејќи во случајот на Груевски не биле применети. Поранешниот македонски премиер, според неа, требало да поднесе барање за азил од транзит зоната во која престојуваат бегалците, но како што наведува унгарските власти веројатно воспоставиле „Вип процедура" за добивање азил./МИА

Ангеловска-Бежоска на средба со директорот на ММФ Камер

 Претпазливата монетарна политика и макропрудентата политика, како и зголемената транспарентност на Народната банка одиграа клучна улога во одржувањето на макроекономската стабилност. 

Во првиот квартал од оваа година, инфлацијата беше сведена на едноцифрено ниво од 3,4 проценти, девизните резерви и натаму се зголемуваат достигнувајќи ниво коешто е повисоко за 30 проценти во однос на периодот пред пандемијата, а финансиската стабилност беше дополнително зајакната.

Ова, како што информираа денеска од Народната банка, било посочено на средбата меѓу гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и директорот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за Европа, Алфред Камер, на маргините на Конференцијата од високо ниво во организација на централната банка на Словенија и ММФ, што се одржува во Порторож, Словенија.

Камер истакнал дека претпазливите политики на Народната банка биле клучни за соодветно надминување на кризниот период и важно е да се продолжи на тој начин. Ова ја нагласува важноста од зачувување на независноста на централната банка.

Гувернерката посочила дека, во период од една година, инфлацијата петкратно се намалила и се свела на пониски едноцифрени стапки, додека јазот меѓу домашната и инфлацијата во еврозоната значително се намалил.

- Истовремено, и покрај затегнувањето на монетарната политика, стабилноста на домашниот банкарски сектор беше зачувана, а истовремено беше зголемена отпорноста со преземањето на макропрудентните мерки од страна на централната банка. Во изминатите неколку кризни години, показателите покажуваат дека адекватноста на капиталот е на највисоко ниво во изминатите 17 години, додека нефункционалните кредити се блиску до историски најниското ниво. Кредитната активност, иако во еден период забави, и натаму претставува значителна поддршка за домаќинствата и за корпоративниот сектор, рекла гувернерката.

Ангеловска-Бежоска изразила благодарност до Камер за значајната поддршка што ММФ и ја дава на Народната банка во справување со неодамнешните незапаметени шокови.

Рејнолдс сам се грижел за своите четири деца еден ден: „Никој не умре, што е убаво“

Холивудскиот актер Рајан Рејнолдс откри дека еден ден се грижел за своите четири деца, кои ги има во брак со убавата Блејк Лајвли.

Водителката на „Today Show“ го прашала мегапопуларниуот актер како изгледало тоа.

- И знаеш. Самохран татко. Сè направив сам. Сите ги однесов во парк. Им кажав дека мајка им ги напуштила кога биле многу мали. Беше добро. Никој не умре, што е исто така убаво. Со четири деца едноставно преживуваш – се пошегува тој.

Инаку, Рејнолдс и Лајвли се во брак 11 години, а познати се по тоа што често се задеваат на социјалните мрежи.

Османи во Стразбур: Мултилатерализмот останува единствен ефикасен одговор кон предизвиците

Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи се обрати на 133. сесија на Комитетот на министри на Совет на Европа во Стразбур, при што ја подвлече улогата на мултилатерализмот при справување со тековните многубројни предизвици.

-Покрај сите свои пропусти, мултилатерализмот останува единствениот начин да се мобилизира колективен одговор кон војни, кризи, вонредни ситуации и неспоредливи предизвици од различна природа. Советот на Европа останува суштински столб во тој поглед. Сепак, ние, земјите-членки ја носиме одговорноста за неговата ефикасност, истакна Османи.

Според него, на 75-годишнината од постоењето, Советот на Европа со нејзините норми и стандарди придонесе за подобрување на животот на граѓаните, чување на човековите права и негување на демократијата и владеењето на правото.

Министерот го поздрави денешното усвојување на Рамковната конвенција за вештачка интелигенција, човекови права, демократија и владеење на правото, како прв меѓународен инструмент во оваа област.

-Блиската соработка со другите меѓународни организации, особено со ЕУ, ОН и ОБСЕ при решавање на заедничките проблеми е од особено значење, додаде Османи.

За време на престојот во Стразбур, Османи ќе има средби со негови колеги од различни земји.

притисни ентер